Рајн-Некар Левен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рајн-Некар Левен
Logo Rhein-Neckar Löwen.png
Целосен називРајн-Некар Левен
Основан2002
ИгралиштеСАП Арена, Манхајм
Приемност14.500[1]
Главен тренерШведска Кристијан Андерсон
ЛигаБундеслига
2018-20194ти
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Kit body dark-blue horizontal.png
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Kit body yellow round collar.png
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински
Мреж. место
Матична страница
СГ Кронау/Остринген во 2006 година на натпревар против Вецлар
Кони, маскотата на Рајн-Некар Левен

Рајн-Некар Левенракометен клуб од Манхајм, Германија. Клубот бил основан во 2002 година со спојување на ТСГ Кронау и ТСГ Баден Естринген, а сегашното име на клубот датира од 2007 година[2]. Моментално се натпреварува во Бундеслигата, првата лига на Германија, а минатата сезона завршиле на второто место зад ТХВ Кил.

Рајн-Некар Ловен се тим во ракометната Бундес лига, која е основана во 2002 година како синдикат СГ Кронау / Шстринген и го има сегашното име од 2007 година. Лавовите своите домашни натпревари ги играат во САП арената во Манхајм, која има капацитет од 15.000 луѓе.

Историја[уреди | уреди извор]

ТСВ Остринген, еден од двата претходни клуба на лавовите, бил основан во 1900 година и во 1927 година го основал својот прв клубски состав. Во 1926 година, другиот клуб, ДЈК Кронау, започнал ракометот да го практикува како главен спорт. Во 1932 година станал шампион во Баден и Јужна Германија во картегоријата голем ракомет. Во полуфиналето за германскиот шампионат (ДИК) во Дортмунд, тие биле поразени од идниот шампион ДЈК Стирум 06 (Малхајм а.д.Рур) со 6:11 пред 35.000 гледачи - ослабени поради отсуството на голманот поради повреда. Три години подоцна, Кронау бил основан од спојувањето на ДЈК и СВ Викторија 1904. Во 1946 година спојување било направено и кај Остринген, помеѓу ДЈК Остринген и ТСВ Остринген. Оваа екипа се квалификувала за првпат во 1957 година во финалето за првенството во Баден, но ги загубила двата натпревари. Екипта на едно од финалињата била катастрофално поразена од СГ Лејтхаузен со вкупен резултат од 1:16. Кронау, исто така, останал на дванаесетто односно последно место во своето прво учество во последното коло од Баденскиот шампионат во 1965 година, но успеал да се искачи на единаесеттото место во последното коло од Баденскиот шампионат во наредната сезона.

Откако била воведена двостепената Бундес лига како највисока германска лига за сезоната 1966/67 и Оберлига Баден, највисоката Баден и втора највисока германска лига, ТСГ Кронау испаднал од лигата во својата прва сезона. Пет години подоцна тимот не успеал да се врати во Оберлига. Во Црвената спортска сала преполна со 1.100 гледачи во одлучувачкиот натпревар против СГ Валдорф-Асторија, екипата била поразена со вкупен резултат од 9:11. Сепак, една година подоцна, како шампион на новововедената Ландеслига, екипата била промовирана во Оберлига Баден. Во 1978 година, ТСВ Остринген исто така успеал да влезе во елитната Оберлига Баден и четири сезони подоцна во Регионалигата лига, каде се задржал две години, кога повторно испаднал од лигата. Во 1985 година Кронау испаднал од Оберлигата, додека Остринген повторно влегол во Регионалната лига во 1989 година, а истата година Кронау пак се вратил во Оберлига Баден. Во 1993 година Кронау влегол во Регионалната лига - југ. Но, две сезони подоцна следело во испаѓање на ТСГ Кронау во Оберлига Баден. Во истата година, ТСВ Остринген стигнал до втората позиција на Бундес лига Југ. Во 1996 година младинскиот тим на ТСГ Кронау ја прославил титулата германски шампион во одлучувачката победа над РК Магдебург. Кронау и Бад-Шенборн следната година се обединиле и екипата успеала да влезе во Регионалната лига во 1999 година, па дури и завршила на втората позиција во 2000 година. Во 2002 година, ТСВ Баден Остринген не успеал како второпласиран во Втората Бундес лига Југ, да се пласира во Првата Бундес лига, поради поразот од Вилхелмсхавенер (21:25, 24:21).

