Сташ Скубе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сташ Скубе
Stas Skube 20170429.jpg
Лични податоци
Роден(а) 15 ноември 1989 (1989-11-15) (31 г.)
Ново Место, Словенија
Националност словенечко
Спорт Handball pictogram.svg Ракомет
Висина 1,79 m
Позиција Централен бек
Клупски податоци
Тековен клуб РК Вардар
Број 20

Сташ Скубе (словенечки: Staš Skube), (роден во Ново Место, на 15 ноември 1989) — словенечки ракометар.

Сташ е деснорак ракометар кој игра на позицијата на централен бек, организатор на играта, за ракометниот клуб Вардар и словенечката репрезентација.

Игра и кариера[уреди | уреди извор]

Клуб[уреди | уреди извор]

2006-2013 Тримо Требње[уреди | уреди извор]

Во 2006-2008 година почнал да игра во екипата на РК Тримо Требње од Требње. Во сезоната 2008-2009, ги постигнал првите два гола на меѓународен натпревар кога постигнал два гола во Купот на победниците на куповите на 18 октомври против Живинице.[1] Во сезоната 2009-2010, играле во Купот на ЕХФ и постигнал 12 гола на три натпревари.[2] Особено се покажал на 13 февруари на мечот против шпанскиот Арагон кога постигнал девет гола во победата на неговиот тим од 35 на 26.[3]

2013-2016 Горење Велење[уреди | уреди извор]

Во 2013 година Скубе се преселил во Велење во РК Горење Велење и таму останал три сезони. Сите три последователни сезони биле пласирани на второ место на Словенечкиот шампионат и секогаш ги победувал РК Цеље од Цеље. Во сезоната 2013-2014 за првпат играл во Лигата на шампионите и постигнал 12 гола на 12 натпревари.[4] Во сезоната 2014-2015, РК Горење Велење играл во Купот на ЕХФ, а Сташ постигнал 81 гол во дванаесетте средби.[5] На 28 февруари, во мечот на домашен терен против швајцарскиот Винтертур, Скубе го постигнал својот рекорд на постигнати голови на меѓународни натпревари, 12 гола во победата од 35-26.[6]

2016-2018 Пик Сегед[уреди | уреди извор]

Во 2016 година, неговиот договор со РК Горење Велење истекол и тој се преселил во странство, во Унгарија, во Пик Сегед.[7] Таму, меѓу другите играчи, го имал својот соиграч од Горење, Словенецот Марио Шоштарич. Во сезоната 2016-2017, повторно играл во Лигата на шампионите.

2018-2019 РK Вардар[уреди | уреди извор]

Во 2018 година од Пик Сегед Скубе се префрлил во македонскиoт првак РК Вардар, со кого во 2019 година ја освоил Лигата на шампионите во Келн.

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Со репрезентацијата на Словенија го освоил бронзениот медал на СП за играчи до 21 година во 2009 година. За сениорската репрезентација на Словенија има одиграно 17 натпревари и постигнато 32 гола.[8]

Семејство[уреди | уреди извор]

Неговиот постар брат Себастијан Скубе е исто така успешен ракометар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Cup Winners' Cup 2008-09 match: Živinice - Trimo (23-24)“. eurohandball.com (англиски). 18. oktober 2008. Посетено на 24. November 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. „Staš Skube profile for season 2009-10“. eurohandball.com (англиски). Посетено на 24. November 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „EHF Cup 2009-10 match: Trimo - Aragon (35-26)“. eurohandball.com (англиски). 13. februar 2010. Посетено на 24. November 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „Staš Skube profile for season 2013-14“. eurohandball.com (англиски). Посетено на 24. November 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Staš Skube profile for season 2014-15“. eurohandball.com (англиски). Посетено на 24. November 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „EHF Cup 2014-15 match: Winterthur - Gorenje (26-35)“. eurohandball.com (англиски). 28. februar 2015. Посетено на 24. November 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. „Staš Skube se seli v Pick Szeged“. siol.net. 28. oktober 2015. Посетено на 24. November 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  8. „Словенецот Сташ Скубе е нов член на Вардар“. Рк Вардар. 28 јуни 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]