Даулагири

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Даулагири
Dhaulagiri
Dhaulagiri mountain.jpg
Највисока точка
Надм. вис. 8167 м 
7-мо место
Истакнатост 3357 м
Матичен врв К2
Заведена како Осумилјадник
Географија
Место Непал
Матичен венец Даулагири Химал
Искачување
Најлесен пат Северозападен гребен

Dhaulagiri (непалски: धौलागिरी) — планина во Непал, во планинскиот венец Даулагири Химал, кој е дел од венецот Хималаи. Оваа планина е една од вкупно 14-те планини повисоки од 8000 метри, и со својата надморска висина од 8167 метри претставува седмата највисока планина на светот.

Опис и откривање[уреди | уреди извор]

Планината, чиј назив во превод од тибетски јазик значи „бел планина“, е откриена во 1808 година на база на пресметки на Вилијам Спенсер Веб[1]. По откривањето била прогласена за највисока планина во светот, статус кој го одржувала 30 години се до откривањето на Кангченѕунга. Лоцирана е северно од Похара, важен регионален град и туристичка дестинација. Висината во однос на дното на планината е една од најголемите на светот, поради тоа што се издига 7000 метри над југоисточниот кањон Кали Гандаки на 30 километри хоризонтална оддалеченост.

Јужната и западната страна на планината Даулагири се карактеризираат со масивни стрмнини кои се издигаат 4000 метри во однос на дното на планината. Помеѓу помалите врвови на венецот, Гурја Химал исто така содржи доста стрмни падини на јужниот страна.

Прво освојување[уреди | уреди извор]

Првото освојување на оваа планина се случило на 13 мај, 1960 година од страна на Курт Диембергер, А. Шелберт, Е. Форер, Наванг Дорзе, Нјима Дорзе. Првото зимско освојување на оваа планина било на 21 јануари, 1985 година од страна на Јержи Кукучка и Анджеј Чок.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]