Томаш Калас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томаш Калас
Лични податоци
Полно име Томаш Калас[1]
Роден на 15 мај 1993(1993-05-15)(30 г.)
Роден во Оломоуц, Чешка
Држава Чешка Чешка
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Бристол Сити Бристол Сити
Број 22
Младинска кариера
Сигма Оломоуц Сигма Оломоуц
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009-2010 Сигма Оломоуц Сигма Оломоуц 1 (0)
2010-2018 Челси Челси 2 (0)
2010-2011Сигма Оломоуц Сигма Оломоуц 4 (0)
2011-2013Витесе Витесе 66 (2)
2014-2015Келн Келн 0 (0)
2015-2016Мидлсбро Мидлсбро 43 (0)
2016-2018Фулам Фулам 69 (1)
2018– Бристол Сити Бристол Сити 101 (1)
Репрезентација
2009-2010 Чешка Чешка 17 12 (1)
2010 Чешка Чешка 18 5 (0)
2011 Чешка Чешка 19 8 (1)
2013 Чешка Чешка 20 1 (0)
2011-2015 Чешка Чешка 21 23 (0)
2012- Чешка Чешка 26 (2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Томаш Калас (роден на 15 мај 1993 во Оломоуц) е чешки фудбалер, играч од одбраната на Бристол Сити и на чешката репрезентација.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Стопер, кој може да игра и како десен бек. Добар во играта со глава и во изнесувањето на топката, но се одликува и со одлични атлетски предиспозиции и солидна брзина за дефанзивец.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Оломоуц, Калас ја започнал својата кариера во екипата од неговиот роден град Сигма Оломоуц, за која дебитирал во победата со 2-0 над Слован Либерец на 5 мај 2010 година.[2] По завршувањето на сезоната 2009-2010, тој потпишал за англискиот клуб член на Премиер лигата, Челси, на 7 јули 2010 година, за надомест од околу 5,2 милиони фунти.[3] Сепак, договорот вклучувал, тој да остане во Сигма Оломоуц и во сезоната 2010–2011 како позајмен играч:[3] тој направил уште 6 настапи (4 во првенствотото и 2 во купот) за Сигма во првиот дел од сезоната 2010-2011, по што се вратил во Челси, каде играл за резервниот тим на Сините.

Во август 2011, Калас му се приклучил на холандскиот клуб Витесе, на двегодишна позајмица. Престојот во клубот од Арнем бил позитивен за младиот чешки дефанзивец, кој пронашол можност да игра во континуитет и да се развива. На 17 мај 2012, Калас го постигнал својот прв погодок во професионалната кариера во победата со 3-1 над РКЦ Валвајк.[4] Вкупно за Витесе во двете сезони на заем одиграл 76 натпревари и постигнал 2 гола.

По одличните игри во Витесе, Калас се вратил во Челси во летото 2013 и бил потврден од менаџерот Жозе Мурињо, кој рекол дека тој ќе остане и ќе се бори за своето место во клубот.[5] Своето деби за првиот тим на Челси го направил на 29 октомври 2013, влегувајќи како замена на местото на Хуан Мата во победата со 2-0 над Арсенал во Лига купот. На 18 март 2014, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите во победата со 2-0 над Галатасарај, а 27 април 2014 дебитирал и во Премиер лигата во победата со 2-0 на Анфилд над Ливерпул.

Откако не добил многу шанси за игра во дресот на Челси (сезоната 2013-2014 ја завршил со вкупно 4 натпревари: два во првенството и по еден во Лига купот и Лигата на шампионите), тој бил проследуван на разни позајмици во следните неколку сезони. Најпрво бил позајмен на германскиот Келн во сезоната 2014-2015, каде не одиграл ниту еден натпревар, а потоа следеле позајмици во три различни екипи од Чемпионшип - второто ниво на англискиот фудбал: Мидлсбро, Фулам и Бристол Сити.

На 1 јули 2019, по успешниот период на Калас во клубот како позајмен играч, Бристол Сити одлучилe да го откупат играчот од Челси за сума од 8 милиони фунти.[6]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Калас ја претставувал Чешка во неколку младински репрезентации: под 17, под 18, под 19, под 20 и под 21 година. Со последната репрезентација, учествувал на Европското првенството за играчи под 21 година 2015 кое се одржало токму во Чешка.

За сениорската репрезентација дебитирал во победата со 3-0 над Словачка во пријателски натпревар. Учествувал на Европското првенство 2020.

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 13 јуни 2021

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2009-2010 Чешка Сигма Оломоуц 1 0 КЧ 0 0 - - - - - - 1 0
2010-2011 4 0 КЧ 2 0 - - - - - - 6 0
Вкупно Сигма Оломоуц 5 0 2 0 - - - - 7 0
2011-2012 Холандија Витесе Е 29+4[7] 0+1[7] КХ 4 0 - - - - - - 37 1
2012-2013 Е 34 1 КХ 3 0 ЛЕ 3[8] 0 - - - 40 1
Вкупно Витесе 63+4 1+1 7 0 3 0 - - 77 2
2013-2014 Англија Челси ПЛ 2 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 ЛШ 1 0 СУ 0 0 4 0
2014-јан. 2015 Германија Келн БЛ 0 0 КГ 0 0 - - - - - - 0 0
јан.-јун. 2015 Англија Мидлсбро ФЛЧ 17 0 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 17 0
2015-2016 ФЛЧ 26 0 ФАКуп+ЛК 1+3 0 - - - - - - 30 0
Вкупно Мидлсбро 43 0 4 0 - - - - 47 0
2016-2017 Англија Фулам ФЛЧ 36+2[7] 1+0 ФАКуп+ЛК 2+0 0 - - - - - - 40 1
2017-2018 ФЛЧ 33+2[7] 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 36 0
Вкупно Фулам 69+4 1 3 0 - - - - 76 1
2018-2019 Англија Бристол Сити ФЛЧ 38 0 ФАКуп+ЛК 3+0 0 - - - - - - 41 0
2019-2020 ФЛЧ 23 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 24 0
2020-2021 ФЛЧ 40 1 ФАКуп+ЛК 3+1 0 - - - - - - 44 1
Вкупно Бристол Сити 101 1 8 0 - - - - 109 1
Вкупно во кариерата 291 4 25 0 4 0 0 0 320 4

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Notification of shirt numbers: Bristol City“ (PDF). English Football League. стр. 13. Посетено на 19 September 2020.
  2. „Thomas Kalas“. Soccerway. Посетено на 7 July 2010.
  3. 3,0 3,1 „Chelsea sign teenage Czech defender Tomas Kalas“. BBC Sport. 7 July 2010. Посетено на 7 July 2010.
  4. „RKC Waalwijk vs. Vitesse 1 – 3“. US Soccerway. Посетено на 13 December 2014.
  5. „Home“. ChelseaFC. Архивирано од изворникот на 2 август 2013.
  6. „Kalas signs for club-record fee“. Bristol City F.C. 1 July 2019. Посетено на 15 July 2019.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Плејоф.
  8. Во квалификациските кола.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]