Креди лионе
Кредит Лион (француски: Crédit Lyonnais) — историска француска банка. Во раните 1990-ти била најголема банка во Франција, главно во државна сопственост. Поради лошото управување со банката, дошла на раб на банкрот во 1993 година. Во 2003 била преземена од страна на Кредит Агрикол (Crédit Agricole) и сега е позната како „LCL“ (Le Crédit Lyonnais)
Историја
[уреди | уреди извор]Банката била создадена во 1863 година во Лион, од страна на Анри Жермен. Кредит Лион била најголема светска банка сè до 1990 година, од страна на државата била национализирана во 1945 година и била главна банка во Франција после периодот на Втората светска војна.
Спонзорство
[уреди | уреди извор]Кредит Лион можеби најмногу е запаметена по нејзиното спонзорство на велосипедската трка Тур де Франс. Банката била спонзор на генералниот пласман на трката, односно нејзиното име се појавувало на жолтата маичка, која ја носат предводниците на трката.