Ел-Ајун

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ел Ајун)
Прејди на: содржини, барај
ел-Ајун
العيون / Leɛyun
Лајун
Плоштадот Марча Верде
ел-Ајун се наоѓа во Западна Сахара
ел-Ајун
Местоположба во Западна Сахара
Координати: 27°09′13″ СГШ 13°12′12″ ЗГД / 
несамоуправна територија Западна Сахара
Област Лајун-Буждур-Сакија ел-Хамра
Покраина Лајун
Населен 1934
Основан 1938
Население (2010)
 • Вкупно 196.331 жит.
Час. појас UTC

ел-Ајун или Лајун (арапски: العيون; шпански: El-Aaiún; берберски: Leɛyun) — неофицијалниот главен град на Западна Сахара, поранешна шпанска колонија, сега главно контролирана и окупирана од Мароко. Тој е седиште на регионот Лајун-Буждур-Сакија ел-Хамра.

Градот има околу 196.331 жители (2010) и е најголем во Западна Сахара. Најмногу од неговите жители се марокански доселеници кои се преселиле во оваа област откако Мароко изврши инвазија на Западна Сахара во 1975, но има значаен број на сахрависко малцинство.