Патрик Шик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чешка Патрик Шик
Лични податоци
Роден на 24 јануари 1996 (1996-01-24) (воз. 22 г.)
Роден во Прага, Чешка
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Рома Рома
Број 14
Младинска кариера
Спарта Прага Спарта Прага
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014–2016 Спарта Прага Спарта Прага 4 (0)
2015–2016Бохемианс 1905 Бохемианс 1905 27 (8)
2016– Сампдорија Сампдорија 32 (11)
2017–Рома Рома 18 (1)
Репрезентација
2011 Чешка Чешка 16 2 (0)
2012-2013 Чешка Чешка 17 11 (8)
2014 Чешка Чешка 18 2 (0)
2014-2015 Чешка Чешка 19 11 (6)
2015- Чешка Чешка 21 11 (10)
2016- Чешка Чешка 7 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Патрик Шик (роден на 24 јануари, 1996, во Прага) е чешки фудбалер, напаѓач на Рома и на чешката репрезентацијата.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Спарта Прага[уреди | уреди извор]

Својата кариера Шик ја започнал во Спарта Прага. Минувајќи низ младинските категории на клубот, тој го направил своето деби за првиот тим на 16 април 2014 во натпреварот против Јаблонец во Купот на Чешка во поразот на неговиот тим со 3-1. Неколку недели подоцна тој го направил своето деби во лигата, на 3 мај 2014 влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Јосеф Хушбауер во 84-тата минута во поразот со 3-1 од Теплице.[1] На 18 ноември истата година, Шик го постигнал својот прв професионален гол во кариерата во ремито 1-1 против Прибрам во Купот на Чешка. На 11 декември 2014 година го направил своето деби во Лига Европа во поразот со 2-0 од швајцарскиот Јанг Бојс.

Бохемианс[уреди | уреди извор]

Во летото на 2015 година, откако запишал 10 натпревари и еден гол за Спарта Прага, бил позајмен на Бохемианс 1905 за кој дебитирал на 27 јули 2015, во поразот со 1-0 од Фастав Злин. Неговиот прв гол за клубот дошол на 12 септември 2015 година против Теплице. На 21 ноември, за прв пат во својата про-кариера постигнал два гола на еден натпревар во победата со 3-1 против Бани Острава. Сезоната 2015-2016 ја завршил со 27 настапи и 8 гола во дресот на Бохемианс.

Сампдорија[уреди | уреди извор]

На 13 јули 2016 година, Сампдорија го купува Шик од Спарта Прага[2] за сума од 4 милиони €. Играчот избрал да го носи дресот со број 14. Своето деби за Сампдорија Шик го направил на 14 август во натпревар од Купот на Италија во кој популарните блучерати го победиле Басано Виртус со 3-0. Своето деби во Серија А го направил на 21 август во победата со 1-0 на гости против Емполи. На 26 октомври го постигнал својот прв гол во Серија А за сезоната против Јувентус во натпревар кој сепак завршил со висок пораз за Самп од 4-1. На 30 ноември тој бил двоен стрелец во победата со 3-0 над Калјари во Купот на Италија. Својот втор гол во лигата го забележал во победата со 2-0 на домашен терен против Торино на 4 декември, третиот во поразот дома со 1-2 од Лацио а четвртиот во поразот со 2-1 на гостувањето против Кјево. Тој исто така бил голем протагонист во победата со 3-2 над Рома на 29 јануари 2017, влегувајќи во игра во 69-тата минута при резултат 1-2 и само две минути подоцна го изедначил резултатот, а на крајот неговиот тим дошол до целосен пресврт и голема победа над фаворитот. Својата прва сезона во Италија ја завршил со 32 лигашки настапи и импресивни 11 гола.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Шик играл за сите младински селекции на Чешка почнувајќи од онаа под 16 до под 21 година. Тој бил најдобар стрелец во квалификациите за Европското првенство за играчи под 21 година 2017 постигнувајќи 10 гола во 9 натпревари помагајќи и на Чешка да се квалификува за завршниот турнир. Во јуни 2017, тој бил повикан во чешката репрезентација под 21 година и за завршниот турнир во Полска.

На 27 мај 2016, го направил своето деби за сениорската репрезентација на Чешка во пријателскиот натпревар против Малта, влегувајќи во игра во 66-тата минута на местото на капитенот Томаш Росицки и постигнал гол во завршницата за да го постави конечниот резултат на натпреварот 6-0.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 21 јуни 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентални купови Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Куп Наст Гол Куп Наст Гол Куп Наст Гол Наст Гол
2013-2014 Чешка Спарта Прага 2 0 КЧ 1 0 - - - - - - 3 0
2014-2015 2 0 КЧ 3 1 ЛШ+ЛЕ 0+2 0 - - - 7 1
Вкупно Спарта Прага 4 0 4 1 2 0 - - 10 1
2015-2016 Чешка Бохемианс 1905 27 7 КЧ 1 0 - - - - - - 28 7
2016-2017 Италија Сампдорија А 32 11 КИ 3 2 - - - - - - 35 13
Вкупно во кариерата 63 18 8 3 2 0 - - 73 21

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]