Кирил Лазаров
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Име и презиме | Кирил Лазаров | ||
Роден(а) |
10 мај 1980 Свети Николе, СР Македонија, СФРЈ | ||
Националност | Македонец | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | 1,93 м | ||
Тежина | 98 кг | ||
Позиција | десен бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | РК Нант | ||
Број | 17 | ||
Младински клубови | |||
1991–1994 1994–1997 |
Овче Поле Борец | ||
Сениорски клубови | |||
1997–2000 2000–2002 2002–2007 2007–2010 2010 2010–2011 2011–2013 2013–2017 2017–2022 |
Пелистер Загреб Веспрем Загреб Ал Сад Сиудад Реал Атлетико Мадрид Барселона Нант | ||
Репрезентација | |||
1999– | Македонија | 237 (1699) | |
Кирил „Кире“ Лазаров (роден на 10 мај 1980 во Свети Николе) — македонски ракометен тренер на РК Алкалоид и поранешен ракометар кој последен пат настапувал за француската екипа РК Нант, како и за Ракометната репрезентација на Македонија.[1] Лазаров се наоѓа на првото место на списокот на најмногу постигнати голови во рамките на Лигата на шампиони во ракомет, со постигнати 1256 погодоци во 18 сезони, правејќи го еден од најдобрите ракометари во историјата[2][3]. Лазаров се наоѓа и на првото место во категоријата најмногу постигнати голови на едно Европско првенство, со 61 гола. Со екипата на Барселона ја има освоено Лигата на шампионите.
Дресот со бројот 7, односно цифрата што Лазаров ја има носено во македонската репрезентација и РК Загреб (како и варијации со бројот 17 во РК Нант), е поради југословенскиот и хрватскиот кошаркар Тони Кукоч кој во Лазаровото детство оставил голем белег како успешен спортист.[4][5]
Лазаров е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои и Спортист на Македонија за 2009, 2014, 2017, 2018 година. Добитник е и на два национални медали за заслуги од претседателот на Македонија Бранко Црвенковски (2009 година) и од претседателот Ѓорѓе Иванов (2011 година), а е прогласен и за Спортски Амбасадор на Македонија.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Домашна кариера
[уреди | уреди извор]Лазаров започнал да тренира ракомет уште од најмлади години. На 13 години настапувал во младинската екипа на РК Овче Поле каде тренер му бил неговиот татко и Јанев како тренерски тандем. Неговите квалитети ги демонстрирал на позицијата десно крило, на која играл во првите години од неговата кариера. Во својот матичен клуб се задржал до 1994 година, кога поминал во редовите на РК Борец од Велес, во годината кога овој клуб станал национален првак. По три поминати сезони во младинскиот клуб на Борец, Лазаров потпишал со РК Пелистер од Битола во 1997 година, каде за првпат дебитирал во најсилната македонска лига. Со РК Пелистер станал шампион на Македонија во сезоните 1997-1998 и 1999-2000, го освоил Купот на Македонија во сезоните 1998 и 1999. Лазаров со екипата на Пелистер дебитирал на европските натпреварувања.
Меѓународна кариера
[уреди | уреди извор]Во јуни 2000 година, Лазаров ја започнал својата меѓународна кариера во хрватски Бадел 1862 Загреб.[6]. Овде се задржал до 2002 година, и во сезоната 2000-2001 станал шампион на Хрватска и освојувач на Националниот Куп на Хрватска.
Во периодот од 2002 до 2007 година, Кире Лазаров настапувал за екипата на РК Веспрем од Унгарија. Со Веспрем станал пет пати шампион на Унгарија и пет пати освојувач на Националниот Куп на Унгарија. За првпат во редовите на Веспрем постигнал добри резултати и на европско ниво. Така, на двапати со својот тим стигнал до полуфиналето на Лигата на шампионите во ракомет, и станал најдобар стрелец. Во 2006 година бил избран за спортист на Веспрем. Во периодот од 2007 до 2010 година, Лазаров повторно настапувал за РК Загреб, каде станал трипати шампион на Хрватска и трипати освојувач на Националниот Куп на Хрватска. Во сезоната 2007-2008 станал најдобар стрелец во Лигата на шампиони во ракомет со 96 постигнати погодоци[7], а истото признание го добил и наредната 2008-2009, кога постигнал 93 погодоци. Во сезоната 2009-2010 од Лигата на шампионите, Лазаров постигнал 83 погодоци.
Во 2010 година, Лазаров потпишал за екипата на РК Атлетико Мадрид од Шпанија за сума од 125.000 евра.[8] Со овој тим станал освојувач на ИХФ Супер глоб, трипати освојувач на Националниот Куп на Шпанија, еден пат освојувач на АСОБАЛ Купот. Во сезоната 2011-2012 станал втор најдобар стрелец во Лигата на шампиони во ракомет со 97 постигнати погодоци.
