Малајски јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Малајски
Географска
распространетост:
Југоисточна Азија
Класификација: австронезиски
Гранки:
ибанска (малајски дајачки)
Malayic languages mk.svg
Карта на малајските јазици

Малајски јазици — гранка на австронезиското семејство. Во неа спаѓаат малајскиот — државен јазик на Малезија, Брунеј и Индонезија; минангкабајскиот во централна Суматра и ибанскиот во северно Борнео.

Се смета дека прататковината на малајските е западно Борнео, каде изворно се задржале ибанските јазици. Потесната група на малајски јазици претставува второстепено расчленување, веројатно од централна Суматра, а можеби и исто така од Борнео.[1]

Извесно време постоела несигурност за припадноста на дајачките јазици, но денес е утврдено дека некои од нив се малајски, а некои не. Меѓу малајските дајачки се вбројува ибанскиот, кој понекогаш се смета за групна целина, говорена од Ибанците (Морските Дајаци), а понекогаш за група. Другите дајачки јазици, наречени копненодајачки, се застапени во северозападниот агол на Калимантан, помеѓу ибанските и потесните малајски.

Јазици[уреди | уреди извор]

Неколку ибански јазици are also sometimes placed separately in Malayic.

Класификација[уреди | уреди извор]

Аделар (1993) ги дели малајските јазици на следниов начин.[2]

  • прамалајски
    • ибански
    • (главна гранка)
      • стандарден малајски
      • минангкабајски
      • средномалајски
      • банџарски
      • џакартски
      • останати

Меѓутоа, Нотхофер (1988) ја дава следнава класификација.

Реконструкција[уреди | уреди извор]

Фонологија[уреди | уреди извор]

Прамалајскиот имал вкупно 19 согласки и 4 самогласки (Adelaar 1992:102).

Прамалајски согласки
Уснени Венечни Предно-
непчени
Задно-
непчени
Гласилни
Избувни безвучни p t[3] c k ʔ
звучни b d ɟ ɡ
Носни m n ɲ ŋ
Струјна s h
Течни l ʀ
Приближни w y
Прамалајски самогласки
Висина Предни Средни Задни
Затворени i /i/ u /u/
Средни ə /ə/
Отворени a /a/

Има два 2 дифтонга:

  • *-ay
  • *-aw

Морфологија[уреди | уреди извор]

Прамалајските лексеми се претежно двосложни, но некои се едно-, три- или четирисложни. Лексемите го имаат следниов слоговен состав (Adelaar 1992:102):

* [Сг См (Н)] [Сг См (Н)] [Сг См (Н)] Сг См Сг 

Напомена: Сг = согласка, См = самогласка, Н = носна

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. The Austronesians: historical and comparative perspectives. Peter Bellwood, James J. Fox, Darrell Tryon. ANU E Press, 2006. ISBN 1-920942-85-8, ISBN 978-1-920942-85-4
  2. Adelaar, K. Alexander. 1993. The Internal Classification of the Malayic Subgroup. Bulletin of the School of Oriental and African Studies, University of London, Vol. 56, No. 3 (1993), pp. 566-581.
  3. /t/ е наведена како забна во Adelaar (1992).

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Adelaar, K. Alexander. 1992. Proto-Malayic: The Reconstruction of its Phonology and Parts of its Lexicon and Morphology. Pacific Linguistics, Series C, no. 119. Canberra: Dept. of Linguistics, Research School of Pacific Studies, the Australian National University.
  • Adelaar, K. Alexander. 1993. The Internal Classification of the Malayic Subgroup. Bulletin of the School of Oriental and African Studies, University of London, Vol. 56, No. 3 (1993), pp. 566–581.
  • Nothofer, Bernd. 1975. The reconstruction of Proto-Malayo-Javanic. (Verhandelingen van het KITLV, 73.) The Hague: Nijhoff.
  • Nothofer, Bernd. 1988. "A discussion of two Austronesian subgroups: Proto-Malay and Proto-Malayic." In Mohd. Thani Ahmad and Zaini Mohamed Zain (eds.) 1988. Rekonstruksi dan cabang-cabang Bahasa Melayu induk, pp. 34–58. Siri monograf sejarah bahasa Melayu. Kuala Lumpur: Dewan Bahasa dan Pustaka.