Горица (Албанија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Корча)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горица
Општина
Поглед кон Горица
Поглед кон Горица
Амблем на Горица
Амблем
Горица is located in Албанија
Горица
Горица
Координати: 40°37′N 20°46′E / 40.617° СГШ; 20.767° ИГД / 40.617; 20.767Координати: 40°37′N 20°46′E / 40.617° СГШ; 20.767° ИГД / 40.617; 20.767
ДржаваАлбанија
ОбластГорица
ОкругГорица
Основан15 век
Управа
 • ГрадоначалникСотираќ Фило
Надм. вис.&10000000000000850000000850 м
Население (2013)
 • Вкупно51.683
Часовен појасCentral European Time (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Поштенски број7001-7004
Повик. бр.(+355) 082
Рег. таб.KO
Мреж. местоbashkiakorce.gov.al

Горица или Корча (албански: Korçë, грчки: Κορυτσά, влашки: Cоrceaо, турски: Görice) — град и општина во истоимената област во рамките на Горичкиот округ во југоисточниот дел на Албанија. Општината е создадена во 2015 г. со спојување на дотогашните општини Дреново, Горица, Лејка (Лекас), Дворани, Булгарец, Виткуќ, Воскоп и Москополе, кои станале општински единици.[1] Според пописот од 2011 г. населението на сегашната општина брои 75.994 жители, а тогашната општина зафаќала 805.99 км2.[2] Според истиот попис, тогашата општина броела 51.152 жители.[3]. Ова е шести град по големина во Албанија. Сместен е на висорамнина на надморска височина од 850 м, обиколена од планината Морава.

Градот денес[уреди | уреди извор]

Во Горица живее голема влашка заедница, како и бројно македонско население, а исто така и голем број на православни етнички Албанци. Локалното радио од овој град емитува и програми на македонски јазик наменети за етничките Македонци од тој крај. Oд 2010 година во Горица зрачи и локална телевизија (ТВ Кристал) на македонски јазик.[4]

Во Горица било отворено првото училиште на албански јазик во 1887 г., а во 1891 г. било отворено и првото училиште за девојчиња од страна на ароманскиот (влашкиот) учител Хараламбие Баламачи (подалечен роднина на Константин Белемаче, авторот на влашката химна), кој по отворањето на училиштата за Албанците, отворил и повеќе влашки училишта во Горица.

Име[уреди | уреди извор]

Градот е именуван различно во други јазици: грчки: Κορυτσά, Koritsá; италијански: Coriza; турски: Görice.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]