Немања Прибак
| Немања Прибак | |||
|---|---|---|---|
| Лични податоци | |||
| Роден(а) |
26 март 1984 Ниш, СР Србија, СФРЈ | ||
| Националност | Србин/Македонец | ||
| Спорт |
| ||
| Висина | 1,90 м | ||
| Позиција | среден бек | ||
| Клупски податоци | |||
| Тековен клуб |
| ||
| Број | 8 | ||
| Сениорски клубови | |||
| 2003–2006 2006–2007 2007–2009 2009–2010 2010–2012 2012–2015 2015–2019 2019–2022 2022– |
| ||
| Репрезентација | |||
| 2010–2011 2014–2018 |
| ||
Немања Прибак (српски: Немања Прибак) (26 март 1984 во Ниш) — српско- македонски поранешен ракометар и македонски репрезентативец, кој играл за Хапоел Ришон Ле Цион во израелското првенство.
Животопис
[уреди | уреди извор]Прибак во 2013 година добил македонско државјанство и со тоа можност за настап за македонската репрезентација. Прибак добил македонски пасош со одлука на Владата на Македонија, донесена на владината седница на 10 декември 2013 година.[1]
Професионална кариера
[уреди | уреди извор]Прибак настапувал за РК Вардар, и тоа во два наврата: од 2007 до 2009 година и повторно, од 2012 до 2015 година. Во февруари 2015 година, „Вардар“ објавил дека нема намера да го продолжи договорот со него, по што тој потпишал двегодишен договор со турскиот клуб Бешикташ.[2][3]
Во септември 2022 година Прибак потпишал договор со израелскиот клуб Хапоел Ришон Ле Цион.[4]
Со македонската репрезентација, Прибак настапил на Светското првенство во 2015 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Прибак и Вугринец станаа Македонци“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2014-01-02. Посетено на 12 декември 2012.
- ↑ „Прибак се сели во Бешикташ“, Дневник, петок, 27 февруари 2015, стр. 24.
- ↑ „Прибак две години во Бешикташ“, Утрински весник, година XVI, број 4721, петок, 27 февруари 2015, стр. 23.
- ↑ Прибак потпиша за клуб од Израел Архивирано на 4 мај 2023 г. g-sport.mk; 15 септември 2022
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||
| ||||||||
| ||||||||
| ||||||||