Тарик Али
Тарик Али (роден на 21 октомври 1943 година[1]) е британски социјалистички писател и филмски продуцент[2][3], по потекло од Пакистан. Член е на Уредувачкиот комитет на „Њу лефт ривју“, а пишува редовно за „Гардијан“, „Контрапунч“ и „Лондон ривју оф букс“.
Живот
[уреди | уреди извор]Тарик Али е роден во Лахор, Пакистан. Неговите родители беа комунисти. Во текот на своите студии на Пенџапскиот Универзитет, тој организира демонстрации против тогашната воена диктатура во Пакистан. Плашејќи се за неговата безбедност поради неговите врски со радикалните кругови, неговите родители го испраќаат да студира во Англија на Универзитетот во Оксфорд.
Во текот на Виетнамската војна, Али се вклучува во антивоеното движење. Истапува критички против американската и израелската надворешна политика, а особено жестоко ја напаѓа американската поддршка за воениот режим во Пакистан. Во 1968 година станува член на една троцкистичка партија, на Интернационалната марксистичка група. Набрзо станува член на нејзиното раководство, а исто така и член на Меѓународниот извршен комитет на Обединетиот секретаријат на Четвртата Интернационала.
Кога во 1981 година Интернационалната марксистичка група се расформира, а нејзините членови влегоа во Лабуристичката партија, нејзин член станува и Али. Во овој период тој го напушта делување во радикалните левичарски кругови и го поддржува Тони Бен во неговата кампања за потпретседател на лабуристите. Своето конечно раскрстување со троцкистите ќе го изврши во својата сатира „Ослободување“, во која ја исмејува неспособноста на троцкистите да се справат со падот на комунизмот во Источниот блок.
Заедно со Кристофер Хиченс во 1994 година за Би Би Си го подготвуваат документарецот за Мајка Тереза насловен „Ангел на пеколот“, кој истата година беше емитуван на Channel 4.
Меѓународниот углед на Тарик Али особено дојде до израз по наглиот пораст на воениот интервенционизам на САД по нападите од 11 септември 2001 година. Во овој период Али пишува неколку дела кои стануваа светски познати. Во 2002 година излегува неговата книга „Судир на фундаментализмите“, а по американскиот напад врз Ирак во 2003 година, ја објавува книгата „Буш во Вавилон“.
Познат и по својата критика на неолиберализмот, Али во 2005 година зема учество на Светскиот Социјален Форум во Порто Алегре, Бразил.
Творештво (делумна листа)
[уреди | уреди извор]- „Пакистан: воена власт или народно владеење“ (Pakistan: Military Rule or People's Power) (1970)
- Претстојната Британска револуција (The Coming British Revolution) (1971)
- 1968 и потоа: во револуцијата одвнатре (1978)
- Чиле, лекции од пучот (Lessons of the Coup: Which Way to Workers Power) (1978)
- „Троцки за почетници“ (1980, заедно со Фил Еванс) (Trotsky for Beginners)
- Може ли Пакистан да преживее?: Смртта на државата (Can Pakistan Survive?: The Death of a State) (1983)
- Кој се плаши од Маргарет Тачер? Во величење на социјализмот (Who's Afraid of Margaret Thatcher? In Praise of Socialism)(1984)
- Сталинистичкиот аманет: Неговото влијание врз светската политика од 20. век (The Stalinist Legacy: Its Impact on 20th-Century World Politics) (1984)
- Нехруеви и Гандиеви: Индиска династија (The Nehru's and Gandhi's: An Indian Dynasty) (1985)
- Години на уличните борби: Автобиографија на шеесеттите (Street Fighting Years: An Autobiography of the Sixties)(1987)
- Револуција одозгора: Советскиот Сојуз денес (Revolution from Above: Soviet Union Now) (1988)
- Ирански ноќи (Iranian nights) (1989)
- Московско злато (Moscow Gold) (1990)
- Искупение (Redemption) (1990)
- Сенки на калинката (Shadows of the Pomegranate Tree) (1992)
- Гердан (Necklace) (1992)
- Грди гласини (Ugly Rumors) (1998)
- 1968: Марширајќи низ улиците (1968: Marching in the Streets) (1998)
- Страв од огледала (Fear of Mirrors) (1998)
- Книгата на Саладин (The Book of Saladin) (новела) (1998)
- Камената жена (The Stone Women) (2000)
- Господари на вселената: Крстоносниот поход на НАТО на Балканот (Masters of the Universe: NATO's Balkan Crusade) (2000)
- „Судир на фундаментализмите: крстоносците, џихадите и модерноста“ (Clash of Fundamentalisms: Crusades, Jihads and Modernity) (2002)
- „Буш во Вавилон“ (Bush in Babylon) (2003)
- Зборувајќи за империјата и отпорот: Разговори со Тарик Али (Speaking of Empire and Resistance: Conversations with Tariq Ali) (2005)
- Сурова музика: Блер, бомби, Багдад, Лондон, терор (Rough music: Blair, Bombs, Baghdad, London, Terror) (2005)
- Разговори со Едвард Саид (Conversations with Edward Said) (2005)
- Султан во Палермо (A Sultan in Palermo) (2005, features Roger II of Sicily)
- Леопардот и лисицата (The Leopard and the Fox) (2006)
- „Пирати од Карибите: Оска на надежта“ (Pirates of the Caribbean: Axis of Hope) (2006)
- Банкар за секое време: Банка на обединети крадци и измамници (A Banker for All Seasons: Bank of Crooks and Cheats Incorporated) (2007)
- Атентат: Кој ја уби Индира Г? (The assassination: Who Killed Indira G?) (2008)
- Двобојот: Пакистан на летачката линија на американската сила (The Duel: Pakistan on the Flight Path of American Power) (2008)
- Протокол на старешините од Содома: и други есеи (The Protocols of the Elders of Sodom: and other Essays) (2009)
- Идејата на комунизмот (The Idea of Communism) (2009)
Филмографија
[уреди | уреди извор]- „Ангел на пеколот“ (Hell`s Angel) 1994 - сценарист
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Stade, George (2009). Encyclopedia of British Writers, 1800 to the Present Volume 2. стр. 12.
- ↑ Tariq Ali Biography Архивирано на 1 октомври 2007 г., Contemporary Writers, accessed 31 October 2006
- ↑ "As 250 Killed in Clashes Near Afghan Border, British-Pakistani Author Tariq Ali on Pakistan, Afghanistan, and the Ongoing U.S. Role in Regional Turmoil Архивирано на 14 ноември 2007 г.", Democracy Now!, 10 October 2007. Retrieved 11 October 2007.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница на Тарик Али Архивирано на 9 август 2018 г.
- „Политичарите на Балканот се сосема бескорисни“, интервју со Тарик Али
- Книги од Тарик Али во издание на „Култура“
|