Мајка Тереза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мајка Тереза
Вероисповед католицизам
Ред Лоретски сестри (1928–1950)
Мисионери на милосрдието (1950–1997)
Лични податоци
Националност Албанка, Индијка
Роден(а) Агнеза Гонџа Бојаџиу
26 август 1910(1910-08-26)
Скопје, Отоманска империја
Починал(а)

5 септември 1997(1997-09-05) (на 87 год.)
Калкута, Индија

Signature of Mother Teresa.svg
Потпис на Мајка Тереза
Старешинство
Звање Генерален настојник
Служба 1950–1997
Наследник Нирмала Џоши
Гонџа Бојаџиу на 11 години

Мајка Тереза (Скопје, 26 август 1910Калкута, Индија, 5 септември 1997) е католичка калуѓерка, добитничка на Нобелова награда за мир и свето лице во католичкиот свет. Родена е во Скопје под името Агнеза Гонџа Бојаџиу. Израснала во добро ситуирано католичко[1] албанско[2] влашко семејство. На возраст од девет години нејзиниот татко ненадејно починал. Уште на возраст од 12 години таа се одлучила да живее како калуѓерка.

Мисионерска дејност[уреди]

Во 1928 година заминува од родниот град и преку Даблин оди вo Бенгал и Калкута во Индија. По само два месеца таа си ја исполнува својата желба и се приклучува кон редот „Лоретски сестри“ во Бенгал. Во Калкута ја дава својата прва заклетва. Потоа е активна 17 години во училиштето „St. Mary's School“ во Калкута. Најпрво како наставничка, а потоа унапредена во директор.

На едно од бројните патувања низ милионскиот град Калкута таа во 1946 год. го почувствува Божјиот повик да им помага на сиромашните. Дури две години подоцна добива дозвола да го напушти редот. Тереза била ексклаузирана, односно значи можеше да го напушти редот без притоа да се откаже од својот статус на калуѓерка. Оттогаш Тереза живее со најсиромашните во предградијата на Калкута. Еден нејзин портрет во магазинот LIFE, кој стана славен, и го даде прекарот "Saint of the Gutters" („Светица на бедниците“, или буквално „Светица на сливниците“). Оттогаш, секаде и секогаш таа се именува со Исус, ширејќи ја својата молитвена порака дека „Светот не е гладен само за леб, туку уште повеќе за љубов“. Како основач на редот Мисионери на милосрдието, се посветила на добротворна работа помагајќи им на болните и сиромашните луѓе, поради што во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир.

Во 1949 год. самата стана Индијка и во 1950 год. го основаше редот „Мисионерки на љубовта кон ближниот“. Членовите на овој редот мораа да се обврзат на несклучување брак, на сиромаштија и послушност. Подоцна овој ред беше признат од страна на папата и беше под негова контрола. Тереза со редот посебно се грижеше за лица што беа пред смрт, сирачиња и болни. Нивниот посебен ангажман, сепак, беше грижата за болните од лепроза. Денес редот на Мајка Тереза брои преку 3000 сестри и преку 500 браќа во повеќе од 100 земји од светот. За нејзиното несебично дело таа доби голем број награди. Најзначајна, без сомнение, беше Нобеловата награда за мир од 1979 год. Говорот на Мајка Тереза по повод добивањето на Нобеловата награда

Мајка Тереза ја добива Нобеловата награда за мир

На често пати големиот недостаток на медицинско образование на своите соработници Мајка Тереза милувала да одврати со: „Не успехот, туку верноста во верата е важна.“ Покрај признанието од целиот свет за нејзината работа, нејзиното конзервативно убедување било критикувано. Така, во политиката на абортирање на многу земји таа го гледала „најголемото загрозување за мирот во светот“. Кога во Ирска требало да се гласа за тоа дали одлуката треба да се легализира, таа ги повикала Ирците да гласаат со „Не“.

Наредната година таа е прогласена за почесен граѓанин на нејзиниот роден град Скопје, кој од своето заминување во божја и хуманитарна мисија за помош на гладните и осамените, го посетила четири пати - во 1970, 1978, 1980 и во 1986 година.

Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 година во Калкута.

Папата Јован Павле Втори процедурата на беатификацијата ја покрена една година по нејзината смрт, наместо како што е вообичаено, по пет години.

По беатификацијата на Мајка Тереза, која на 19 октомври 2003 ја извршил Папата, неа ја дели уште едно чудо до прогласувањето за светица.

[3]

Критики и контроверзии[уреди]

Мајка Тереза беше величена од бројни поединци, влади и организации; но сепак нејзиното дело се соочува и со разновидни критики. Критиките вклучуваат и обвиненија од различни поединци и групи, како на пр. Кристофер Хиченс, Мајкл Паренти, Аруп Чатерџи, Вишва Хинду Паришад, протестирајќи против прозелитизмот на нејзината дејност вклучувајќи и силниот став против абортусот, верата во духовната оправданост на сиромаштијата и наметливото крштевање на оние кои се пред умирање. Медицинските списанија исто ја критикуваа поради стандардот на медицинската нега во нејзините хосписи и болници и изразуваа загриженост поради начинот на кој донираните парични суми беа трошени.

Кон крајот на нејзиниот живот, Мајка Тереза освен признанија, привлече и негативно внимание во западните медиуми. Новинарот Кристофер Хиченс беше еден од нејзините најактивни критичари. Тој беше овластен да биде ко-автор и наратор во документарецот за Мајка Тереза - „Ангел на пеколот„ подготвен за британскиот Channel 4 по охрабрувањата од Аруп Чатерџи да се направи таква емисија, иако Чатерџи не беше задоволен со „сензационалистичкиот пристап„ изнесен во конечниот продукт.[4] Хиченс ги прошири своите критики во книгата Мисионерска поза (The Missionary Position) издадена 1995 година.[5]

Чатерџи пишува дека за време на нејзиниот живот, Мајка Тереза и нејзините официјални биографи одбиа да соработуваат со неговите сопствени истражувања и дека таа не успеа да ги демантира критичките написи во западниот печат. Тој како примери наведува извештаи на Гардијан (The Guardian) во Британија чиј „уверлив и мошне детален„ напад врз состојбите во нејзините сиропиталишта ... [вклучува] обвиненија на сериозно запоставување како и физичка и емоционална злоупотреба„, [6] и другиот документарец Мајка Тереза: Време за промена? емитуван во неколку европски земји.[4] И Чатерџи и Хиченс беа критикувани поради нивнитe ставови.

Германскиот магазин Штерн (Stern) објави критичка статија повод првата годишнина од смртта на Мајка Тереза. Ова вклучуваше тврдења во врска со непроѕирните финансијски работи и трошењето на донациите. Медицинскиот печат исто така објави критики за неа кои произлегуваат од мошне различните набљудувања и приоритетите во врска со потребите на пациентите.[7] Натамошни критики доаѓаат од Тарик Али, член на уредничкиот одбор на „Њу Лефт Ривју„ (New Left Review), како и од ирскиот истражен новинар Donal MacIntyre.[5]

Белешки[уреди]

  1. Irwin Abrams - The Nobel Peace Prize and the Laureates: An Illustrated Biographical History, 1901-2001, ISBN 0-88135-388-4, 9780881353884, с. 243, Science History Publications/USA, 2001
  2. Meg Greene - Mother Teresa: a biography, Greenwood Publishing Group, 2004
  3. некоја фуснота
  4. 4,0 4,1 Chatterjee, Aroup, Introduction to The Final Verdict
  5. 5,0 5,1 MacIntyre, Donal (August 22, 2005), „New Statesman“ 134 (4754): 24–25, http://www.newstatesman.com/200508220019 
  6. „Sins of the Missions.“, The Guardian, 14 октомври 1996 (конс. 11 јануари 2009).
  7. Walter Wuellenweber , Мајка Тереза: каде се милионите? (англиски), Stern, 10 септември 1998.
Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: