Кристијан Дисингер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кристијан Дисингер
Лични податоци
Роден(а) 15 ноември 1991(1991-11-15)(32 г.)
Лудвигсхафен, Германија
Националност Германец
Спорт Ракомет
Висина 2.02 m
Позиција лев бек
Клупски податоци
Тековен клуб РК Вардар
Број 15

Кристијан Дисингер (германски: Christian Dissinger, 15 ноември 1991) е германски ракометар кој моментално игра за РК Вардар и германската репрезентација.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Дисингер ја започнал својата кариера во германскиот клуб ТСГ Фризенхајм и играл таму до јуни 2011 година. По ТСГ Фризенхајм бил префрлен во швајцарски клуб Кадетен Шафхаузен. Во март 2013 година го одржал своето деби за германската ракометна репрезентација. Во летото 2013 година тој се преселил во шпанскиот клуб Атлетико Мадрид БМ. По долго опоравување од лигаметна повреда (мај 2013) тој се вратил во својот нов клуб ТУС Нетелштед-Либеке во април 2014 година. Во летото 2015 година потпишал договор за Кил. Тој го продолжил договорот во јануари 2016 година до јуни 2020 година. Во октомври 2018 година договорот на Дисингер бил прекинат по заемна согласност и подоцна потпишал договор со РК Вардар.[2]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Porträt auf dhb.de“. dhb.de. Архивирано од изворникот на 2018-10-09. Посетено на 2019-05-04.
  2. „Christian Dissinger wechselt zu Vardar Skopje“ (германски). kn-online.de. 11 October 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]