Бенгал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Местоположба на Бенгал.

Бенгал (бенгалски: বঙ্গ Bôngo, বাংলা Bangla, বঙ্গদেশ Bôngodesh или বাংলাদেশ Бангладеш) е историски и географски регион во североистокот на Јужна Азија. Денес тој е поделен меѓу независната нација на Бангладеш (Источен Бенгал) и индиската составна држава Западен Бенгал, иако некои региони од претходното кралство Бенгал сега се дел од соседните индиски држави Бихар, Трипура и Ориса. Поголем дел од Бенгал е населен со Бенгалци кои го зборуваат бенгалскиот јазик.

Регионот Бенгал е еден од најгусто населените региони на Земјата, со густина на популацијата од 900/км2. Поголем дел од бенгалскиот регион лежи во делтата на Ганг и Брамапутра (Гангова делта), најголемата речна делта во светот. Во јужниот дел на делтата лежи Сундарбанс - најголемата мангрова шума во светот и дом на познатиот бенгалски тигар. Иако поголем дел од населението е рурално и се занимава со земјоделство, постојат два мегаградови - Калкута и Дака. Бенгал е познат по социокултурното подигнување на индиското општество, во форма на бенгалска ренесанса и Револуционерно движење за индиска независност за време на Движењето за индиска независност.

Поврзано[уреди | уреди извор]