Прејди на содржината

Машка ракометна репрезентација на Данска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Данска
Податоци
СојузДански Ракометен Сојуз
ТренерНиколај Јакобсон
Најмногу натпревариЛарс Кристијансен (338)
Најмногу головиЛарс Кристијансен (1503)
Бои
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Дома
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гости
Резултати
Летни олимписки игри
Настапи7 (првпат во 1972)
Најдобар резултат1-во (2016)
Светско првенство
Настапи23 (првпат во 1938)
Најдобар резултат1-во (2019)
Европско првенство
Настапи12 (првпат во 1994)
Најдобар резултат1-во (2008, 2012)
Последна поднова на податоците: непознато.
Светско првенство во ракомет за мажи 2017
Шведска/ Данска (Група D)
16 јануари 2017.
Машка ракометна репрезентација на Данска
Медали
Олимписки игри
Златен медал - прво место2016 Рио.
Светско првенство
Златен медал - прво место2019 Данска/Германија
Сребрен медал – второ место1967 Шведска
Сребрен медал – второ место2011 Шведска
Сребрен медал – второ место2013 Шпанија
Бронзен медал – трето место2007 Германија
World Outdoor Championship
Сребрен медал – второ место1948 Франција
Европско првенство
Златен медал - прво место2008 Норвешка
Златен медал - прво место2012 Србија
Сребрен медал – второ место2014 Данска
Бронзен медал – трето место2002 Шведска
Бронзен медал – трето место2004 Словенија
Бронзен медал – трето место2006 Швајцарија

Машка ракометна репрезентација на Данска — државна репрезентација на Данска која ја претставува државата на меѓународните ракометни турнири. Данска се наоѓа на второто место по освоени медали во историјата на Европските првенства во машка конкуренција веднаш по Шпанија, со вкупно шест медали, од кои се два златни медали (2008, 2012), еден сребрен (2014) и три бронзени медали (2002, 2004 и 2006 година). Од јануари 2019 година, Данска е актуелен олимписки и светски шампион.

Историја

[уреди | уреди извор]

Ракометарот е втор најпопуларен спорт во Данска, веднаш зад фудбалот. На крајот на 2003 година Данската ракометна федерација имала повеќе од 146,000 активни и пасивни членови.

Светско првенство 2007 година

[уреди | уреди извор]

Во 2007 година Данска учествувала на Светското првенство во Германија, каде што се паднала во групата Е против Ангола, Унгарија и нивните соседи Норвешка. Во групната фаза Данска завршила на второто место, по победите против Ангола и Норвешка. Во главната рунда екипата се соочила со Хрватска, Чешка, Русија, Унгарија и Шпанија.

И покрај почетниот пораз против Хрватска, екипата напредувала совладувајќи ги своите последни тројца противници. Во четвртфиналето бил совладан Исланд со 42: 41. Во полуфиналето Данска била поразена од страна на Полска со 36–33. По поразот следувал натпревар за третото место, во кој Данска ја совладала Франција со 34-27, со што го освоила бронзениот медал на турнирот.

Пивотот на Данска, Михаел Кнудсен, бил избран во најдобриот тим на турнирот.

Европско првенство во 2008 година

[уреди | уреди извор]

По завршувањето на 3-тото место по три последователни Европски првенства, данската екипа освоила злато на Европското првенство во ракомет за мажи во 2008 година, првенство кое се одржало во соседна Норвешка. Тимот загубил само еден натпревар на патот кон златото, натпревар кој бил жестоко оспорен против домаќинот Норвешка. Данскиот тим ја победил Хрватска со 24-20 во финалето, откако во полуфиналето била поразена Германија. Голманот Каспер Хвид и крилниот играч Ларс Кристијан имале најголема улога во освојувањето на медалот, и двајцата биле избрани во најдобриот тим на турнирот, а Ларс Кристијансен, исто така, станал и најдобар стрелец на турнирот.

Европско првенство во 2010 година

[уреди | уреди извор]

Данска како шампион била фаворит да ја задржи титулата. Сепак, тие не успеале, губејќи натпревари против Исланд и Хрватска. Наместо да напредува во главната рунда, Данска го завршила првенството на 5-то место победувајќи ја Шпанија со резултат од 34-27.

Светско првенство во 2011 година

[уреди | уреди извор]

На Светското првенство во ракомет за мажи во 2011 година, по победата на 9 натпревари во низа, Данска стигнала до финалето кога претходно во полуфиналето ја победила Шпанија со резултат од 28:24. Ова било првпат по над 44 години, Данска да стигне до финале на Светското првенство. Во финалето Данска загубила од Франција со 35:37 во продолжение. Така, Франција во тој период ги имала освоено сите три главни титули и била европски шампион, олимписки шампион и светски шампион.

