Јужен Поларник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јужниот Поларник на карта на светот.
Карта на Антарктикот со Јужниот Поларник (сино).

Јужен Поларник (Јужен Поларен Круг или Антарктички Круг) — еден од петте главни напоредници на картата на светот. Ова е замислениот обрач што минува на географска ширина од 66° 33′ 44″ (или 66,5622°) јужно од екваторот.[1][2]

Опис[уреди | уреди извор]

Подрачјето јужно од Јужниот Поларник се нарекува Антарктик, а подрачјето веднаш на север е јужниот умерен појас. Еквивалентниот напоредник на северната полутопка се нарекува Северен Поларник (Арктички Круг).

Секое место јужно од Јужниот Поларник има барем по еден ден во годината со 24-часовна дневна светлина и уште еден со 24-часовна ноќ. Во првиот случај сонцето цел ден не заоѓа, а во вториот цел ден воопшто не изгрева. На поларникот ова се случува точно по еднаш годишно, и тоа во декемврискиот и јунскиот сонцестој. Ова се должи на тоа што Земјината оска е наклонета за 23,5 степени во однос на еклиптиката (рамнината по која Земјата се врти околу сонцето). За време на јужниот зимски сонцестој, јужната полутопка е најмногу навалена наназад и со тоа најдалеку од Сонцето. Подрачјето на постојан мрак ја достигнува својата северна граница. При јужниот летен сонцестој, јужната полутопка е во најголема мера навалена кон Сонцето, па така подрачјето на постојан мрак ја достигнува својата северна граница.

Јавувањето на поларниот ден и ноќ се должи и на неколку други фактори, од кои најважни е атмосферското прекршување на светлината, надморската височина на набљудувачот, привиденијата и фактот дека сонцето е топка, а не точка. Привиденијата на Антарктикот се уште поспектакуларни од оние на Акрктикот. Таков пример е низата од привидни залези и изгреви, додека сонцето сето време е всушност под хоризонтот.

Поларникот полека се поместува поради постепената промена на наклонетоста на Земјината оска.

Места[уреди | уреди извор]

Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, Јужниот Поларник минува низ:

Координати Земја, територија, море Белешки
66°34′S 0°0′E / 66.567° ЈГШ; 0.000° ИГД / -66.567; 0.000 (Нулти меридијан) Јужен Океан северно од Земјата на Кралицата Мод и Ендербиевата Земја
66°34′S 50°32′E / 66.567° ЈГШ; 50.533° ИГД / -66.567; 50.533 (Антарктик) АнтарктикЕндербиева Земја полага право Австралија Австралија
66°34′S 57°19′E / 66.567° ЈГШ; 57.317° ИГД / -66.567; 57.317 (Јужен Океан) Јужен Океан северно од Ејмериевиот Леден Гребен
66°34′S 82°6′E / 66.567° ЈГШ; 82.100° ИГД / -66.567; 82.100 (Антарктик) Антарктик полага право Австралија Австралија
66°34′S 89°14′E / 66.567° ЈГШ; 89.233° ИГД / -66.567; 89.233 (Јужен Океан) Јужен Океан
66°34′S 91°29′E / 66.567° ЈГШ; 91.483° ИГД / -66.567; 91.483 (Антарктик) Антарктик полага право Австралија Австралија
66°34′S 92°21′E / 66.567° ЈГШ; 92.350° ИГД / -66.567; 92.350 (Јужен Океан) Јужен Океан
66°34′S 93°52′E / 66.567° ЈГШ; 93.867° ИГД / -66.567; 93.867 (Антарктик) Антарктик полага право Австралија Австралија
66°34′S 107°45′E / 66.567° ЈГШ; 107.750° ИГД / -66.567; 107.750 (Јужен Океан) Јужен Океан заливот Вансен
66°34′S 110°12′E / 66.567° ЈГШ; 110.200° ИГД / -66.567; 110.200 (Антарктик) АнтарктикВилксова Земја полага право Австралија Австралија
66°34′S 116°35′E / 66.567° ЈГШ; 116.583° ИГД / -66.567; 116.583 (Јужен Океан) Јужен Океан
66°34′S 121°31′E / 66.567° ЈГШ; 121.517° ИГД / -66.567; 121.517 (Антарктик) АнтарктикВилксова Земја полага право Австралија Австралија
66°34′S 127°9′E / 66.567° ЈГШ; 127.150° ИГД / -66.567; 127.150 (Јужен Океан) Јужен Океан
66°34′S 129°38′E / 66.567° ЈГШ; 129.633° ИГД / -66.567; 129.633 (Антарктик) АнтарктикВилксова Земја полага право Австралија Австралија
66°34′S 136°0′E / 66.567° ЈГШ; 136.000° ИГД / -66.567; 136.000 (Антарктик) АнтарктикАделина Земја полага право  Франција
66°34′S 138°56′E / 66.567° ЈГШ; 138.933° ИГД / -66.567; 138.933 (Јужен Океан) Јужен Океан
66°34′S 162°44′E / 66.567° ЈГШ; 162.733° ИГД / -66.567; 162.733 архипелагот Балени – островот Борадел полага право Нов Зеланд Нов Зеланд
66°34′S 162°45′E / 66.567° ЈГШ; 162.750° ИГД / -66.567; 162.750 (Јужен Океан) Јужен Океан минува веднаш јужно од островот Аделаида (полагаат право  Аргентина,  Чиле и  Обединето Кралство)
66°34′S 65°44′W / 66.567° ЈГШ; 65.733° ЗГД / -66.567; -65.733 (Антарктик) АнтарктикАнтарктички Полуостров, Греамова Земја и Ларсеновиот Леден Гребен полагаат право  Аргентина,  Чиле и  Обединето Кралство
66°34′S 60°21′W / 66.567° ЈГШ; 60.350° ЗГД / -66.567; -60.350 (Јужен Океан) Јужен Океан минува низ Веделовото Море, па во неименуван дел од океанот

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. податок за 2011 г.
  2. Повратник во движење[мртва врска] (шпански)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]