Витлеем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Витлеем
Belen palestina.jpg
Маало во Витлеем
Bethlehem Logo.gif
Грбот на Витлеем
Витлеем се наоѓа во Палестински територии
Витлеем
арапски بيت لحم
Значење „дом на месото“ (арапски); „дом на лебот“ (хебрејски)
Управ. област Витлеем
Управа Град (од 1995)
Се пишува и Беит Лам (официјално)

Бејт Лам (неофицијално)

Координати 31°42′11″ СГШ 35°11′44″ ИГД / 
Население 25.266[1] (2007)
Општински началник Виктор Батарсе[2]
Мреж. место www.bethlehem-city.org

Витлеем (арапски بيت لحم, „Бејт Лам“; хебрејски בית לחם, „Беит Лехем“) е палестински град на Западниот Брег, во близината на Ерусалим. Градот е најмногу познат како родното место на Исус Христос. Поради тоа, во негова чест во градот е изградена базилика „Раѓањето на Христос“.

Витлеем се наоѓа на околу 10 км од Ерусалим, на 765 m надморска височина. Во Витлеем исто така е роден и Давид, вториот цар на Израел, поради што во Библијата градот многу често е нарекуван „градот на Давид'“. Според еднo библиско предание (в. Михеј 5:2) Месијата требало да биде негов потомок и да се роди во неговиот град.

Градот има 20 000 жители.

Витлеем за прв пат се споменува во Библијата, во која пишува дека Јаков својата жена Рахела ја „покопал“ на патот кон реката Еуфрат, односно Витлеем.

Витлеем како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Витлеем се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

  • „Малата ѕвезда од Витлеем“ (Little star of Bethlehem) - песна на германската рок-група „Кен“ (Can) од 1968 година.[3]
  • „Убавата ѕвезда од Витлеем“ (Beautiful star of Bethlehem) - песна на пејачката Пати Лавлес (Patty Loveless).[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис 2007“ (PDF). Централно статистичко биро на Палестина. стр. 117. http://www.pcbs.gov.ps/Portals/_PCBS/Downloads/book1487.pdf. конс. 16 април 2009 г.  (англиски)
  2. [http://www.elections.ps/pdf/Municipal_Elections_Results_EN_(2).pdf Локални избори на Западниот Брег (втор круг)- Успешни кандидати по единица, пол и бр. на освоени гласови - Витлеем стр. 23 (англиски)
  3. Little Star of Bethlehem - CAN (пристапено на 12.11.2016)
  4. Patty Loveless - Beautiful Star Of Bethlehem (пристапено на 12.11.2016)