Европско првенство 2012 година

[уреди | уреди извор]

Данска дошла на Европското првенство во ракомет за мажи во 2012 година како вице-светски шампион и како еден од фаворитите за победа на турнирот. Како и да е, во главната група Данска загубила и од Србија и од Полска, продолжувајќи во главната рунда со нула бодови, имајќи само победа против Словачка. Ова значело дека Данска морала да ги победи сите свои натпревари и во исто време, тие морале да се потпрат на другите резултати за да поминат во полуфиналето. Како по чудо, резултатите од другите натпревари биле во прилог на Данска. Судбината на опстанокот на Данска лежела во Полска, бидејќи Полска морала да победи против Германија за да го одржи опстанокот на Данска на турнирот. По жестокиот и близок натпревар помеѓу Полска и Германија, Полска победила со 33:32. Ова значело дека Данска треба само да ја совлада Шведска во последниот натпревар од главната рунда и да дојде до полуфиналето. Данска ја победила Шведска со голема разлика, 31-24, станувајќи првиот тим како од машка така и од женска страна во историјата на Европското првенство, која дошла до полуфиналето, носејќи нула бодови во главниот круг.

Како и Светското првенство во ракомет за мажи во 2011 година, Данска во полуфиналето се соочила со Шпанија, натпревар во кој Данска победила со 25-24. Во другото полуфинале, домаќинот Србија ја пречекала Хрватска, натпревар во кој Србија победила со резултат од 26-22.

Во натпревар со низок резултат, Данска ја освоила својата втора титула во Европското првенство, откако во финалето ја совладала Србија со резултат од 21-19, со што станала првата ракометна репрезентација што некогаш ја одбранила титулата на европски шампион, носејќи нула бодови во главната рунда.

2013 Светско првенство

[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што поминала разочарувачки на Олимписките игри во 2012 година, Данска била меѓу најдобрите тимови кои ја освоиле титулата светски шампион. Како одбрана на европската титула, Данска се паднала во група со Русија, Исланд, Македонија, Катар и Чиле во групата Б. Победувајќи во сите свои натпревари, Данска слободно продолжила во следната фаза каде во 16-финалето се сретнала со Тунис победувајќи го со резултат од 30-23. Во следната фаза Данска стигнала до четвртфиналето каде се сретнала против Унгарија. По доброто прво полувреме, водејќи 18-11, на крај Данска успеала да победи со 28-26, стигнувајќи до полуфиналето по вторпат по ред на овој турнир. Во полуфиналето Данска се сретнала со Хрватска која во својот пат кон полуфиналето, ја совладала Франција како светски шампион. Данска го одиграла својот најдобар натпревар на Светското првенство, победувајќи со 30-24 и го обезбедила второто по ред финале на Светското првенство.

Во финалето, Данска играла против домаќинот, Шпанија. Во финалето Данска го одиграла можеби најслабиот натпревар во нејзината историја, кога била поразена со разлика од рекордни 16 гола.

Европско првенство во 2014 година

[уреди | уреди извор]

Како вице-светски шампион и предноста на домашен терен, Данска била меѓу фаворитите за победа на турнирот. Тие ги добиле сите натпревари во прелиминарното коло, како и главната рунда, стигнувајќи до полуфиналето. Данска ја совладала Хрватска со резултат од 29–27, но загубиле од Франција во финалето со 41–32. Ова било вторпат по ред Данска да загуби финале, губејќи претходно од Шпанија на Светското првенство 2013 година.

Светско првенство 2019 година

[уреди | уреди извор]

Данска заедно со Германија биле ко-домаќини на Светското првенство во 2019 година и играле во групата Ц со Норвешка, Тунис, Чиле, Австрија и Саудиска Арабија. Данска започнала со победа над Чиле и останала непоразена. Потоа во групата II во главната рунда во првиот натпревар издвојувала победа над Унгарија, исто така непоразена. Победата над седумкратниот светски првак Франција овозможила Данска да се пласира во финалето. Данска ја освоила својата прва титула светски шампион со победа од 31-22 над Норвешка во финалето.

НатпреварувањеВкупно
Летни олимписки игри 1001
Светско првенство 1315
Европско првенство 2136
Вкупно44412

     Шампион       2-ро место       3-то место       4-то место  

Олимписки игри

[уреди | уреди извор]
Игри Фаза Место Натпревари Победи Нерешени Порази ДГ ПГ ГР
Германија 1936 Берлин Не се квалификувала
Не учествувала од 1948 до 1968
Западна Германија 1972 МинхенНатпревар за 13-то место13-то од 16521278780
Канада 1976 МонтреалНатпревар за 7-то место8-мо од 115203113127−14
СССР 1980 МоскваНатпревар за 9-то место9-то од 1262041241240
САД 1984 Лос Анџелес4-то место4-то од 126402134122+12
Јужна Кореја 1988 Сеул Не се квалификувала
Шпанија 1992 Барселона
САД 1996 Атланта
Австралија 2000 Сиднеј
Грција 2004 Атина
Кина 2008 ПекингНатпревар за 7-мо место7-мо од 128323225211+14
Обединето Кралство 2012 ЛондонПолуфинале6-то од 126402146153−7
Бразил 2016 РиоШампион1-во од 128602230211+19
Јапонија 2020 ТокиоКвалификуван
Вкупно8/141 Титула442331810501026+24

Светско пвенство

[уреди | уреди извор]
Светско првенство
Година Фаза Место Натпревари Победи Нерешени Порази ДГ ПГ
Трет Рајх 1938Полуфинале43003620
Шведска 19545-то место531024445
Источна Германија 1958Полуфинале4640212186
Западна Германија 19615-то место564029278
Чехословачка 19647-мо место7630310596
Шведска 19672-ро место2 640210778
Франција 1970Полуфинале46303103116
Источна Германија 1974Втора фаза862046378
Данска 1978Полуфинале46411114101
Западна Германија 1982Полуфинале47412150143
Швајцарија 1986Втора фаза87304152160
Чехословачка 1990Не се квалификувала
Шведска 1993Втора фаза97223145156
Исланд 1995Прва фаза195203126117
Јапонија 1997Не се квалификувала
Египет 1999Шеснаесетфинале96402141140
Франција 2001Не се квалификувала
Португалија 2003Втора фаза97403201193
Тунис 2005Прва фаза135302174117
Германија 2007Полуфинале3 10703316283
Хрватска 2009Полуфинале410703298258
Шведска 2011Финале2 10901334256
Шпанија 2013Финале2 9801291244
Катар 2015Четвртфинале59621272234
Франција 2017Шеснаесетфинале106501182157
ДанскаГерманија 2019Шампион1 101000317223
Египет 2021Квалификувана
ПолскаШведска 2023TBD
Вкупно24/281 Титула15599*65138543377

Европско првенство

[уреди | уреди извор]
Европско првенство
Година Фаза Место Натпревари Победи Нерешени Порази ДГ ПГ
Португалија 19944-то место47313150152
Шпанија 199611/12 место126006132158
Италија 1998Не се квалификувала
Хрватска 20009/10 место106204143153
Шведска 20023-то место3 8611212190
Словенија 20043-то место3 8602240206
Швајцарија 20063-то место3 8512249231
Норвешка 2008Шампион1 8701233193
Австрија 20105/6 место57502198184
Србија 2012Шампион1 8602216201
Данска 2014Финале2 8701247222
Полска 20165/6 место67412194180
Хрватска 20184 место48503235205
АвстријаНорвешкаШведска 2020Квалификувана
УнгаријаСловачка 2022TBD
Германија 2024TBD
Вкупно13/142 Титули815042724492275

Моментален состав

[уреди | уреди извор]

Состав за Светското првенство 2019 година.[1][2]

Натпреварите и головите сè до 27 јануари 2019 година.[3]

Тренер: Николај Јакобсон

Бр. Поз. Име и презиме Датум на раѓање (возраст) Висина Настапи Голови Клуб
1 GK Никлас Ландин 19 декември 1988(1988-12-19)(36 г.) 2.01 m 199 9 Германија ТХВ Кил
4 LW Магнус Јакобсен 20 август 1995(1995-08-20)(30 г.) 1.96 m 52 108 Германија ТХВ Кил
6 LW Каспер Мортенсен 14 декември 1989(1989-12-14)(35 г.) 1.90 m 128 331 Шпанија РК Барселона
10 LB Николај Маркусен 1 август 1988(1988-08-01)(37 г.) 2.12 m 67 141 Данска РК Силкеборг
11 CB Рамус Шмид 20 јуни 1991(1991-06-20)(34 г.) 1.93 m 117 277 Германија РК Фленсбург Хандевит
14 P Андерс Захаријансен 4 септември 1991(1991-09-04)(34 г.) 1.92 m 35 80 Германија РК Фленсбург Хандевит
16 GK Јаник Грин 30 септември 1988(1988-09-30)(37 г.) 1.95 m 123 2 Германија РК Магдебург
17 RW Ласе Сван Хансен 31 август 1983(1983-08-31)(42 г.) 1.85 m 208 482 Германија РК Фленсбург Хандевит
18 RW Ханс Линдберг 1 август 1981(1981-08-01)(44 г.) 1.88 m 263 732 Германија Фихсе Берлин
19 P Рене Хансен 1 ноември 1984(1984-11-01)(41 г.) 2.00 m 142 204 Унгарија РК Веспрем
21 LB Хенрик Молгард 2 јануари 1985(1985-01-02)(40 г.) 1.96 m 145 167 Данска РК Алборг
22 CB Мадс Ларсен 12 август 1991(1991-08-12)(34 г.) 1.88 m 121 229 Германија Рајн-Некар Левен
23 P Хенрик Ларсен 18 декември 1986(1986-12-18)(38 г.) 2.00 m 122 213 Франција РК Париз Сен-Жермен
24 LB Микел Хансен 22 октомври 1987(1987-10-22)(38 г.) 1.92 m 201 979 Франција РК Париз Сен-Жермен
25 CB Morten Olsen 11 октомври 1984(1984-10-11)(41 г.) 1.84 m 89 198 Германија ТСВ Хановер-Бургдоф
26 RW Јохан Хансен 1 мај 1994(1994-05-01)(31 г.) 1.90 m 21 36 Данска РК Силкеборг
31 RB Николај Ниелсен 26 септември 1986(1986-09-26)(39 г.) 1.94 m 34 75 Данска РК Силкеборг
34 P Симон Халд 28 септември 1994(1994-09-28)(31 г.) 2.03 m 25 24 Германија РК Фленсбург Хандевит

Тренерски состав

[уреди | уреди извор]
ПозицијаИме
Главен тренер Данска Николај Јакобсон
Асистент на тренер Данска Хенрик Кронборг
Тимски тренер Данска Кај Јохансен
Тренер на голманите Данска Михаел Брун
Доктор Данска Мортен Сторгард
Физиотерапевт Данска Кристофер Главинд
Физиотерапевт Данска Анја Давид Грив

Статистика

[уреди | уреди извор]

# Играч Натпревати Position Години
1Ларс Кристијансен338W1992–2012
2Ханс Линдберг263W2003–
3Бо Спелерберг245CB2000–
4Михаел Кнудсен244P1999-2014
5Михаел Фенгер234W1982–1993
6Ерик Расмусен233OB1980–1994
7Каспер Нодесбо223P2001–
8Каспер Хвид219GK1996–2010
9Андерс Нелсен209CB1973–1984
10Ласе Сван Хансен208W2003–
11Микел Хансен201OB2007–
12Никлас Ландин Јакобсен199GK2001–
13Каспер Ниелсен191D, OB1995–
14Јоаким Болдсен186CB1998–2008
15Мортен Бјере185OB1992–2005
16Каспер Сондергард184OB2004–2017
17Андерс Егерт160W2003–
18Ласе Боесен159OB2000–2012
19Николај Јакобсен148W1991–2003
20Рене Тофт Хансен142P2005–

Стрелци

# Player Goals Average Position Years
1Ларс Кристијансен15034.45W1992–2012
2Ерик Расмусен10154.37OB1980–1993
3Микел Хансен10004.9OB2007–
4Михаел Кнудсен7973.27P1999-2014
5Ханс Линдберг7322.79W2003–
6Андерс Ниелсен6102.92CB1973–1984
7Кристијан Хјерминд5953.5W1994–2005
8Николај Јакобсен5843.95W1991–2003
9Андерс Егерт5813.63W2003–
10Михаел Фенгер5412.31W1982–1993
11Ласе Сван Хансен4982.35W2003–
12Каспер Нодесбо4502.02P2001–
13Morten Bjerre4322.34OB1992–2005
14Ласе Боесен4062.55OB2000–2012
15Јоаким Болдсен4052.18CB1998–2008
16Каспер Сондергард3952.15OB2004–2017
17Ларс Крог Џепесен3842.84OB1998–2008
18Каспер Мортенсен3332.6W2010–
19Бо Спелерберг3321.36CB2000–
20Каспер Ниелсен2891.51D, OB1995–

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „18 mand i VM-truppen“. Danish Handball Federation. Архивирано од изворникот на 2018-12-20. Посетено на 19 December 2018.
  2. 2019 World Men's Handball Championship squad
  3. http://www.dhf.dk/landshold/herre-a/truppen/%5Bмртва+врска%5D

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]