Во 2013 година, Лазаров преминал во „Барселона“, а во јануари 2015 година, медиумите во Хрватска објавиле дека годишната плата на Лазаров во „Барселона“ изнесува 450.000 евра, со што тој станал третиот најплатен ракометар во светот, по Домагој Дувњак и Никола Карабатиќ.[9] Во февруари 2015 година, пред да му истече тековниот договор, Лазаров потпишал нов двегодишен договор со „Барселона“, со трајност до крајот на сезоната 2016/2017.[10] Во првите две сезони поминати во „Барселона“, Лазаров бил најдобар стрелец на клубот во шпанската лига и во Лигата на шампионите. Со овој тим станал двапати освојувач на ИХФ Супер глоб, четири пати национален првак на Шпанија, четири пати освојувач на АСОБАЛ Купот и АСОБАЛ Суперкупот, двапати освојувач на Каталонскиот Суперкуп, како и освојувач на Лигата на шампионите. На крајот од сезоната 2014-2015, целиот тим на „Барселона“ добил место во идеалниот тим на шпанската лига „АСОБАЛ“, а Лазаров бил прогласен за најдобар десен бек во лигата.[11] Регионалниот ракометен портал „Балкан хендбол“ го прогласил Кире Лазаров за најдобар ракометар од овие простори во сезоната 2014-2015. Притоа, Лазаров освоил 29 гласа, со што за еден глас го победил Момир Илиќ, кој бил прогласен за најдобар во 2014 година.[12]
Во 2017 година Лазаров потпишал двегодишен договор со РК Нант, а по една помината сезона, договорот го продолжил до 2021 година[13].со екипата на Нант станал својувач на „Трофејот на шампионите".
Статистика
[уреди | уреди извор]- Податоците се однесуваат само на постигнатите голови во рамките на европските турнири, како: ЕХФ Куп, Куп на победниците на куповите, Лига на шампиони
Клуб | Сезона | Лига | Натпревари | Голови |
---|---|---|---|---|
РК Пелистер Македонија |
1997-1998 | ЕХФ Куп | / | / |
1998-1999 | ЕХФ Куп | 1 | 4 | |
1999-2000 | Куп на победниците на куповите | / | / | |
РК Бадел 1862 - Загреб Хрватска |
2000-2001 | Лига на шампиони | / | / |
РК Фотекс Веспрем Унгарија |
2002-2003 | Лига на шампиони | / | / |
2003-2004 | Лига на шампиони | 6 | 39 | |
2004-2005 | Лига на шампиони | 10 | 76 | |
2005-2006 | Лига на шампиони | 12 | 85 | |
2006-2007 | Лига на шампиони | 10 | 82 | |
РК Кроација Осигурање - Загреб Хрватска |
2007-2008 | Лига на шампиони | 12 | 96 |
2008-2009 | Лига на шампиони | 12 | 93 | |
2009-2010 | Лига на шампиони | 12 | 83 | |
РК Ал Сад Катар |
2010 | / | / | / |
РК Реновалија Сиудад Реал Шпанија |
2010-2011 | Лига на шампиони | 13 | 74 |
БМ Атлетико Мадрид Шпанија |
2011-2012 | Лига на шампиони | 15 | 97 |
2012-2013 | Лига на шампиони | 12 | 69 | |
РК Барселона Шпанија |
2013-2014 | Лига на шампиони | 16 | 80 |
2014-2015 | Лига на шампиони | 16 | 106 | |
2015-2016 | Лига на шампиони | 16 | 109 | |
2016-2017 | Лига на шампиони | 18 | 85 | |
РК Нант Франција |
2017-2018 | Лига на шампиони | 15 | 53 |
2018-2019 | Лига на шампиони | 11 | 75 | |
2019-2020 | Лига на шампиони | / | 10 |
- Податоците се однесуваат на локалните првенства
Сезона | Клуб | Лига | Натпревари | Голови | 7-метри | Голови |
---|---|---|---|---|---|---|
2011-12 | Атлетико Мадрид | LIGA ASOBAL | 30 | 156 | 34 | 122 |
2012-13 | Атлетико Мадрид | LIGA ASOBAL | 29 | 156 | 42 | 114 |
2013-14 | Барселона | LIGA ASOBAL | 30 | 131 | 32 | 99 |
2014/15 | Барселона | LIGA ASOBAL | 27 | 120 | 25 | 95 |
2015/16 | Барселона | LIGA ASOBAL | 25 | 147 | 70 | 77 |
2017/18 | ГК Нант | LNH division 1 | 20 | 87 | 33 | 54 |
2018/19 | ГК Нант | LNH division 1 | 10 | 39 | 3 | 36 |
2011-по н.в. | Вкупно | LIGA ASOBAL | 141 | 710 | 203 | 507 |
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Лазаров е капитен на Ракометната репрезентација на Македонија и игра на позицијата десен бек. Тој е најдобар стрелец во историјата на светските првенства во ракомет.
