Каракорум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Каракорум
Ледникот Балторо во среден Каракорум со Гашербрум I и II.
Највисока точка
ВрвК2
Надм. височина8.611 м
Координати35°52′57″N 76°30′48″E / 35.88250° СГШ; 76.51333° ИГД / 35.88250; 76.51333
Географија
Поглед на највисоките врвови на Каракорум од Меѓународната вселенска станица
ЗемјиПакистан, Индија и Кина
ПокраиниГилгит–Балтистан, Ладак и Сјинџанг
Координати36° N; 76° E / 36° СГШ; 76° ИГД / 36; 76Координати: 36° N; 76° E / 36° СГШ; 76° ИГД / 36; 76
Се граничи соЛадачки Пл., Памир и Хиндураџ (Хиндукуш)

Каракорум (кинески: 喀喇昆仑山脉, пинјин: Kālǎkūnlún Shānmài; хинди: काराकोरम, Kārākōrama; урду: سلسلہ کوہ قراقرم) — голем планински венец што се протега низ пограничните краишта на Гилгит–Балтистан (Пакистан), Ладак (Индија) и регионот Сјинџанг (Кина). Влегува во состав на поширокиот систем на Хималаи, но сепак северно од самиот венец.

Венецот има најголема концетрација на планини над 8.000 м на светот,[1] каде спаѓа вториот највисок врв во светот, К2 (8.611 м), кој е само 237 м понизок од Монт Еверест.

Каракорум е долг околу 500 км и се одликува со најголема покриеност со ледници во светот (вон поларните региони). Ледниците Сијачен (70 км) и Бијафо (63 км) се на второ и трето место по должина во светот вон поларните региони.[2]

На североисток венецот се граничи со Тибетската Висорамнина, а на север со Памир. Јужната граница ја образуваат (од запад кон исток) реките Гилгит, Инд и Шајок, што го одделуваат од северозападниот крај на самите Хималаи како што реките се спојуваат на југозапад кон рамниците во Пакистан.

Највисоки врвови[уреди | уреди извор]

Врвот К2

The notable peaks of the Karakoram are:

Најголемиот дел од највисоките врвови се наоѓаат во регионот Гилгит-Балтистан во Пакистан. Балтистан има над 100 врвови повисоки од 6.100 м.

Врвови со ознаката К[уреди | уреди извор]

Превои[уреди | уреди извор]

Поглед на Каракорум во Пакистан

Од запад кон исток, Каракорум ги има следниве превои:

Од сите овие премини, само Хундерџапскиот Превој е прооден за моторни возила. Единствениот друг премин во редовна употреба е Шишалскиот, но истиот не навлегува во друга држава.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BBC, Planet Earth, "Mountains", Part Three
  2. Федченковиот Ледник во Таџикистан е долг 77 км. Балторо и Батура во Каракорум се долги 57 км, како и Бруген и Пио XI во јужно Чиле. Измерено од снимки, руски топографски карти и делото Jerzy Wala,Orographical Sketch Map: Karakoram: Sheets 1 & 2 од Швајцарската фондација за планински истражувања од Цирих, 1990.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]