Лазо Мајнов
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Роден(а) |
26 април 1980 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | ||
| Националност | Македонец | ||
| Спорт |
| ||
| Висина | 1,98 м | ||
| Тежина | 100 кг | ||
| Позиција | Десен бек | ||
| Клупски податоци | |||
| Младински клубови | |||
|
| |||
| Сениорски клубови | |||
2001–2003 2003–2005 2005–2006 2006–2007 2007–2008 2008–2010 2010–2011 2011 2012 2012–2013 2013–2016 2016–2017 2017–2018 |
| ||
| Репрезентација | |||
|
| 56 (91) | ||
Лазо Мајнов (роден на 26 април 1980 ) — поранешен македонски ракометар.
Кариера
[уреди | уреди извор]Мајнов својата ракометна кариера ја започнал во Работнички, а потоа четири сезони играл за Пролет, пред да се пресели во редовите на Вардар Ватростална каде што играл три сезони. Тој започнал интернационална кариера во 2003 година, преминувајќи во РК Загреб, со кој освоил две титули во хрватската премиер лига.
Мајнов сезоната 2005–06 ја поминал во францускиот Трембле, а во летото 2006 година повторно се вратил во Вардар ПРО. По една сезона во дресот на црвено-црните, тој заиграл за италијанскиот клуб Болоња Јунајтед, а потоа и за словенечкиот клуб Рибница, во кој се задржал две сезони, и го напуштил во 2010 година откако клубот доживеал финансиски крах. Тој повторно се вратил во македонската супер лига, потпишувајќи за Металург, но во македонскиот првак останал само една полусезона.
Мајнов следно заиграл во АСОБАЛ лигата, за Антекера, во 2011 година, но брзо го напуштил клубот поради неисплатени плати, преминувајќи во Мешков Брест на почетокот на 2012 година. На почетокот на сезоната 2012–13, тој потпишал за норвешкиот Елверум со кој ја освоил титулата во норвешкото првенство. Во летото 2013 година, Мајнов преминал во редовите на романскиот Одорхеи, во кој останал три сезони и со кој успеал да го освои ЕХФ Челинџ купот во сезоната 2014–15.
На почетокот на сезоната 2016–17, Мајнов се вратил во македонската супер лига, потпишувајќи за Еурофарм Работник. [1] Мајнов ја завршил својата кариера на 38-годишна возраст во ОАЕ, играјќи за АЛ-Наср, во кој преминал во 2018 година.[2]
Во март 2022 година, Мајнов бил промовиран во извршен директор на клубот Бутел Скопје.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Лазо Мајнов официјално претставен како нов член на Еурофарм Работникgol.mk; 17 октомври 2016
- ↑ ИНТЕРВЈУ ЛАЗО МАЈНОВ: Жалам што за Македонија не сум го дал максимумот, должен сум и затоа му се враќам на ракометот24rakomet; 14 ноември 2020
- ↑ Лазо Мајнов претставен за нов извршен директор на РК Бутел ekipa.mk; 9 март 2022