Лука Циндриќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лука Циндриќ
Лука Циндриќ
Циндриќ во 2014 година
Лични податоци
Роден(а) 1993 мај 7 (7-05-1993) (2012 г.)
Огулин, Хрватска
Националност Хрват
Спорт Handball pictogram.svg Ракомет
Висина 1,85 м
Тежина 90 кг
Позиција десен бек
Клупски податоци
Тековен клуб Македонија РК Вардар
Младински клубови
2004
Хрватска РК Огулин
Хрватска РК Сењ
Сениорски клубови
2012
2014
2015
Хрватска РК Карловац
Македонија РК Металург
Македонија РК Вардар
Репрезентација 1
  Хрватска Хрватска 2 (0)
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат
за 22 мај 2015

Лука Циндриќ (хрватски: Luka Cindrić; р. 5 јули 1993 во Огулин) — хрватски ракометар.

Со неговата височина од 1,85 метри и тежина од 90 килограми, прв пат настапил во 2012 година со РК Карловац во хрватската Премиер Лига и учествувал на ЕХФ Челинг Купот во сезоната 2013/14. Во неговата прва сезона 2012/13 забележал 243 голови на 33 натпревари (од кои 38 како пенали) и станал најдобар стрелец.[1] Во вториот дел на сезоната на 15 натпревари постигнал 131 гол.[2] Во јануари 2014 година се преклучил на македонскиот клуб РК Металург, со кој стигнал до четвртфиналето во Лигата на шампиони 2013/14, како и го освоил македонското првенство во 2014 година.[3]

Лука Циндриќ бил избран за настап на Светското младинско првенство 2013, на кое Хрватска завршила на четврто место.[4] Во хрватската сениорска репрезентација настапил на 5 април 2014 година против Шведска.[5] Оттогаш имал два репрезентативни настапи, на кои досега не постигнал гол.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. www.rukometstat.com Najbolji strijelci (broj golova) 31 март 2014
  2. www.rukometstat.com Statistik: Luka Cindrić 31 март 2014
  3. „Лука Циндриќ потпиша за Металург“. РК Металург (македонски). Скопје: РК Металург. 8 јануари 2014. конс. 22 мај 2015. 
  4. Состав на Хрватска (PDF, 70 kB) 21 февруари 2014
  5. Хрватска-Шведска 10 април 2014

Надворешни врски[уреди | уреди извор]