Младинска селекција
[уреди | уреди извор]Лазаров на свои 14 години го направил своето деби за младинската репрезентација на Македонија, учествувајќи на Европското првенство во ракомет за млади во Израел во 1994 година. На Светското првенство за млади во 1997 година, кое се одржало во Турција, Македонија го освоила 12-тото место, а Лазаров бил дел од тимот. Лазаров учествувал и на Европското првенство за млади во 2000 година, кое се одржало во Грција, каде Македонија го освоила 9-тото место.
1999-2009
[уреди | уреди извор]Кирил Лазаров за првпат бил повикан во сениорскиот тим на Македонија за Светското првенство во 1999 година кое се одржало во Египет, каде Македонија го освоила 18-тото место[14].
Светско првенство 2009
[уреди | уреди извор]На 29 јануари 2009 година, Лазаров поставил нов рекорд на Светското првенство во ракомет што се одржало во Хрватска, со постигнати 92 погодоци,[15] со што го срушил рекордот од 1995 година, поставен од Кореанецот Кјунг-Шин Јуна на Светското првенство во ракомет во Исланд, со постигнати 86 голови.[16]
Европско првенство 2012
[уреди | уреди извор]На 27 јануари 2012 година, Лазаров поставил нов рекорд како најдобар стрелец: На Европското првенство во ракомет за мажи 2012 што се одржало во Србија, тој постигнал 61 погодок, со што го срушил рекордот од 2002 година, поставен од Исланѓанецот Олафур Стефансон и Швеѓанецот Штефан Ловгрен на Европското првенство во Шведска од 57 погодоци.[17]
Европско првенство 2014
[уреди | уреди извор]На отворањето на првенството, Македонија загубила од домаќинот Данска со 21-29 при што Лазаров постигнал седум голови, а два дена подоцна, на натпреварот против Чешка, кој завршил 24-24, тој повторно бил најдобар стрелец, со постигнати 12 голови, т.е. половина од вкупниот број голови за својата репрезентација. На овој натпревар, тој бил прогласен за најдобар ракометар во редовите на македонската репрезентација. На целото Европско првенство, Лазаров постигнал вкупно 38 голови во пет одиграни натпревари (на последниот меч против Шпанија, во рамките на втората групна фаза, Лазаров не настапил).[18][19]
Светско првенство 2015
[уреди | уреди извор]На Светското првенство, одржано во Катар, Лазаров бил најдобар стрелец за Македонија, со постигнати 45 голови.
Европско првенство 2016
[уреди | уреди извор]На Европското првенство, одржано во Полска, Лазаров бил најдобар стрелец за Македонија, со постигнати 42 голови.
Светско првенство 2017
[уреди | уреди извор]На Светското првенство, одржано во Франција, Лазаров бил најдобар стрелец, со постигнати 50 голови.[15]
Европско првенство 2018
[уреди | уреди извор]На Европското првенство, одржано во Хрватска, Лазаров се повредил на натпреварот со Шпанија.
Светско првенство 2019
[уреди | уреди извор]На Светското првенство, одржано во Данска и Германија, Лазаров бил најдобар стрелец за Македонија, со постигнати 48 голови.
Европско првенство 2020
[уреди | уреди извор]На Европското првенство, одржано во Австрија, Норвешка и Шведска Лазаров бил најдобар стрелец за Македонија.
Статистика
[уреди | уреди извор]- Податоците се однесуваат само на европските и светските првенства, но не и на квалификациите за пласман
Личен живот
[уреди | уреди извор]Кога имал 17 години, Лазаров ја запознал својата идна сопруга, Љубица (тогаш, на возраст од 19 години), родена во Гостивар. По долгогодишна врска со својата сограѓанка Лубица, Лазаров стапил во брак со неа во јуни 2006 година и со неа има две деца: синот Благојче и ќерката Лана.[21][22] Неговиот брат Филип Лазаров е, исто така, познат македонски ракометар.
Во текот на септември 2018 година, Лазаров отворил ракометна школа во Битола[23].
Награди и одликувања
[уреди | уреди извор]- МВП на ЕХФ Лигата на шампионите 2011/12 според „Планет Хендбол„
- МВП на Супер Глобе - Доха 2010
- МВП на ЕХФ Европското првенство – Србија 2012 според „Планет Хендбол„
- Освојувач на 5 место со Македонија на Европското првенство во Србија 2012 година и најдобар стрелец на првенството со 61 гол на 7 меча
- Освојувач на 11 место со Македонија на Светското првенство во Хрватска 2009 година и најдобар стрелец на првенството со 92 гола на 9 меча. Овој резултат е најдобро постигање на еден најдобар стрелец во историјата на Светските првенства.