СГ Кронау/Остринген конечно се појавил на сцена на 1 јули 2002 година со спојувањето на ТСГ Кронау со ТСВ Баден Остринген. Своите домашни натпревари екипата ги играла во салата Рајн-Некар. Во следната сезона, екипат успеала да влезе во Првата Бундес лига, но во 2004 година следело испаѓање. Но по само една сезона, во 2005 година, екипата повторно успеала да влезе во Првата Бундес лига. Домашните натпревари од сезоната 2005/06 година започнале да се играат во новоизградената САП Арена во Манхајм. Во 2006 година, СГ Кронау/Остринген стигнал до финалето за Купот на ДХБ, кој бил загубен од ХСВ Хамбург со 25:26. Во следната сезона, екипата стигнала до финалето за Купот на ДХБ и повторно била поразена, овој пат од ТХВ Кил со вкупен резултат од 31:33, иако имале водство од 22:18. Првиот тим за мажи тогаш бил официјално преименуван во Рајн-Некар Левен[3].

Во 2008 година, Рајн-Некар Левен за првпат во својата историја стигнале до финалето од Купот на победниците на куповите, но Лавовите биле поразени од страна на унгарскиот РК Веспрем (32:37, 28:28). Во истата сезона, младите категории на на СГ Кронау/Остринген ја освоиле германската шампионска титула со конечна победа над РК Магдебург. На крајот на сезоната 2008/09 година, Рајн-Некар Левен го освоил третото место во Бундеслигата. Кога за првпат учествувале во Лигата на шампиони, екипата стигнала до полуфиналето. Во 2010 година повторно стигнал до финалето на ДХБ Купот, но Рајн-Некар Левен загубила по третпат, овој пат против ХСВ Хамбург со 33:34.

На 19 мај 2013 година, Лавовите го освоиле Европскиот куп на ЕХФ, наследник на Купот на победниците на куповите. Во финалето на Фајнл-фор турнирот тие биле подобри против домаќинот ХБЦ Нант со 26:24 и со тоа ја обезбедиле првата титула во историјата на клубот[4] .

Во сезоната 2013/14, Рајн-Некар Левен стигнал до последната четвртина од Купот на ДХБ по седми пат, каде што загубиле од СГ Фленсбург со резултат од 26:30. Во Лигата на шампионите стигнале до четвртфиналето, каде на домашен терен биле подобри против РК Барселона со резултат од 38:31, но во вториот натпревар во Барселона, Рајн-Некар Левен бил поразен со вкупен резултат од 24:31, и поради головната разлика, екипата не успеала да се квалификува во следната фаза. Во Бундеслигата, поради својата подобра гол разлика од седум гола од ТХВ Кил, тимот успеал да влезе во завршната фаза во првенството со мотив да се бориза шампионската титула. Тие биле подобри од ВфЛ Гумерсбах со 40:35, но останале на втората позиција во сезоната.

Николај Бредал Јакобсен станал нов тренер за сезоната 2014/15, но во сезоната уште еднаш екипата завршила на втората позиција зад Кил, додека во купот бил поразен од РК Фленсбург, кој подоцна победил на турнирот. Европската кампања 2014/2015 не се покажала толку добра, откако по квалификациите во четвртфиналето благодарение на третото место во групата Ц, зад унгарскиот тим РК Веспрем и македонскиот РК Вардар, клубот ги изгубил своите два натпревари во шеснаесетфиналето против последниот победник во Купот на ЕХФ, Сегед, со резултат од 30-34 и 29-31.

