Прејди на содржината

Клаудио Лопес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Клаудио Лопес
Лични податоци
Полно име Клаудио Хавиер Лопес
Роден на 17 јули 1974(1974-07-17)(50 г.)
Роден во Рио Терсеро, Аргентина
Држава Аргентина Аргентина
Висина &100000000000001780000001,78 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2011 (36 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992–1996 Расинг Клуб Расинг Клуб 116 (25)
1996–2000 Валенсија Валенсија 126 (47)
2000–2004 Лацио Лацио 106 (29)
2004–2007 Клуб Америка Клуб Америка 87 (27)
2007–2008 Расинг Клуб Расинг Клуб 34 (10)
2008–2009 Канзас Сити Визардс КС Визардс 57 (13)
2010 Колорадо Рапидс Колорадо Рапидс 11 (0)
Репрезентација
1996 Аргентина Аргентина 23 17 (7)
1995–2003 Аргентина Аргентина 55 (10)

Клаудио Хавиер Лопес (шпански изговор: [ˈklauðjo ˈlopes]; роден на 17 јули 1974 година, во Рио Терсеро) — поранешен аргентински фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.

Неговио прекар бил El Piojo (вошката).

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Како дете Лопес се посветил на кошарката, играјќи како плејмејкер, но подоцна се одлучил за фудбалот, заедно со неговиот најдобар пријател Диего Иван Уерта, започнувајќи ја својата кариера во Индепендиенте де Рио Терсеро, во 1988 година. Во 1989 година, тој станал за државен детски шампион со таа екипа, на турнирот одржан во Хухуј. По краток престој во Уракан, од градот Кордоба, тој се вратил во Индепендиенте де Рио Терсеро во 1990 година.

Во 1990 година, бизнисменот Мануел Патињо платил за Лопес 5.000 американски долари, носејќи го младиот напаѓач во младинскиот сектор на Естудијантес де Ла Плата. Таму играл во шесттата лига, но не се адаптирал и се врати во родниот град. Во 1992 година, Лопес играл за Клуб Атлетико Университарио (Кордоба), а една година подоцна бил повикан да се приклучи на репрезентацијата под 17 години, чиј селектор бил Реиналдо Мерло. Сепак, натпреварите кои тимот требал да ги игра биле прекинати и тој ја загубил можноста да го носи дресот на Аргентина.

Истата година, тој му се приклучил на Расинг.

Лопес го направил своето деби за Расинг на 20 септември 1992 година, во натпревар од Апертура првенството против Депортиво Еспањол, загубен со 1-0; под водството на тренерот Умберто Грондона, Лопес добил шанса да влезе во игра на 14 минути пред крајот, заменувајќи го парагвајскиот напаѓач Карлос Луис Торес. Тој одиграл 7 натпревари во првенството и исто така учествувал во Суперкопа Судамерикана 1992, каде Расинг стигнале до финалето во кое загубиле од Крузеиро.

Неговиот прв гол за Расинг го постигнал во Торнеос де Верано, против Индепендиенте во 1993 година во натпревар што завршил 3-3. Во Клаусура 1993, каде Расинг завршил на шесттото место, Лопес одиграл 12 од 19 натпревари во првенството постигнувајќи го својот прв гол во последното коло: тоа се случило во натпреварот против Талjерес, во кој Расинг победил со 4-0, а тој бил избран за играч на натпреварот од магазинот El Grafico.

Додека јужноамериканските репрезентации се натпреварувале на Копа Америка 1993 во Еквадор, а подоцна и во квалификациите за Светското првенство 1994, во Аргентина бил организиран Торнео Сентенарио 1993, турнир во кој учествувале 20 екипи од Примера Дивисион. Расинг го започнал турнирот против Индепендиенте, во натпревар во кој токму Лопес го постигнал победничкиот гол во успехот со 2-1. Тој, исто така, одиграл одлична партија во реваншот: му дал две асистенции на својот партнер во нападот, Хуан Рамон Флеита, Расинг победил со 3-2 и го елиминирал својот градски ривал од натпреварувањето. Лопес не застанал тука, напротив во третиот натпревар на тој турнир, против Велес Сарсфилд го постигнал првиот хет-трик во кариерата за победата со 3-2. Откако Велес бил минат, следниот ривал на Расинг бил Ривер Плејт. Во изендачен натпревар во кој немало голови, 0-0 до 80-тата минута, Лопес надвор од баланс со удар со левата нога ја сместил топката во мрежата на Ривер за конечните 1-0. Поразите од Белграно со 3-2 и од Сан Лоренцо со 2-1 сепак значеле елиминација за Расинг од турнирот. Оваа екипа на Расинг, предводена од Хуан Хосе Пицути и Родолфо Дела Пика е еден од најзапаметените меѓу фановите на Расинг, пред се поради младоста на играчите како Игнасио Гонсалес, Карлос Галван и Клаудио Марини, а посебно во сеќавањето останала напаѓачката двојка (Флеита - Лопес), наречена Лос Лигеритос.

На почетокот на Апертура 1993, Карлос Бабингтон ја презел тренерската функција во Расинг. Тимот имал одлична сезона, а Лопес одиграл 18 од 19 натпревари, плус еден за Суперкопа Судамерикана. Првиот гол во првенството го постигнал против Платенсе во третото коло, со удар со со левата нога. Неговите асистенции биле клучни за тимот кој заврши на третото место, само еден поен зад шампионот Ривер Плата. Добрите игри во Апертура му носеле добри изгледи на Расинг за висок пласман во Клаусура 1994, но тимот овојпат не се претставил многу добро. Лопес одиграл 18 натпревари и постигнал три гола: првиот го постигнал во поразот на Расинг со 3-2 од Депортиво Еспањол, потоа во градското дерби против Индепендиенте, во ремито 2-2, а последниот во победата над Њуелс Олд Бојс со 2-0 во Авељанеда. Во првата половина на 1994 година, тој го освоил својот прв професионален турнир во кариерата, Копа де Инвиерно 1994: Расинг го победил Насионал Монтевидео со 3-1 со еден гол на Лопес и Рампла Хуниорс со 1-0.

Лопес останал со Валенсија пет години, помагајќи му на тимот да биде второпласиран во Лигата на Шампионите во сезоната 1999-2000, по порзазот од во финалето од Реал Мадрид со 3-0. Со добрите игри во Валенсија, Лопес направил трансфер во Лацио во Серија А за износ од 35 милиони евра. Тој бил во партнерство со сонародникот Ернан Креспо во напаѓачката линија. За жал, Лопес страдал од повреди за време на неговиот престој во Лацио. Во текот на Лигата на шампионите во сезоната 2000-2001, тој постигнал гол од корнер против Андерлехт на Олимпискиот стадион во Рим.

Мексико, повраток во Расинг

[уреди | уреди извор]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Лопес имал истакната кариера со репрезентацијата на Аргентина. По освојувањето на сребрениот медал со екипата под 23 години за време на Летните олимписки игри 1996, Лопес настапил и на Светското првенство 1998 година. Тој постигнал гол против Холандија во четврт-финалето, кога ја пласирал топката помеѓу нозете на Едвин ван дер Сар за да донесе привремено водство, иако Аргентина на крајот била поразена со резултат од 2-1.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]