Голанска Висорамнина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Голанска Висорамнина
هضبة الجولان
רמת הגולן
Езерото Рам во близина на Хермонската Планија (во позадина), во североистичниот дел на висорамнината
Езерото Рам во близина на Хермонската Планија (во позадина), во североистичниот дел на висорамнината
Местоположба на Голанската Висорамнина во рамките на Израел. Висорамнината е во зелена боја во северниот дел.
Местоположба на Голанската Висорамнина во рамките на Израел. Висорамнината е во зелена боја во северниот дел.
Статус Контролирана територија на Израел, а меѓународно се води под сириска управа
Површина
 • Вкупна 1.800 км2
 • Израелска контрола 1.200 км2
 • мешана контрола: Сирија, сириска опозиција, Тахрир ал-Шам и армијата Халид ибн ал-Валид (вклучувајќи и 235 квадратни километри контролна зона на ООН) 600 км2
Најг. вис. 2.814 м
Најм. вис. -212 м

Голанска Висорамнина (арапски: هضبة الجولان Haḍbatu 'l-Jawlān или مرتفعات الجولان Murtafaʻātu l-Jawlān, хебрејски: רמת הגולן, Ramat HaGolan За снимкава (audio) ) или едноставно Голан — регион на Блискиот Исток кој зазема околу 1800 километри квадратни. Регионот е денес под контрола на Израел, како директна последица од Шестдневната војна, а претходно бил под сириска контрола. ООН го смета регионот за „окупиран“ од страна на Израел, и „интегрален дел на Сирија“.

Геолошки, географски и биогеографски регионот ја опфаќа територијата од базалтската висорамнина помеѓѕ реката Јармук на југ, Галилејското Езеро и долината Хула на запад, Хермонската Планина на север Вади Ракад на исток.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Арапските имиња за висорамнината се Џавлан[1] и Џолан (арапски: جولان).[2] Во Библијата Голан е споменат како град за прибежиште кој се наоѓа во Башан.[3] Авторите од 19 век го интерпретирале значењето на зборот како „нешто опколено“.[4][5] Во Мишнах името на регионот е Габлан, а во арамејскиот јазик Гавлана, Гувлана или Гублана.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Голан се граничи со северниот округ на Израел, Либан, Јордан и Сирија. Според Израел под негова контрола се 1150 километри квадратни,[6] а сириските извори наведуваат дека Голам има вкупна површина од 1860 километри квадратни, од кои 1500 се под израелска контрола.[7] Според ЦИА, Израел контролира 1300 километри квадратни.[8]

Регионот е планински и е на висока надморска височина, кој има преглед на јорднската долина, каде се наоѓа Галилејското Езеро и реката Јордан. На север се наоѓа високата планина Хермон.[9] Просечната надморска височина на Голан е 1000 метри, односно на север е некаде највисока точка со 2814 метри, а кај Галилејското Езеро е под нивото на морето.[8]

Регионот е значаен извор на свежа вода, особено во повисоките места. Голанската Висорамнина снабдува 15% од потребната вода на Израел.[10]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Moshe Sharon (2004). Corpus inscriptionum Arabicarum Palaestinae, (CIAP) (Hardcover издание). Brill Academic Publishers. стр. 211. ISBN 90-04-13197-3. https://books.google.com/?id=01ogNhTNz54C&pg=PA211&dq=greek+Gaulanitis#v=onepage&q=greek%20Gaulanitis&f=false. 
  2. John Lewis Burchhardt (1822). Travels in Syria and the Holy Land. Association for the promoting the discovery of the interior parts of Africa. стр. 286. https://books.google.com/?id=cN1YB8fTAI4C&pg=PA287&dq=djolan#v=onepage&q=djolan&f=false. 
  3. E. A. Myers (2010). The Ituraeans and the Roman Near East: Reassessing the Sources (Hardcover издание). Cambridge University Press. стр. 43. ISBN 0-521-51887-3. https://books.google.com/?id=-cRrGQ8bIAkC&pg=PA43&dq=golan+bashan#v=onepage&q=golan%20bashan&f=false. 
  4. "Ancient faiths embodied in ancient names: or, An attempt to trace the religious belief ... of certain nations", by Thomas Inman, 1872 History, page 551
  5. „A Dictionary of the Bible: Volume II: (Part I: Feign -- Hyssop)“. google.com. https://books.google.com/books?id=PYxOWKf8wSoC&lpg=PA225&dq=Golan%20dictionary&pg=PA225#v=onepage&q=Golan%20dictionary&f=false. 
  6. CBS, Statistical Abstract of Israel 2011 AREA OF DISTRICTS, SUB-DISTRICTS, NATURAL REGIONS AND LAKES (table 1.1)
  7. The Syrian Golan Архивирано 8 October 2010 во Wayback Machine. – Permanent Mission of the Syrian Arab Republic to the United Nations
  8. 8,0 8,1 „The World Factbook“. cia.gov. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/sy.html. 
  9. Henry T. Conserva. Earth Tales: New Perspectives on Geography and History. Шаблон:Google book
  10. Haim Gvirtzman, Israel Water Resources, Chapters in Hydrology and Environmental Sciences, Yad Ben-Zvi Press, Jerusalem (хебрејски) Water.gov.il indicates that the Golan Heights contributes no more than 195 million m³ per year to the Sea of Galilee, as well as another 120 million m³ per year from the Banias River tributary. Israel's annual water consumption is about 2,000 million m³.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Biger, Gideon (2005). The Boundaries of Modern Palestine, 1840–1947. London: Routledge. .
  • Bregman, Ahron (2002). Israel's Wars: A History Since 1947. London: Routledge. .
  • Louis, Wm. Roger (1969). "The United Kingdom and the Beginning of the Mandates System, 1919–1922". International Organization, 23(1), pp. 73–96.
  • Maar'i, Tayseer; Usama Halabi. Life under occupation in the Golan Heights. „Journal of Palestine Studies“ том  22: 78–93. doi:10.1525/jps.1992.22.1.00p0166n. 
  • Maoz, Asher. Application of Israeli law to the Golan Heights is annexation. „Brooklyn Journal of International Law“ том  20, afl. 2: 355–96. 
  • Morris, Benny (2001). Righteous Victims. New York, Vintage Books. .
  • Sheleff, Leon. Application of Israeli law to the Golan Heights is not annexation. „Brooklyn Journal of International Law“ том  20, afl. 2: 333–53. 
  • Zisser, Eyal. June 1967: Israel's capture of the Golan Heights. „Israel Studies“ том  7,1: 168–194. 
  • Richard, Suzanne (2003). Near Eastern Archaeology: A Reader. Eisenbrauns. ISBN 978-1-57506-083-5. https://books.google.com/?id=khR0apPid8gC&printsec=frontcover&dq=Near+Eastern+archaeology:+a+reader#v=onepage&q&f=falseШаблон:Inconsistent citations 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]