Во следната сезона 2015/16 година, Рајн-Некар-Левен за првпат станал германски шампион. На крајот на сезоната, тимот имал еден бод предност пред СГ Фленсбург-Хандевит и имал далеку најдобра гол разлика кај сите тимови. Во 2016 година Лавовите исто така го освоиле Суперкупот победувајќи го Магдебург (27:24), но во купот биле поразени. Во Лигата на шампиони повторно не постигнале значаен успех, бидејќи биле поразени во шеснаесетфиналето од РК Загреб.

Освен победата на стартот на сезоната во Суперкупот, сезоната 2016/17 била сосема слична со оглед на тоа што Лавовите ја задржиле титулата шампион, биле елиминирани во полуфиналето на купот и во нокаут фазите од Лигата на шампиони

Во сезоната 2017/2018, клубот повторно се пласирал во нокаут фазите од Лигата на шампионите. Принудени да се соочат со Кил во германската лига во ист ден како и нивниот осминафинален натпревар, Рајн-Некар Левен го одбил предлогот на ЕХФ да се променат датите за натпреварот, односно првиот натпревар да се одигра на домашен а вториот на гостински терен, под изговор дека ќе ја изгуби наводната придобивка од реванш мечот дома. Како резултат на тоа, Лавовите со својот резервен тим доживеале тежок пораз со вкупен резултат од 41-17 во Полска, разнишувајќи ја секоја надеж за пласман во четвртфиналето. Од друга страна, клубот доминирал на националната сцена со освојување на својот втор Суперкуп, а потоа и својот прв германски куп во 2018 година. Како водач во лигата, кој загубил неколку натпревари на крајот на сезоната и бил престигнат од Фленсбург, на крајот од сезоната не успеал да освои тројна круна.

Останати тимови[уреди | уреди извор]

Покрај тимот на Бундеслигата, уште 22 други екипи во Кронау и во Остринген настапуваат во различни лиги во Германија. Вториот машки тим настапува третата ракометна лига на Германија - југ (сезона 2017-2018), трета Бден лига и 4-та и 5-та регионална лига. Жените се претставени од два тима. Едниот се натпреврува во регионалната лига а другата во окружната лига. Осум машки, четири женски и три мешани екипи играат во младинскиот оддел. Машките младинци А, Б и Ц играат во највисока дивизија, како и женските младинци во Б и Ц дивизија.

Од 2017 година, сите екипи настапуваат под името Рајн-Некар Левен.

Фан клуб[уреди | уреди извор]

Фан-клубот е наречен „Баден-Лавови“ и се опишува себеси како „Поддржувач на СГ Кронау/Остринген“. Заедно со Кил „Зебрите“ и „Баден „лавовите“ се најголемиот фан клуб во ракометната Бундес лига. „Баден-лавовите“ се првиот официјален фан-клуб на СГ Кронау/Остринген и регистрирани 469 членови во април 2010 година. За секоја игра на домашен терен од домашното првенство, тие создаваат списание. Од сезоната 2014/2015 година, кругот на навивачките клубови се проширил.

Играчи[уреди | уреди извор]

