Марко Мишевски
| Марко Мишевски | |||
|---|---|---|---|
|
| |||
| Лични податоци | |||
| Роден(а) |
23 август 1999 Скопје, Македонија | ||
| Националност | Македонец | ||
| Спорт |
| ||
| Висина | 1.99 м | ||
| Позиција | Среден бек | ||
| Клупски податоци | |||
| Тековен клуб |
| ||
| Број | 97 | ||
| Младински клубови | |||
|
| |||
| Сениорски клубови | |||
| –2017 2017–2019 2018–2019 2019–2020 2020–2024 2024– |
| ||
| Репрезентација | |||
| 2019– |
| 3 (0) | |
Марко Мишевски (роден на 23 август 1999 г.) — македонски ракометар кој игра за францускиот второлигаш Курнон Доверњ.[1]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Мишевски започнал да тренира ракомет на 10-годишна возраст во Металург, но подоцна се префрлил во Вардар, каде што бил дел од пионерската и младинската екипа на клубот, а во сезоната 2016–17 бил прекомандуван во РК Вардар 2, каде што бил еден од најдобрите стрелци и помогнал на екипата да го освои второто место во Првата македонска лига. [2] Следната сезона тој бил прекомандуван во вториот тим на Вардар, суперлигашот Вардар Јуниор. На почетокот на сезоната 2018–19, Мишевски бил приклучен кон првиот тим на Вардар.[3]
Во август 2019 година Мишевски потпишал за францускиот второлигаш Гренобл, но по крајот на полусезоната го напуштил францускиот клуб кој се соочил со финансиски проблеми и повторно потпишал за Вардар.[4][5]
Успеси
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Марко Мишевски се враќа во Франција!24rakomet.mk; 4 јули 2024
- ↑ Марко Мишевски: Ние сме млади играчи, со огромна желба за докажување во најсилната супер лига vardarfans.mk; 28 јули 2017
- ↑ Марко Мишевски ќе добие шанса во првиот тим на Вардар gol.mk; 31 јули 2018
- ↑ Прв интернационален предизвик: Мишевски потпиша за Гренобл! gol.mk; 14 август 2019
- ↑ Вардар потврди: Борко Ристовски и Марко Мишевски потпишаа до крајот на сезоната Архивирано на 2 мај 2022 г. mkd.mk; 2 март 2020
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||