Хорхе Македа

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хорхе Македа е шпански ракометар, висок 1,95 метри и тежок 102 килограми. Тој игра на позицијата десен бек.

Македа пред настап во Мадрид, 2013 г.

Животопис[уреди | уреди извор]

Кариера[уреди | уреди извор]

Македа на настап во Мадрид, 2013 г.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Својата кариера, Македа ја започнал во шпанскиот клуб „Вилјафранка“, а во 2005 година станал професионан ракометар, потпишувајќи за РК „Барцелона“, каде останал до 2007 година. Потоа, од 2007 до 2009 година, тој играл во шпанскиот клуб „Алкобендас“, а од 2009 до 2012 година, играл во „Арагон“. Во 2012 година, Македа преминал во францускиот клуб „Нант“, каде во просек давал по пет гола на натпревар, додека во сезоната 2014-2015, неговиот просек паднал на 3,3 гола по натпревар. Во ноември 2014 година, по натпреварот со „Веспрем“, РК „Вардар“ соопштил дека потпишал договор со Македа, со важност до јуни 2017 година.[1]

Репрезентативни настапи[уреди | уреди извор]

Македа на натпреварот потив Словенија на Светското првенство во 2014 г.

Македа настапувал за репрезентациите на Шпанија до 19 и до 21 година, а подоцна и за првиот состав на Шпанија. Притоа, тој го освоил бронзениот медал на СП 2011 и златен медал на СП 2013, како и бронзен медал на ЕП 2014.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Вардар со Македа ќе ја освојува Европа“, Дневник, година XVIII, број 5623, петок, 21 ноември 2014, стр. 24-25.