Фихсе Берлин
Фихсе Берлин | |||
---|---|---|---|
Основан | 1891 | (Reinickendorfer Füchse)||
Игралиште | Сала Макс Шмелинг | ||
Приемност | 9,000 | ||
Главен тренер | Велимир Петковиќ | ||
Лига | Бундеслига | ||
2018–19 | 6-ти | ||
Мреж. место Матична страница |
Фихсе Берлин — професионален ракометен клуб од Берлин, Германија, кој моментално се натпреварува во Бундеслигата, највисоката ракометна лига во Германија. Своите домашни натпревари Фихсе Берлин ги игра во салата Макс Шмелинг. Клубот е дел од Спортскиот клуб Фихсе Берлин Рајникендорф, кој освен машка има и женска селекција.
Мажи
[уреди | уреди извор]Историја
[уреди | уреди извор]Во сезоната 1981/82 година, Фихсе Берлин ја одиграл својата прва сезона меѓу елитата, сезона која завршила со многу доброто трето место, синоним за квалификациите за Купот на ИХФ следната сезона; сезона која била помалку задоволителна од претходната сезона, со оглед на тоа што берлинскиот клуб завршил на шестото место во првенството и затоа не се квалификувал повторно да учествува во европски куп уште следната сезона. Во германскиот куп, клубот бил елиминиран во шеснаесетфиналето од идниот победник на натпреварот и исто така и идниот шампион на Германија, Гумербах.
Оваа сезона од 1982/1983 година беше исто така сезоната кога клубот се претставил за првпат во Европа, со прилично добар европски курс откако Фихсе Берлин го победил од еден од најсилните ракометни клубови во Шпанија, БМ Гранолерс. Во четвртфиналето против источногерманскиот клуб на Емпор Росток, на гостински терен бил поразен со 18:16 во Росток, а на домашен терен издвојувал победа со резултат од 18:16, п се квалификувал за следната фаза поради правилото за бројот на постигнати голови на гостински терен. Првата европска кампања на клубот завршила во полуфиналето, клубот бил поразен двапати на од Запорожје, идниот победник на турнирот, и тоа со резултат од 15:19 на гостински терен и 15:17 на домашен терен.
Сезоната 1983/84 Фихсе Берлин завршил на шестото место, исто како и претходната сезона, сепак, Фихсе Берлин направил извонредна кампања во Купот на Германија, стигнувајќи до финалето каде бил совладан од Гросвалштат. Така, Фихсе Берлин бил квалификуван за Купот на куповите следната сезона.
Сезоната 1984/85 завршил на деветтото место, додека во Купот на победниците, Фихсе Берлин бил елиминиран од швајцарскиот клуб ТСВ Сент Отмар Сент Гален во осминафиналето. И покрај победата од 20:16 на домашен терен, клубот не можел да стори ништо во Швајцарија каде загубил со 12-23.
Во сезоната 1985/1986 година Фихсе Берлин испаднал од Бундеслигата, завршувајќи на 14-тото место, со само две победи и два нерешени натпревари. Следната 1986/1987 година, екипата завршила на 13-тото место во Втората Бундеслига, со што морала да се спушти за уште едно ниво во ракометната лига на Германија.
Откако престојувал многу сезони во пониските лиги, клубот најпрво успеал да се квалификува во Втората Бундеслига во 2002 година, но екипата не постигнасла поголем успех, завршувајќи на 15-то место од 18 екипи во 2003 година, 14-то место од 18 екипи во 2004 година, 12-то место од 18 екипи во 2005 година. Истата година била обележана со доаѓањето на поранешниот тренер на египетската машка ракометна репрезентација, Јорн-Уве Ломел, кој по завршувањето на 13-тото место од 20 екипи во 2006 година, ја направи следната сезона успешна, завршувајќи на првото место во првенството.
Сезоната 2007/2008 Фихсе Берлин завршил на 12-тото место од 18 екипи, додека во Купот на Германија, клубот ја завршил својата кампања во третото коло каде бил елиминиран од ХСГ Диселдорф. Сезоната 2008/2009 завршил на 10 место, со две места подобар пласман од претходната сезона додека во германскиот куп, клубот повторно не го поминал третото коло бидејќи бил елиминиран од СГ Фленсбург. Во сезоната 2009/2010 година, екипата добила нов тренер на кормилото, Дагур Сигурдсон, кој го одвел Фихсе Берлин на средниот дел од табелата, на 9-тата позиција од 18 екипи, едно место повеќе од претходната сезона.
Кон почетокот на сезоната 2010/2011, клубот направил некои трансфери со цел да се зајакне јадрото на тимот вклучувајќи го и исландскиот десен бек Александар Петерсон, од СГ Фленсбург-Хандевит, и полуцентарот Денис Шполјариќ, од РК Загреб. Оваа сезона екипата постигнала подобар пласман, завршувајќи на 3-тото место во сезоната и добивајќи можност да настапува во Лигата на шампиони. Во германскиот куп, клубот овој пат стигнал до четвртфиналето каде повторно бил поразен од ТХВ Кил со резултат од 25:31.
Пред почетокот на сезоната 2011/2012, берлинскиот клуб се засилил со шпанскиот полуцентар Икер Ромеро од РК Барселона и шведскиот лев бек Џонатан Стенбакен. Во текот на сезоната, Фихсе Берлин завршил на третото место, како и во претходната сезона кога во германскиот куп, бил елиминиран во нокаут фазите од Кил по третпат во низа, со резултат од 28:39. Во Лигата на шампионите, турнир во кој Фихсе Берлин се натпреварувал за првпат, клубот ги минал групните фази завршувајќи трет во групата Б зад Атлетико Мадрид и Веспрем, но пред Келце. Во шеснаесетфиналето, Берлин ги елиминирал своите сонародници Хамбург со резултат 32:30 на домашен терен и на гости од 24:23. Во четвртфиналето, Адемар Леон во првиот натпревар ја поразил екипата на Фихсе Берлин со голема разлика (34:23), но во вториот натпревар Фихсе успеал да ја врати разликата, победувајќи 29:18, со кое екипата се квалификувала за полуфиналето. Во полуфиналето, против големиот ТХВ Кил, Фихсе Берлин бил поразен минимално со резултат од 24:25. Во натпреварот за трето место, Фихсе Берлин бил поразен од Копенхаген со резултат од 21:26.
Со пристигнувањето на рускиот интернационалец Константин Игропуло од РК Барселона и норвешкиот интернационалец Барж Лунд од Рајн-Некар Левен клубот ја започнал оваа нова сезона 2012/2013 со нови амбиции. Сепак, завршил со мала регресија бидејќи клубот завршил само на четвртото место и затоа бил квалификуван за ЕХФ Купот следната сезона. Во германскиот Куп, берлинскиот клуб бил елиминиран во третото коло од Либебек со 32:28. Во Лигата на шампионите, Фихсе Берлин ги поминал групните фази завршувајќи втор во групата Д зад Барселона и Динамо Минск и пред Сегед. Во шеснаесетфиналето, против Атлетико де Мадрид, финалист во 6 од последните 8 изданија, клубот остварил многу добро реми во Мадрид со резултат од 29:29 во првиот натпревар, но во Берлин бил поразен со резулат од 26:27, благодарение на голот на Кире Лазаров на 25 секунди од крајот на натпреварот.
На крајот на сезоната 2014/2015 година, Фихсе Берлин завршил на петтото место во германското првенство и затоа бил квалификуван за ЕХФ Купот. Следната сезона, берлинскиот клуб повторно настапувал во Купот на ЕХФ. По елиминацијата на ХБЦ Нант во третото квалификациско коло, клубот завршил на првото место во групата 3 пред Хандболд и Порто и Војводина и со тоа директно се квалификувале за следната завршна фаза. Додека претходната сезона не успеае на сопствен терен (завршниот турнир се игра во нивната сала), оваа сезона Фихсе Берлин во полуфиналето бил поуспешен од Хандболд (27-23), а во финалето биле подобри против Хамбург со резултат од 30-27.
Натпреварувања
[уреди | уреди извор]Германска лига
[уреди | уреди извор]Од сезоната 2005/06 година, клубот настапува под ова име во Втората Бундеслига, сезона север. Во сезоната 2006/07 година, „Лисиците“ завршиле на првото место во втора лига, и со тоа обезбедиле пласман во Бундеслигата во следната сезона. Вториот тим настапувал во сезоната 2010/11 во Втората Бундеслига и е во третата лига од воведувањето на единствена патека во оваа лига во 2011 година.
На 13 април 2014 година, „Лисиците“ ја освоиле првата титула во историјата на клубот со Купот на Германија 2013/14. Во финалето ја совладаале екипата на Фленсбург со 22:21.
Севкупно, Фихсе Берлин до сезоната 2018/19 ја играат својата 17-та сезона во Бундеслигата, која била раширена низ годините од 1981 до 1986 и повторно од 2007 година.
Во сезоната 1981/82, екипата го освоила третото место во лигата, кое до денес не е надминато. Истата сезона, Фихсе Берлин се квалификувал за Купот на ЕХФ. Во наредните години, сепак, екипата не можела да ги повторни истите резултати. Како финалист на купот во 1984 година клубот бил во можност по вторпат да обезбеди место за европските купови. Откако Вили Бенџко, кој бил еден од најодговорните за првичните успеси на клубот се повлекол, клубот многу бргу се соочил со испаѓање од лигата.
Сезони 1981–1986 | |||||||||
Сезона | Лига | Место | Победи | Нерешени | Порази | Головна разлика | Бодови | Тренер | Посетеност |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1981/82 | Бундеслига | 3 (14) | 14 | 6 | 6 | 532:492 | 34:18 | Дон 115/82 | 2924 |
1982/83 | Бундеслига | 6 (13) | 11 | 4 | 9 | 475:441 | 26:22 | Дон 115/77 | 3388 |
1983/84 | Бундеслига | 6 (14) | 12 | 4 | 10 | 538:537 | 28:24 | Дон 121/68 | 2041 |
1984/85 | Бундеслига | 9 (14) | 8 | 6 | 12 | 559:562 | 22:30 | Вукоје 155/56 | 1451 |
1985/86 | Бундеслига | 14 (14) | 2 | 2 | 22 | 501:654 | 6:46 | Елезовиќ 183/68 | 818 |
Откако биле промовирани во 2007 година, „Лисиците“ добиле можност да се воспостават цврсто во лигата, развивајќи се во врвен тим во лигата од 2010 година. Со титулата најдобар стрелец за Конрад Вилчински во сезоната 2007/08, клубот постигнал и поединечен успех. Во сезоната 2010/11, екипата за првпат се квалификувала како третопласирана во Лигата на шампионите. Во сезоната 2011/12 година, Лисиците завршиле на третото место на табелата и се квалификувале повторно во Лигата на шампионите. Ова било проследено со четвртото место во сезоната 2012/13 година, кое дало право на учество во Купот на ЕХФ, по загубената рунда од квалификациите во Лигата на шампионите против ХСВ Хамбург. Во сезоната 2013/14, покрај победата во Купот на ДХБ, на крајот тимот завршил на петтото место во лигата. Во сезоната 2015/16 година, Петар Ненадиќ бил најдобар стрелец со 229 погодоци.
Сезони 2007 | |||||||||
Сезона | Лига | Место | Победи | Нерешени | Порази | Головна разлика | Бодови | Тренер | Посетеност |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2007/08 | Бундеслига | 11 (18) | 11 | 3 | 20 | 941:1018 | 25:43 | Вилчински 237/127 | 6477 |
2008/09 | Бундеслига | 10 (18) | 13 | 4 | 17 | 1023:1039 | 30:38 | Kubisztal 180/22 | 7435 |
2009/10 | Бундеслига | 9 (18) | 20 | 0 | 14 | 977:943 | 40:28 | Булт 123/38 | 8124 |
2010/11 | Бундеслига | 3 (18) | 26 | 3 | 5 | 967:860 | 55:13 | Кристиферсен 153/0 | 8172 |
2011/12 | Бундеслига | 3 (18) | 25 | 3 | 6 | 1016:877 | 53:15 | Нинчевиќ 156/42 | 7681 |
2012/13 | Бундеслига | 4 (18) | 24 | 3 | 7 | 976:892 | 51:17 | Игропуло 146/48 | 7656 |
2013/14 | Бундеслига | 5 (18) | 22 | 2 | 10 | 953:882 | 46:22 | Игропуло 158 | 7962 |
2014/15 | Бундеслига | 7 (19) | 18 | 4 | 14 | 997:1004 | 40:32 | Ненадиќ 169 | 7407 |
2015/16 | Бундеслига | 5 (17) | 19 | 4 | 9 | 909:825 | 42:22 | Ненадиќ 229 | 8207 |
2016/17 | Бундеслига | 4 (18) | 23 | 5 | 6 | 986:889 | 51:17 | Ненадиќ 182 | 7487 |
2017/18 | Бундеслига | 3 (18) | 25 | 3 | 6 | 968:875 | 53:15 | Линдберг 169 | 7537 |
2018/19 | Бундеслига | 6 (18) | 19 | 0 | 15 | 923:898 | 38:30 | Линдберг 160 | 7689 |
Европска лига
[уреди | уреди извор]Сезона | Фаза | Домашна екипа | Гостинска екипа | Резултат |
---|---|---|---|---|
1982/83 ЕХФ Куп |
Четвртфинале | РК Емпор Росток | Рајникендорфер Фихсе | 16:18 (9:7) |
Четвртфинале | Рајникендорфер Фихсе | РК Емпор Росток | 12:14 (7:8) | |
Полуфинале | Рајникендорфер Фихсе | Сил Запорожје | 15:19 (4:9) | |
Полуфинале | Запорожје | Сил Рајникендорфер Фихсе | 17:15 (10:7) | |
1984/85 КПК |
Осминафинале | Рајникендорфер Фихсе | ТСВ Ст. Отмар Ст. Гален | 23:22 (11:10) |
Осминафинале | ТСВ Ст. Отмар Ст. Гален | Рајникендорфер Фихсе | 17:14 (8:7) | |
2011/12 Лига на шампиони |
Четвртфинале | Адемар Леон | Фихсе Берлин | 34:23 (15:9) |
Четвртфинале | Фихсе Берлин | Адемар Леон | 29:18 (13:6) | |
Полуфинале | Фихсе Берлин | ТХВ Кил | 24:25 (12:15) | |
Spiel um Platz 3 | Фихсе Берлин | РК Копенхаген | 21:26 (9:13) | |
2012/13 Лига на шампиони |
Осминафинале | Атлетико Мадрид | Фихсе Берлин | 29:29 (13:10) |
Осминафинале | Фихсе Берлин | Атлетико Мадрид | 26:27 (13:14) | |
2013/14 ЕХФ Куп |
Полуфинале | Фихсе Берлин | РК Сегед | 22:24 (9:13) |
Spiel um Platz 3 | РК Константа | Фихсе Берлин | 28:29 (14:13) | |
2014/15 ЕХФ Куп |
Полуфинале | РК Горење | Фихсе Берлин | 24:27 (12:16) |
Финале | Фихсе Берлин | РК Хамбург | 30:27 (16:13) | |
2015/16 ЕХФ Куп |
Фаза 3 | Фихсе Берлин | РК Шамбери | 31:31 (16:15) |
Фаза 3 | РК Шамбери | Фихсе Берлин | 34:30 (19:17) | |
2016/17 ЕХФ Куп |
Полуфинале | РК Сент Рафаел | Фихсе Берлин | 24:35 (10:17) |
Финале | Фихсе Берлин | РК Гепинген | 22:30 (13:15) | |
2017/18 ЕХФ Куп |
Полуфинале | РК Гепинген | Фихсе Берлин | 24:27 (13:13) |
Финале | РК Сент Рафаел | Фихсе Берлин | 25:28 (13:14) | |
2018/19 ЕХФ Куп |
Полуфинале | Фихсе Берлин | РК Порто | 24:20 (12:8) |
Финале | ТХВ Кил | Фихсе Берлин | 26:22 (16:10) |
Состав
[уреди | уреди извор]Број | Слика | Име | Позиција | Дата на раѓање | Висина | договор |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | Германија Мартин Цемер | TW | 14.04.1983 | 1,88 m | 2020 | |
12 | Германија Силвио Хајневетер | TW | 21.10.1984 | 1,94 m | 2020 | |
96 | Србија Дејан Милосављев | TW | 16.03.1996 | 1,96 m | 2024 | |
2 | Германија Симон Ернст | RM | 02.04.1994 | 1,95 m | 2021 | |
3 | Германија Фабијан Виде | Бек | 08.02.1994 | 1,92 m | 2023 | |
5 | Германија Торбен Мацкен | RM | 01.02.2000 | 1,88 m | 2020 | |
6 | Данска Јакоб Холм | RL | 05.09.1995 | 1,95 m | 2024 | |
7 | Германија Кевин Струк | RL, Крило | 31.12.1996 | 1,93 m | 2022 | |
9 | Хрватска Стипе Мандалиниќ | RL | 09.09.1992 | 1,95 m | 2021 | |
10 | Хрватска Јаков Гојун | RL | 18.04.1986 | 2,03 m | 2021 | |
18 | Данска Ханс Линдберг | Крило | 01.08.1981 | 1,88 m | 2021 | |
21 | Шведска Матијас Захрисон | Крило | 22.08.1990 | 1,79 m | 2022 | |
24 | Германија фредерик Симак | RL | 24.01.1998 | 1,97 m | 2023 | |
25 | Германија Мајкл Милер | Бек | 19.09.1984 | 1,97 m | 2021 | |
31 | Германија Тим Матес | LA | 05.05.1999 | 1,81 m | 2022 | |
35 | Хрватска Марко Коплар | RR | 12.02.1986 | 2,10 m | 2022 | |
77 | Данска Јохан Коч | KM | 29.11.1990 | 1,90 m | 2021 | |
93 | Србија Михајло Марсениќ | KM | 09.03.1993 | 2,02 m | 2021 | |
95 | Германија Пол Друкс Drux | RL, RM | 07.02.1995 | 1,92 m | 2023 |
Сала
[уреди | уреди извор]Од сезоната 2005/06 година, Макс Шмелинг служеи како сала на која Фихсе Берлин ги игра своите домашни натпревари. Капацитетот салата е 9000 гледачи[1], но може да се зголеми за врвни игри и големи настани, како на пример Светскиот куп во ракомет 2007 година, така што салата нуди простор за скоро 10.000 гледачи[2]. Во сезоната 2017/18 имало просек од 7.537 гледачи на натпревар на домашен терен.
Жени
[уреди | уреди извор]Рајникендорф Фихсе
[уреди | уреди извор]Ракометната женска екипа на Рајникендорф Фихсе настапувала неколку години во сојузните лиги уште пред клубот да се спои со СВ Берлинер ВГ 49. Во сезоната 1976/77 и од 1980 до 1983 година, ракометарките на Фихсе настапувале во тогашната двостепена Прва Бундеслига. Во 1985 година, тимот бил еден од основачите на Втората Бундеслига, но се преселил во регионалната лига во првата година без да освои бодови. После директното искачување повторно, ракометарките на Фихсе успеале да добијат два бода во сезоната 1987/88. Од 1989 до 1991 година во јужната дивизија на Втората Бундеслига. Во 1992 година екипата повторно успеала да се вклучи во втората лига, каде се задржила три сезони пред да мора повторно да испадне од лигата во 1995 година. Овој пат биле потребни седум години до 2002 година за да се вратат во националната лига, од која екипата морала повторно да се збогува две години подоцна. После петтата промоција в втората лига, клубот конечно влегол во конзорциум со СВ Берлинер ВГ 49 во 2009 година.
СВ Берлингер ВГ 49
[уреди | уреди извор]Клубот Берлингер за првпат учествувал во првата лига во 1990 година, во чија последна сезона во 1990/91 година го достигнл седмото место на табелата како СВ Берлинер ВБ и со тоа се квалификувал за Првата Бундес ига од сезоната 1991/92. Но екипата не се задржила многу во првата Бундеслига, Во 1997 година настапувала во првата дивизија. По деветтото место во сезоната 1997/98, Берлинчанки во 1999 година како претпоследни испаднале од лигата. Во сезоната 2001/02 година црвено-црните го освоиле четвртото место во северната дивизија на Втората Бундеслига, пред клубот да се спои со Рајникендорф Фихсе во 2009 година. Во 2012 година, ракометниот оддел бил реорганизиран под сега користеното име СГ БВБ 49.
БВБ Берлин
[уреди | уреди извор]Преку спојувањето, во дебитантската сезона 2009/10, тимот го освоил второто место во Втората Бундеслига Север. Во плеј-офот не успеале да се пласираат во прва лига.
Во сезоната 2010/11, екипата завршила на 9-то место во Втората ракометна Бундеслига Север и испаднале во Третата лига Север, од каде, по една година, тие повторно се вратиле во Втора лига.
Берлин-Рајникендорф
[уреди | уреди извор]На почетокот на сезоната 2012/13, СВ БВГ го напуштил сојузот. Екипата на Рајникендорф, која била реорганизирана во исто време, го презела тимот и го вклучила во својата заедница за ракометни игри. Во првата година под името Фихсе Берлин-Рајникендорф, тимот завршил на седмото место во Втората Бундеслига. Од сезоната 2013/14 година, тимот, како и машкиот клупски тим во Бундес-лига, започнал да се натпреварува како Фихсе Берлин.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- ↑ Füchse rechnen mit 9000 Zuschauern. Архивирано на 24 септември 2015 г. In: Berliner Zeitung, 22. November 2013.
- ↑ Предлошка:Webarchiv