Калимантан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Калимантан
Kalimantan
регион
Земја Индонезија Индонезија
Покраини Централен Калимантан, Источен Калимантан, Северен Калимантан, Јужен Калимантан, Западен Калимантан
Градови Баликпапан, Банџарбару, Банџармасин, Бонтанг, Палангкараја, Понтијанак, Самаринда, Сингкаванг, Таракан, Нунукан
Највисока точка Букит Раја
 - местоположба Шванерови Планини
 - височина 2.278 м
 - координати 0°39′ ЈГШ 112°41′ ИГД / 
Површина 544.150 км²
Население 14.944.742 (2014)
Густина 27 /km² (70 /sq mi)
Часовен појас индонезиско централно време (UTC+8)
ISO 3166-2 ID-KA
Рег. таблички DA
KB
KH
KT
KU
Калимантан (бледа боја) со неговите покраини и градови во рамките на Борнео
Калимантан (бледа боја) со неговите покраини и градови во рамките на Борнео

Калимантан (индонезиски: Kalimantan) — индонезиски дел на островот Борнео,[1] кој зафаќа 73% од островот. Неиндонезискиот дел од Борнео им припаѓа на Брунеј и Источна Малезија.

На индонезиски, поимот „Калимантан“ се користи за целиот остров Борнео.[1]

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името Калимантан е изведен од санскритскиот збор каламантана што значи „остров на горештината“ поради врелата тропска клима. Се состои од поимите кал[а] (време, доба, период) и мантан[а] (вриење, горење).[2]

Површина[уреди | уреди извор]

Индонезискиот дел зафаќа 73% од островот и 69,5% (13.772.543 во 2010 г.) од населението. Неиндонезискиот дел на Борнео се состои од Брунеј (400.000) и Источна Малезија (5.625.000). Брунеј е мала земја, додека областа Источна Малезија се состои од сојузните држави Сабах и Саравак и сојузната територија Лабуан. Регионот во Индонезија се нарекува и Индонезиско Борнео.

Калимантан зафаќа вкупна површина од 544.150 км2.[3]

Управа[уреди | уреди извор]

Население во минатото
Година Нас. ±%
1971 5.154.774 —    
1980 6.723.086 +30.4%
1990 9.099.874 +35.4%
1995 10.470.843 +15.1%
2000 11.331.558 +8.2%
2005 12.541.554 +10.7%
2010 14.297.069 +14.0%
2015 15.320.017 +7.2%
извори: BPS[4]

Калимантан е поделен на пет покраини:

Покраини на Калимантан
Покраина Површина (км2) Население (2015) Густина
(жит./км2)
Админ. центар Најголем град
Западен Калимантан 147.307,00 4.783.209 32,5 Понтијанак Понтијанак
Централен Калимантан 153.564,50 2.490.178 16,2 Палангкараја Палангкараја
Јужен Калимантан 38.744,23 3.984.315 102,8 Банџармасин Банџармасин
Источен Калимантан 129.067 3.422.676* 26,5 Самаринда Самаринда
Северен Калимантан 71.176,72 639.639 8,5 Танџунг Селор Таракан
Вкупно 544.150,07 15.320.017 28
Банџармасин

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]