Петар Ангелов
|
| |||
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Име и презиме | Петар Ангелов | ||
| Роден(а) |
8 март 1977 Кавадарци, СР Македонија, СФРЈ | ||
| Спорт |
| ||
| Висина | 188 | ||
| Тежина | 103 кг | ||
| Позиција | Голман | ||
| Клупски податоци | |||
| Тековен клуб |
| ||
| Број | 26 | ||
| Сениорски клубови | |||
| 1997–2000 2000–2005 2005–2009 2009–2010 2010–2013 2013–2017 2017–2018 2018– |
| ||
| Репрезентација 1 | |||
| 2002–2016 |
| 138 (7) | |
|
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат за 29 јануари 2012 | |||
Петар Ангелов (8 март 1977 , Кавадарци), познат под прекарот Диви, ― македонски ракометар, кој игра на позицијата голман. Тој го носи прекарот „Диви“ поради неговата способност да направи добра атмосфера, како на теренот така и на трибините, особено при неговите одбрани.
Животопис
[уреди | уреди извор]Петар Ангелов е оженет и е татко на три деца.
Кариера
[уреди | уреди извор]Во својата плодна кариера, Ангелов има играно во македонските ракометни клубови Кавадарци, Металург, Пелистер и Вардар, како и во францускиот Трембле.
Особено блескави настапи, Ангелов остварил во дресот на „Вардар“, каде дошол во 2013 година. Така, во Лигата на шампионите, во сезоната 2013-2014, во осминафиналниот натпревар против „Хамбург“, како и во четвртфиналниот натпревар против „Флензбург“, Ангелов имал голем придонес во победите на „Вардар“. Во декември 2014 година, тој го продолжил договорот со „Вардар“ на уште две години, до јуни 2017 година.[1]
На почетокот на 2018 година, тој потпишал за австрискиот клуб Кремс.[2]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Ангелов бил стандарден македонски репрезентативец во периодот од 2002–2016 година, и бил дел од составот на македонската репрезентација на Светското првенство 2009 како и на Европските првенства одржани во 2012 и 2014 година. Ангелов исто така бил дел од македонскиот состав на Светското првенство 2015.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ангелов уште две сезони во Вардар“, Дневник, година XIX, број 5657, петок, 2 јануари 2015, стр. 22.
- ↑ „Диви“ ќе го брани австрискиот Кремс Спортмедија; 5 февруари 2018
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||
| ||||||||
| ||||||||