Средоземни игри
![]() Знаме на игрите | |
![]() Плакат за I Средоземни игри во Александрија, 1951 г. | |
Први | 1951 (Александрија, Египет) |
---|---|
Честота | на 4 години |
Последни | 2018, Тарагона, Шпанија |
Цел | спортови во Средоземјето |
Претседател | Амар Адади (Алжир) |
Мреж. место | МКСИ |
Средоземни игри (или Медитерански игри) — меѓународно спортско натпреварување, кое се одржува на секои четири години. Земјите-учеснички мора да бидат дел од средоземната цивилизација. Овој настан го предложил Мохамед Тахер-паша, кој бил претседател на Олимпискиот комитет на Египет за време на Летните олимписки игри 1948. Првите Средоземни игри се одржале во 1951 г. во Александрија, еден од најголемите градови на Египет. Првите 10 игри се одржувале една година пред Олимписките игри, но во 1991 било одлучено игрите да се одржуваат една година по Олимписките игри.
Македонија за првпат почнала да учествува на XVII Средоземни игри во Мерсин, 2013 г.
Историја на Средоземните игри
[уреди | уреди извор]Првите Средоземни игри
[уреди | уреди извор]Првите Средоземни игри се одржале во месец октомври во 1951 г. во Александрија, во чест на Мохамед Тахер-паша, кој ја изнел идејата за овој настан. На настанот учествувале 734 спортисти од 10 земји, кои настапиле во 13 спортови. Веќе на вторите игри, кои се одржале во 1955 г. Во Барселона е основано контролно тело, кое ги надгледува натпреварувачите во сите натпревари и врши анти-допинг контрола. На 16 јуни 1961 г., ова тело го добило своето официјално име: Службен одбор на Средоземните игри (француски: Comité International des Jeux Méditerranéens).
Врховно тело
[уреди | уреди извор]Средоземните игри, како спортски настан кој се одржува секои четири години има углед на најголем спортски настан околу Средоземното Море. Настанот предизвикува голем интерес кај земји од три континенти: Европа, Африка и Азија. Специфичноста на овие игри е способноста на малите земји да освојат медал. Нема ниту една држава, чиј претставник не освоил барем еден медал, па дури и држави како Либан и Сан Марино освоиле медал. Покрај спортот, идеологијата на овој настан се заснова и на создавање на можност за мирна и праведна соработка на спортистите од трите континенти.
Игрите се одржуваат под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, но за нивното одржување е одговорен Грчкиот олимписки комитет. Седиштето на Одборот на Средоземните игри се наоѓа во Атина, а секретарот мора да биде Грк. Обврските, кои Грција ги има како еден од главните организатори на Средоземните игри се исполнува и со напорите на Владата на Грција, која инвестира во развојот на игрите.
Одлики на Средоземните игри
[уреди | уреди извор]Лого
[уреди | уреди извор]Официјалното лого на Средоземните игри, кои се нарекуваат Средоземни олимписки игри се состои од три круга, кои ги симболизираат трите континенти, чии земји се натпреваруваат. Круговите се одржуваат во сината позадина, која го симболизира морето површина сино. За време на церемонијата на затворање на игрите, знамето се предава на претставник од земјата-домаќин на следните Средоземни игри.
Земји-учеснички
[уреди | уреди извор]
На игрите тековно учествуваат вкупно 26 земји:[1]
- Африка: Алжир, Египет, Либија, Мароко и Тунис
- Азија: Либан и Сирија.
- Европа: Албанија, Андора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Италија, Кипар, Косово[2], Македонија, Малта, Монако, Португалија, Сан Марино, Словенија, Србија, Турција, Франција, Црна Гора и Шпанија.
Единствена земја, чие уество ѝ е дозволено, а не учествува е Израел. Иако географски не припаѓаат на Средоземјето, некои земји како на пример Македонија, Португалија, Србија, Андора и Сан Марино, кои веќе учествуваат може да влијае на игрите да учествуваат и некои арапски земји.
