Западна Папуа (индонезиски: Papua Barat) е покраина во Индонезија што го опфаќа западниот полуостров на островот Нова Гвинеја. Ова е најмалку населената покраина во земјата и една од двете сместени во индонезиска Нова Гвинеја (заедно со покраината Папуа на исток). Пред 2007 г, покраината се нарекувала Западна Иријан Џаја (индонезиски: Irian Jaya Barat). Регионот ги опфаќа полуостровите Добреај и Бомберај, како и околните острови во состав на Раџа Ампат. Според пописот од 2010, покраината има 760.855 жители.[1]
Административен центар на покраината е Маноквари. Покраината административно е поделена на 10 намесништва (kabupaten) и еден автономен град (kota). Податоците за населението се однесуваат на 2010 година.