Бек (ракомет)
Изглед
Бек – во ракометот е играч чија позиција вообичаено е ¼ од крајот на теренот при напад. Се разликува лев и десен бек во зависност на која страна игра.
Вообичаено на позицијата лев бек игра десничар, а на позицијата десен бек левучар. Главната задача на бековите е да бидат иницијатори на нападите и често ја имаат улогата на стрелци. Бековите се најчесто најголемите играчи. Кога очекуваат да ја добијат топката, вообичаено се наоѓаат на 15 метра од противничкиот гол. По добивањето на топката, играчот има неколку можни решенија:
- може да ја додаде топката на спротивната страна од онаа што ја добил (на разигрувачот доколку доаѓа од крилото, или на крилото доколу доаѓа од разигрувачот).
- може да скокне и да шутира за да постигне гол. Оваа алтернатива е почеста за високи, крупни бекови кои може да шутираат над одбраната.
- може да влезе во одбраната да се обиде да ја дезорганизира за да шутира одблизу доколку се створи празен простор, или да му додаде на пикерот или друг играч кој ќе успее да се ослободи од одбраната.
Во текот на нападот честопати бековите ја менуваат позицијата со разигрувач. Ова менување на позицијата се нарекува „вкрстување“.