Прејди на содржината

Централен Калимантан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Централен Калимантан
Индонезиска покраина
Знаме на Централен КалимантанГрб на Централен Калимантан
Местоположба на Централен Калимантан во Индонезија.
Местоположба на Централен Калимантан во Индонезија.
Престолнина
и најголем град
Палангка Раја
Управа
 • ГувернерСуганто Сабран
Површина
 • Вкупна153.564,5 км2 (592,916 ми2)
Ранг2.
Население (средина на 2019)[1]
 • Вкупно2.649.803
 • Густина1,7/км2 (4,5/ми2)
Демографија[2]
 • Етнички групи46% Дајаци
22% Јаванци
21% Банџарци
3.9% Малајци
1.9% Мадурци
4.8% other
[3]
 • Вероисповед (2017)[4]70.0% Ислам
16.4% Протестантство
8.09% Хиндуизам/Кахаринган
4.56% Римокатолицизам
0.65% Будизам
0.1% други
 • Јазицииндонезиски (службен)
малајски
бугиски
дајачки
кинески (хака и чаошански)
Час. појасИндонезиско западно време (UTC+7)
ИЧР 2018 0.704 (висок)
ИЧР ранг21. во Индонезија (2018)
Мреж. местоkalteng.go.id

Централен Калимантан (индонезиски: Kalimantan Tengah), е индонезиска покраина. Таа е една од петте покраини во Калимантан, индонезискиот дел на Борнео. Престолнина на провинцијата е Палангкараја и во 2010 година неговото население било над 2,2 милиони,[5] додека 2015 година покажало пораст на 2,49 милиони и најновата официјална проценка (за средината на 2019 година) е 2.649.803.[1]

Стапката на раст на населението било скоро 3,0% на годишно ниво помеѓу 1990 и 2000 година, една од највисоките стапки на покраински раст во Индонезија за тоа време; во следната декада до 2010 година просечната годишна стапка на раст значително се намалила на околу 1,8%, но повторно се зголемила во деценијата на почетокот на 2010 година. Повеќе отколку што е случај во другите покраини во регионот, Централниот Калимантан е населен со Дајаците, домородните жители на Борнео.

Историја

[уреди | уреди извор]

Од осумнаесеттиот век, централниот регион на Калимантан и неговите жители Дајаци биле владеани од муслиманскиот султанат Банџар. По индонезиската независност по Втората светска војна, дајачките племиња барале покраина одвоена од покраината Јужен Калимантан.[6]

Во 1957 година Јужен Калимантан бил поделен за да му обезбеди на дајачкото население поголема автономија од муслиманското население во покраината. Промената била одобрена од индонезиската влада на 23 мај 1957 година според претседателскиот закон бр. 10 година 1957 година, со кој Централниот Калимантан бил прогласен за седумнаесетта покраина на Индонезија. Претседателот Сукарно го назначил дајачкиот националени јунак, Тјелик Ривут за прв гувернер и Палангкараја за главен град на покраината.[7]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1971701.936—    
1980954.353+36.0%
19901.396.486+46.3%
19951.627.453+16.5%
20001.801.965+10.7%
20051.914.900+6.3%
20102.212.089+15.5%
20152.490.178+12.6%
20192.649.803+6.4%
  1. 1,0 1,1 Badan Pusat Statistik, Jakarta, 2019.
  2. Indonesia's Population: Ethnicity and Religion in a Changing Political Landscape. Institute of Southeast Asian Studies. 2003.
  3. Aris Ananta; Evi Nurvidya Arifin; M. Sairi Hasbullah; Nur Budi Handayani; dan Agus Pramono (2015). Demography of Indonesia’s Ethnicity. Institute of Southeast Asian Studies dan BPS – Statistics Indonesia.
  4. „Provinsi Kalimantan Tengah Dalam Angka 2018“. BPS Kalimantan Tengah. Посетено на 26 мај 2020.
  5. Biro Pusat Statistik, Jakarta, 2011.
  6. Profile Central Kalimantan Province. Central Kalimantan Province Tourism and Culture Board. септември 2001.
  7. Riwut, Nila; и др. (октомври 2003). Maneser Panatau Tatu Huang. Pusaka Lima. ISBN 979-97999-1-0.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]