Естреја Овадија-Мара
| Естреја Овадија - Мара | ||
| Родена | 25 декември 1923 Битола, Кралство СХС | |
|---|---|---|
| Починала | 26 август 1944 (возр. 20) Кајмакчалан, Царство Бугарија | |
| Националност | Македонка-Југословенка | |
| Народност | Еврејка | |

Естреја Хаим Овадија - Мара (Битола, 25 декември 1923 - 26 август 1944 , Кајмакчалан, Битолско) — македонска комунистка, Еврејка, учесничка во НОБ.[1] Прогласена е за народен херој на Југославија на 11 октомври 1953.[2][3][4]
Животопис
[уреди | уреди извор]Овадија е родена во Битола, во работничко еврејско семејство. Рано останала без татко. Имала уште две сестри, за чие издржување покрај мајка ѝ, што работела како перачка по богатите куќи, иако мала, се грижела и таа. Естреја посетувала и училиште. Многу мала ја почувствувала сета беда на сиромаштијата и целиот бес на богатите, кај кои и самата морала да работи. Веќе во 1938 година, со неполни 16 години, таа се активирала во Еврејското хуманитарно друштво „Визо“ во родниот град. Подоцна истата година, таа заминала на работа во Белград. Нејзиниот револуционерен активизам дошол до израз за време на демонстрациите на 27 март 1941 година, во Белград. Била на чело на работничката група поттикнувајќи општ револт против предавничката политика на југословенската влада. Тоа била доволна причина да стане членка на СКОЈ, а потоа уште поинтензивно да го продолжи своето револуционерно делување. По капитулацијата на земјата, во 1941 година, таа се вратила во Битола и се вклучила во подготовките за оруженото востание.[5]
Член на КПЈ била од 1942 година. Непосредно пред депортацијата на македонските Евреи, се илегализирала на 10 март 1943, а потоа на 5 април 1943 година заминала првин како борец на Партизанскиот одред „Даме Груев“, потоа во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ и во други единици на НОВ и ПОМ.[6] Учествувала во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија, а меѓу борците била позната како храбрата болничарка Мара. Учествувала и во Февруарскиот Поход.[4]
При основањето на Третата македонска ударна бригада, таа била назначена за заменик политички комесар на чета. Учествувала и во обезбедувањето на Првото заседание на АСНОМ. На 22 август 1944 година при основањето на Седмата македонска бригада, била назначена за политички комесар на баталјон.
Загинала во борба против бугарските окупаторски сили,[7] во близина на врвот Кајмакчалан на 25 август 1944 година. Тогаш имала само 22 години.
Спомен-обележја
[уреди | уреди извор]Во нејзин помен, во средиштето на Битола, постои нејзина биста и една детска градинка го носи нејзиното име. Во нејзина чест е наречена и улица во Ерусалим, Израел/Палестина.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во Народноослободителната војна и Револуцијата 1941–1945, Скопје, 1976.
- ↑ Д-р Стојан Ристески, Естреја Овадија-Мара, Горњи Милановац, 1978.
- ↑ „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 125
- 1 2 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 343. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=му недостасува|last=(help) - ↑ Heroine Jugoslavije, "Nasa Djeca", 1980.
- ↑ Александар Поповски, Естреја Хајма Овадиј - Мара (1921–1944), Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 120-125.
- ↑ Естреја Хајма Овадија-Мара (1921– 1944), „Млад борец“, XXXII, 13, Скопје, 23. IV 1975, 17.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Естреја Овадија-Мара“ на Ризницата ? |
- Биографија на Естреја Овадија - Мара Архивирано на 5 март 2016 г., туристички инфопортал на Битола
- Stojan Risteski, “Estreja Ovađa Mara: Životni put i revolucionarno delo”, 1978.
- Споменик на паднатите борци во Втората светска војна во Мариово Архивирано на 28 јуни 2017 г., „Итар Пејо“
- Луѓе од Битола
- Родени во 1923 година
- Починати во 1944 година
- Починати во Кајмакчалан
- Починати во Битолско
- Македонски Евреи
- Македонски комунисти
- Народни херои на Југославија од Македонија
- Учесници во НОБ
- Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна
- Југословенски Евреи
- Југословенски комунисти