Број Земја Име Позиција Дата на раѓање Висина Во тимот од Во тимот до Дојден од клубот
1  Шведска Микаел Апелгрен капитен Голман 06.09.1989 1,92 m 2015 2023 МТ Мелсунген
12  Шведска Андреас Паличка Голман 10.07.1986 1,89 m 2016 2022 РК Олборг
16  Германија Џан Аданир Голман 20.05.1999 1,90 m 2018 2020 ХСГ Ханау
2  Швајцарија Енди Шмид бек 30.08.1983 1,90 m 2010 2022 РК Силкеборг
3  Германија Уве Геншајмер крило 26.10.1986 1,88 m 2019 2022 РК Париз Сен-Жермен
6  Данска Никлас Киркелеке бек 26.03.1994 1,95 m 2019 2021 РК Свендборг
8  Франција Ромен Лагард бек 05.03.1997 1,94 m 2019 2023 РК Нант
17  Шведска Jerry Tollbring крило 13.09.1995 1,82 m 2017 2023 РК Кристијанстад
19  Германија Филип Ахонску бек 02.05.2001 2,03 m 2017 2022 РК Хансу
20  Србија Илија Абутовиќ бек 02.08.1988 2,02 m 2018 2023 РК Вардар
22  Данска Мадс Менса Ларсен бек 12.08.1991 1,88 m 2014 2020 РК Олборг
23  Германија Штефен Фет бек 04.04.1990 1,94 m 2018 2021 Фихсе Берлин
24  Германија Патрик Грецки крило 04.07.1989 1,89 m 2007 2023 РК Пфорцхајм
30  Шпанија Гедеон Гвардиола пикер 01.10.1984 1,99 m 2012 2020 СДЦ Сан Антонио
32  Исланд Александер Петерсон бек 02.07.1980 1,86 m 2012 2021 Фихсе Берлин
36  Шведска Јеспер Нилсен пикер 30.08.1989 2,00 m 2018 2021 РК Париз Сен-Жермен
77  Германија Тим Ганц крило 03.06.1997 1,85 m 2017 2020 Рајн-Некар Левен 2
80  Германија Јаник Колбахер пикер 19.07.1995 1,93 m 2018 2023 ХСГ Вецлар
 Исланд Кристјан Андерсон тренер 27.03.1981 1,82 m 2019 2022 РК ГУИФ
 Германија Оливер Рогич спортски тренер 25.08.1978 2,02 m 2016

Засилувања 2019/20[уреди | уреди извор]

Засилувања 2019/20[уреди | уреди извор]

Засилувања 2020/21[уреди | уреди извор]

Заминувања 2020/21[уреди | уреди извор]

Блокирани бројки на дресови[уреди | уреди извор]

Од 2015 година, екипата во чест на играчите кои придонеле за клубот, ги блокирала нивните бројки на дресовите, односно активните играчи неможат да ги носат овие бројки на нивните дресови. Во спомен на овие играчи, транспаренти со соодветните броеви биле поставени под покривот на арената САП.

Број Име Година Период во тимот
18 Бјарте Мурхол 2015 2009–2015
03 Уве Генсхајмер 2016 2003–2016
C0 Николај Јакобсен 2019 2014–2019

Тренери[уреди | уреди извор]

Име тренер од Тренер до Натпревари
Николај Јакобсен 01.07.2014 30.06.2019
Гудмундур Гудмундсон 23.09.2010 30.06.2014
Ола Линдгрен 01.07.2009 23.09.2010 039
Волфганг Швенке 28.09.2008 30.06.2009 028
Швенке/Шварцер 24.09.2008 27.09.2008 001
Кристијан Шварцер 18.09.2008 24.09.2008 001
Јури Шевцов 01.07.2005 18.09.2008 106
Ролф Бектолд 07.01.2005 30.06.2005 016
Фредерик Воле 01.07.2004 07.01.2005 018
Мајкл Рот/Ролф Бектолд 01.07.2002 30.06.2004 068

Сезони[уреди | уреди извор]

Сезона Лига Место Головна разлика Бодови Германска лига DHB-Суперкуп Шампионска лига Европска лига
2002/03 2. BL Süd 01 1000:0797 60:08 2. Фаза -- -- --
2003/04 Бундеслига 16 0906:1015 18:50 2. Фаза -- -- --
2004/05 2. BL Süd 02 1113:0936 57:11 2. Фаза -- -- --
2005/06 Бундеслига 06 0983:0951 38:30 Finale -- -- --
2006/07 Бундеслига 08 0986:0945 42:26 Finale -- -- Осминафинале
2007/08 Бундеслига 04 1095:0960 52:16 Полуфинале -- -- Finale
2008/09 Бундеслига 03 1125:0985 50:18 Полуфинале -- Полуфинале --
2009/10 Бундеслига 04 1047:0923 49:19 Finale -- Четвртфинале --
2010/11 Бундеслига 04 1104:0980 53:15 Полуфинале -- Полуфинале --
2011/12 Бундеслига 05 1044:0953 48:20 Осминафинале -- -- Полуфинале
2012/13 Бундеслига 03 0965:0850 54:14 Четвртфинале -- -- Победник
2013/14 Бундеслига 02 1126:0892 59:09 Полуфинале -- Четвртфинале --
2014/15 Бундеслига 02 1093:0876 63:09 Полуфинале -- Осминафинале --
2015/16 Бундеслига 01 0916:0704 56:08 Полуфинале -- Осминафинале --
2016/17 Бундеслига 01 1011:0840 61:07 Полуфинале Победник Осминафинале --
2017/18 Бундеслига 02 1043:0838 55:13 Победник Победник Осминафинале --
2018/19 Бундеслига 04 0960:0851 50:18 Четвртфинале Победник Осминафинале --