- Најдобар стрелец на Светското првенство 2017 со 50 гола
- Првиот ракометар кој станал најдобар стрелец и на Европско и на Светско првенство
- Најдобар стрелец во европските купови на сите времиња (над 1000 гола)
- Член на идеалниот тим на францускиот весник „Lequipe„ за најдобрите во Европа за 2012 година
- Најдобар стрелец на Балканско првенство во 1999 година
- Спортист на Македонија за 2009 2014, 2017, 2018 годинаprofil33
- Спортист на Битола за 1999 година
- Спортист на Веспрем за 2006 година
- Спортски Амбасадор на Македонија
- Најдобар странец во првенството на Унгарија во 2005 и 2006 година
- Единствен македонски ракометар шампион во четири различни земји (Македонија, Хрватска, Унгарија , Шпанија)
- Единствен македонски ракометар освојувач на националниот Куп во четири различни земји (Македонија, Хрватска, Унгарија, Шпанија)
- Најмлад македонски сениорски репрезентативец во историјата - 17 години
- Најмлад македонски ракометер во Европските купови - 15 години и 4 месеци
- Наградата „Troefeo Powerade“ поради континуитетот во дресот на Барселона.
- Најуспешен маж во сферата на спортот за 2018 годината
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „EHF profile“. Архивирано од изворникот на 2015-01-31. Посетено на 2019-12-03.
- ↑ Idrizi, Amina. "Lazarov brothers battle at the top of Group B". EHF. 20 November 2015.
- ↑ "WCh France 2017, Day 2: Macedonia edge Tunisia, Slovenia crush Angola as SEHA players combine for 29". SEHA League. 12 January 2017.
- ↑ „Лазаров: Седумката на дресот ја носам заради Тони Кукоч“. lazarovkiril7.com преку web.archive.org. 30 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-04-03. Посетено на 4 април 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Лазаров: Седумката на дресот ја носам заради Тони Кукоч“. gol.mk преку web.archive.org. 30 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-04-03. Посетено на 4 април 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Лазаров и официјално член на Бадел Загреб“. dnevnik.com.mk. 3 јуни 2000. Посетено на 19 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ „Л’Екип“: Кирил Лазаров е најдобар десен бек во Европа! Архивирано на 23 септември 2019 г.; преземено од МКД портал
- ↑ Лазаров во Сиудад Реал - Трансферот вреден 125.000 евра; преземено од ИдиВиди
- ↑ „Кирил Лазаров во Барса игра за 450.000 евра од сезона“, Дневник, година XIX, број 5668, петок, 16 јануари 2015, стр. 20.
- ↑ „Лазаров потпиша нов двегодишен договор со Барселона“, Дневник, година XIX, број 5691, петок, 13 февруари 2015, стр. 22.
- ↑ „Лазаров во идеалниот тим на АСОБАЛ за минатата сезона“, Дневник, година XIX, број 5856, четврток, 3 септември 2015, стр. 22.
- ↑ „Кирил Лазаров најдобар на екс ју-просторите “, Дневник, година XIX, број 5800, 26 јуни 2015, стр. 24.
- ↑ https://sportmanija.mk/ofitsijalno-kiril-lazarov-potpisha-nov-dogovor-so-nant/
- ↑ „Преку Тунис се стасува на Игрите во Рио“, Дневник, година XIX, број 5668, петок, 16 јануари 2015, стр. 20-21.
- ↑ 15,0 15,1 „И Нант во трка за Кирил Лазаров“, Дневник, година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 21.
- ↑ Кире Лазаров се запиша во ракометната историја Архивирано на 19 јули 2012 г.; преземено од On.net
- ↑ Лазаров најдобар стрелец на Европските првенства; преземено од tocka.com.mk
- ↑ „Лазаров го чува приматот најдобар стрелец“, Дневник, година XVIII, број 5367, петок, 17 јануари 2014, стр. 27.
- ↑ „Сигурдсон го симна Лазаров од престолот“, Дневник, година XVIII, број 5373, петок, 24 јануари 2014, стр. 26-27."
- ↑ Лазаров се повредил на натпреварот со Шпанија, и не играл во следните натпревари
- ↑ Антена, број 836, 4.7.2014, стр. 6-7.
- ↑ ФОТО: Целото семејство Лазарови ги бодрат Кире и Филип; преземено од lazarovkiril7.com
- ↑ Ракометната школа на Кирил Лазаров од Септември започнува со работа во Битола
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Кирил Лазаров“ на Ризницата ? |
|
|
|
|
|
|
|
|