Градови-домаќини
[уреди | уреди извор]Назив | Година | Место | Земја |
---|---|---|---|
I Средоземни игри | 1951 | Александрија | ![]() |
II Средоземни игри | 1955 | Барселона | ![]() |
III Средоземни игри | 1959 | Бејрут | ![]() |
IV Средоземни игри | 1963 | Неапол | ![]() |
V Средоземни игри | 1967 | Тунис | ![]() |
VI Средоземни игри | 1971 | Измир | ![]() |
VII Средоземни игри | 1975 | Алжир | ![]() |
VIII Средоземни игри | 1979 | Сплит | ![]() |
IX Средоземни игри | 1983 | Казабланка | ![]() |
X Средоземни игри | 1987 | Латакија | ![]() |
XI Средоземни игри | 1991 | Атина | ![]() |
XII Средоземни игри | 1993 | Лангдок-Русијон | ![]() |
XIII Средоземни игри | 1997 | Бари | ![]() |
XIV Средоземни игри | 2001 | Тунис | ![]() |
XV Средоземни игри | 2005 | Алмерија | ![]() |
XVI Средоземни игри | 2009 | Пескара | ![]() |
XVII Средоземни игри | 2013 | Мерсин | ![]() |
XVIII Средоземни игри | 2018 | Тарагона | ![]() |
XIX Средоземни игри | 2022 | Оран | ![]() |
XX Средоземни игри | 2026 | Таранто | ![]() |
XXI Средоземни игри | 2030 | Приштина | ![]() |
Застапени на спортови
[уреди | уреди извор]На игрите затапени се вкупно 33 спортови.
|
|
|
За учество на жени било одлучено уште во 1959, но за првпат учествувале во 1967 г.
Освоени медали по земји
[уреди | уреди извор]Ранг | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | ![]() |
876 | 740 | 687 | 2303[3] |
2 | ![]() |
631 | 576 | 533 | 1740[3] |
3 | ![]() |
341 | 243 | 278 | 862[3] |
4 | ![]() |
329 | 449 | 544 | 1322[3] |
5 | ![]() |
199 | 177 | 182 | 558[3] |
6 | ![]() |
192 | 247 | 339 | 778[3] |
7 | ![]() |
142 | 194 | 231 | 567[3] |
8 | ![]() |
83 | 93 | 146 | 322[3] |
9 | ![]() |
69 | 77 | 99 | 245[3] |
10 | ![]() |
66 | 59 | 115 | 240[3] |
11 | ![]() |
51 | 62 | 69 | 182[3] |
12 | ![]() |
49 | 56 | 90 | 195[3] |
13 | ![]() |
49 | 53 | 75 | 177[3] |
14 | ![]() |
28 | 39 | 76 | 143[3] |
15 | ![]() |
23 | 21 | 30 | 74[3] |
16 | ![]() |
14 | 19 | 18 | 51[3] |
17 | ![]() |
10 | 23 | 42 | 75[3] |
18 | ![]() |
9 | 18 | 17 | 44[3] |
19 | ![]() |
4 | 8 | 19 | 31[3] |
20 | ![]() |
3 | 9 | 5 | 17[3] |
21 | ![]() |
3 | 8 | 13 | 24[3] |
22 | ![]() |
3 | 5 | 8 | 16[3] |
23 | ![]() |
3 | 1 | 0 | 4[3] |
24 | ![]() |
2 | 2 | 7 | 11[3] |
25 | ![]() |
2 | 1 | 13 | 16[3] |
26 | ![]() |
1 | 3 | 4 | 8[3] |
27 | ![]() |
0 | 3 | 1 | 4[3] |
Вкупно | 2686 | 2686 | 3023 | 8395 |
- Југославија учествувала во 1997 и 2001 г. како СР Југославија.[4]
- Србија учествувала во 2005 г. како Србија и Црна Гора.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Земји-учеснички“. Пескара 2009. Архивирано од изворникот на 2008-01-21. Посетено на 15 март 2018. (англиски)
- ↑ Признаена на Средоземните игри, иако не во ООН. Почнала да учествува во 2018 г.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 3,15 3,16 3,17 3,18 3,19 3,20 3,21 3,22 3,23 3,24 3,25 3,26 „Табела на медали по земји и по игри“. (англиски)
- ↑ „International Committee of the Mediterranean Games“.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Средоземни игри на Ризницата ?
- Средоземните (Медитерански) игри на порталот на Македонскиот олимписки комитет (македонски)
- Меѓународен комитет на Средоземните игри Архивирано на 3 февруари 2007 г. (англиски)
- Резултати од Средоземните игри — gbrathletics (англиски)