Јангцекјанг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јангцекјанг
长江

Течението на реката низ Кина
Земји во сливот Кина
Должина 6.300 км[1]
Надм. вис. на изворот 6.621 м
Прос. истек 31.900 м³/с
Сливно подрачје 1.800.000 км²

Јангцекјанг (некаде само Јангце) или Сина Река е најдолгата река во Азија, а и трета река по должина во светот со должина околу 6.300 км. Реката извира во западниот дел на Кина, во покраината Чингхај. Реката тече од запад кон исток и се влива во Источно-кинеското Море во близина на градот Шангај. Географски реката ја дели Кина на северна и јужна, што и денес служи како ориентир.

Имиња[уреди]

Првиот поголем свиок на рејата Јангцекјанг кај Шигу во покраината Јинан, кадешто реката заобиколува за 180 степени од југ кон север

Името на реката Јангцекјанг е само едно од многуте на истата река. Всушност реката може да се сретне и како Јангце што е многу распространето, Јангци, Јангце Чанг, Јангце Јианг од коешто и најверојатно потекнува името Јангцекјанг. Името Јангце Јианг започнала да го употребува династијата Суи. За време на династијата Минг името на реката било само Јангци. Денес Јангце Јианг е поетското име на реката, а нејзиното модерно е Чанг Јианг, но во употреба најчести се Јангце или Јангцекјанг.

Во Тибет реката е позната под името Дангку (мочуришна река), а во некои јужни кинески покраини и како реката Јинша (река на златни песоци). Денес оваа река е позната и уште како Сина река.

Географија[уреди]

Јангцекјанг извира на планината Геладандунг на планинскиот венец Дангла во источниот дел на Тибетската висорамнина, во кинеската покраина Чингхај. Реката најпрвин поминува низ Сечуан и Тибет, за да стигне до Јинан. Во овој свој тек реката се спушта од 5000m на само 1000 м надморска висина.


Реката поминува низ басенотСиќуан во Јабин кадешто се зголемува нејзиното количество на вода, а потоа тече низ планината Вушан, течејќи покрај Чунгчинг и Хубеј создавајќи ги познатите Три клисури по што реката поминува низ првиот град Јичанг.

Минувајќи низ Хубеј, реката прима вода од повеќе езера од кои најпознато е Дунгтинг, а исто така и од реката Ханшуј.

Во северниот дел од Јиангкси најголемото езеро во Кина Појанг се припојува во реката која продолжува да тече низ покраините Анхуеј и Џангсји, поврзувајќи се со многу пократки реки и помали езера од кадешто стигнува кон својот влив во Источнокинеско Море.

Стопанско значење[уреди]

Бродови пловат по Јангцекјанг кон мостот во близина на Нантунг.

Реката е голема, пловна и има огромно стопанско значење. Постојат две брани на реката. Водата која што тече во реката е чиста, а за тоа служи и фактот дека четири од петте најголеми производители на минерална вода во Кина се служат со водата од реката Јангцекјанг, а водата од истата претставува симбол за чиста вода во Кина.

Наводи[уреди]

  1. Encyclopaedia Britannica: Yangtze River http://www.britannica.com/eb/article-9110538/Yangtze-River