Апалачки Планини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Апалачки планини во Северна Каролина

Апалачки Планини или Апалачи (англиски: Appalachian Mountains) се планински венец во источниот дел на Северна Америка. Ланецот претежно се наоѓа во Соединетите Американски Држави, но исто така се протега во југоисточна Канада, формирајќи ланец од 2.400 км од Њуфаундленд кон југозапад до централна Алабама. Планинскиот систем е поделен на низа поединечни планини со просечна височина од 900 метри. Највисокиот врв на овие планини е планината Мичел од 2.037 метри, што е и највисоката точка во САД источно од реката Мисисипи. Планините Апалачи имаат нежни падини и заоблени врвови.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]