Прејди на содржината

Гудјон Валур Сигурдсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гудјон Валур Сигурдсон
Лични податоци
Роден(а) 8 август 1979(1979-08-08)(45 г.)
Рејкјавик, Исланд
Националност  Исланд
Спорт Ракомет
Висина 1,87 м
Тежина 82 кг
Позиција Лево крило
Клупски податоци
Тековен клуб Кил
Број 9
Сениорски клубови
1998–2001
2001–2005
2005–2008
2008–2011
2011–2012
2012–
Исланд Акирејри
Германија ТУСЕМ Есен
Германија Гумерсбах
Германија Рајн-Некар Левен
Данска АГ Копенхаген
Германија Кил
Репрезентација
  Исланд Исланд 249 (1205)[1]

Гудјон Валур Сигурдсон (исландски: Guðjón Valur Sigurðsson; р. 8 август 1979 во Рејкјавик) — исландски ракометар, кој моментално настапува за германскиот клуб Кил каде игра лево крило.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Сигурдсон својата кариера ја започнал на млади години во локалниот клуб Грота он Селтјарнарес. Во 2001 година, со клубот РК Акирејри тој ја освоил титулата во исландското првенство. Потоа, тој својата професионална кариера ја продолжил во Германија, во клубот ТУСЕМ Есен. Во 2005, Сигурдсон со ТУСЕМ Есен успеал да ја освои титулата во ЕХФ Купот, но на крајот на сезоната ги сменил клупските бои и потпишал за Гумерсбах. Во 2006 година, Сигурдсон бил прогласен за исландски спортист на годината. На Светското првенство во 2007, во дресот на Исланд, тој бил најдобар стрелец на првенството со постигнати 66 погодоци. Тој исто така бил играч кој одиграл просечно најмногу минути на првенството. Во просек, Сигурдсон играл по 58 и пол минути по натпревар.

Во 2008 година, Сигурдсон потпишал за Рајн-Некар Левен. Во август истата година, со исландската репрезентација, Сигурдсон освоил сребрен медал на ракометниот турнир од Летните олимписки игри во Пекинг. Тој бил втор најдобар стрелец во исландскиот тим со 43 погодоци и бил дел од идеалниот тим на првенството. Во 2010 година, на Европското првенство, Сигурдсон му помогнал на својот репрезентација да ја освои бронзата, постигнувајќи 39 погодоци, со што бил четврти најдобар стрелец на првенството. Една година подоцна, на Светското првенство во 2011 во Шведска, Сигурдсон бил втор најдобар исландски стрелец со вкупно постигнати 47 погодоци. На клупско ниво, по три години игра во Рајн-Некар Левен, во летото 2011, Сигурдсон потпишал за данскиот шампион АГ Копенхаген.

Следната година, на Европското првенство во 2012, Сигурдсон повторно бил во одлична форма и бил најдобар стрелец во редовите на исландската репрезентација постигнувајќи 43 погодоци, со што бил шести најдобар стрелец на првенството.[2] Иако Исланд завршил десетти на првенството, неговите одлични игри му го донеле местото во идеалниот тим на првенството .[3] На крајот на сезоната, Сигурдсон преминал во редовите на германскиот шампион, Кил.[4]

Сигурдсон е оженет и има две ќерки и еден син.

  1. „2012 Men's EHF European Championship Official Squad List“ (PDF). Европска ракометна федерација. 16 декември 2011. Посетено на 1 февруари 2012.
  2. „Top Goalscorers - Overall (Top 40)“. EHF EURO official website. Посетено на 1 February 2012.
  3. „All Star Team announced“. EHF EURO 2012 official website. 29 January 2012. Посетено на 1 February 2012.
  4. THW holt Sigurdsson[мртва врска] 8 февруари 2012 (германски)
Награди
Претходник
Ејдур Гудјонсен
Исландски спортист на годината
2006
Наследник
Маргрет Лара Видарсдотир