Мато Гросо ду Сул

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Јужно Мато Гросо)

Мато Гросо ду Сул (португалски: Mato Grosso do Sul) — една од државите во Бразил. Се наоѓа во средниот западен дел на Бразил на границата со Боливија и Парагвај. Зафаќа површина од 357 124 км2 и население од 2,2 милиони. Главен град на оваа држава е Кампо Гранде.

Знаме на Мато Гросо ду Сул

Државата е формирана во 1979 година кога се отцепи од поголемата Мато Гросо и стана самостоен субјект. И оттаму го добива и денешното име, со оглед на тоа дека се наоѓаше во јужниот дел на Мато Гросо.

Главни индустриски гранки се полјоделството, услужните дејности, дрвната индустријата итн. Главниот извозен производ е сојата, потоа дрвото, месото и памукот. Португалскиот е главен и службен јазик, а во училиштата се изучува и англиски и шпански.

Локалната култура е многу разновидна, под влијание на Индијанците, потоа робовите од Африка и доселениците од Европа, главно Португалци. Музиката и танцот се поврзани со прославата за светците - заштитници од кои се истакнува Св. Бенедикт, како еден од најомилените.

Населението го сочинуваат следните расни групи:

  • вкупно: 2.265.021 (2006)
  • бели — 1.179.000 (51.1 %)
  • мулати — 963.000 (41.8 %)
  • црни — 122.000 (5.3 %)
  • индијанци и Азијци — 39.000 (1.7 %)