Посетеност[уреди | уреди извор]

Сезона Посетеност Процент
2002/03 1.596 -
2003/04 2.965 + 085,8 %
2004/05 1.951 - 034,2 %
2005/06 7.268 + 372,5 %
2006/07 8.349 + 014,9 %
2007/08 9.246 + 010,7 %
2008/09 7.923 - 014,3 %
2009/10 7.431 - 006,2 %
2010/11 8.033 + 008,1 %
2011/12 6.574 - 018,2 %
2012/13 7.867 + 019,7 %
2013/14 7.301 - 007,2 %
2014/15 8.887 + 021,7 %
2015/16 8.783 - 001,2 %
2016/17 8.569 - 001,4 %
2017/18 008.222[16] - 004,0 %
2018/19 7.932 - 003,5 %

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Technical Data“ (германски). SAP Arena official website. Посетено на 17 January 2012.
  2. http://www.rhein-neckar-loewen.de/ueber-uns/historie/saison-2007-2008/
  3. „Saison 2007/08“. Rhein-Neckar Löwen – DKB Handball-Bundesliga (германски). Посетено на 13 November 2017.
  4. „Handball: Rhein-Neckar Löwen triumphieren im EHF-Cup“. Spiegel Online. 19 May 2013. Посетено на 13 November 2017.
  5. handball-world.news: Rhein-Neckar Löwen präsentieren ersten Neuzugang für die kommende Saison vom 27. November 2018, abgerufen am 27. November 2018
  6. „Löwen-News: Willkommen zuhause, Uwe!“ (германски). Посетено на 2019-01-30.
  7. „Tim Ganz erhält Bundesligavertrag bei den Rhein-Neckar Löwen“. Rhein-Neckar Löwen GmbH. 2019-03-07. Посетено на 2019-03-26.
  8. handball-world.news: Einigung erfolgt: Romain Lagarde schon in dieser Saison bei den Rhein-Neckar Löwen vom 4. Juli 2019, abgerufen am 4. Juli 2019
  9. handball-world. „Serbiens Nationalspieler Radivojevic verlässt Rhein-Neckar Löwen“. Посетено на 2019-01-14.
  10. „Rochade komplett - Paris präsentiert Gudjon Valur Sigurdsson als Gensheimer-Ersatz“ (германски). Посетено на 2019-01-30.
  11. zak.de: Gerüchte bestätigt: Vladan Lipovina verstärkt den HBW Balingen-Weilstetten vom 6. Juni 2019, abgerufen am 8. Juni 2019
  12. handball-world.news: Filip Taleski verlässt Rhein-Neckar Löwen kurz vor Saisonstart vom 20. August 2019, abgerufen am 20. August 2019
  13. handball-world.news: Albin Lagergren wechselt zu den Rhein-Neckar Löwen vom 29. April 2019, abgerufen am 29. April 2019
  14. handball-world.news: Guardiola und Timm kommen, Duo geht: TBV Lemgo stellt sich auf Kreisläuferposition neu auf vom 19. November 2019, abgerufen am 19. November 2019
  15. handball-world.news: Wechsel bestätigt: Mads Mensah Larsen ab Sommer in Flensburg vom 19. November 2019, abgerufen am 19. November 2019
  16. Mein Handball Ticket: DKB Handball-Bundesliga - Zuschauer 2017/18 abgerufen am 18. September 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]