Холандски Антили

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Холандски Антили
Nederlandse Antillen
Уставна држава на Кралството Холандија

1954–2010
 

 

 

Знаме Грб
Гесло
латински: Libertate unanimus
("Обединети од слобода")
Химна
Химна без наслов
Главен град Вилемстед
Јазици холандски, англиски, папијаменто[1]
Уредување уставна монархија
Крал
 -  1954-1980 Јулијана
 -  1980-2010 Беатриса
Законодавство Посед Холандски Антили
Историја
 -  Основана 15 декември 1954
 -  Отцепување на Аруба 1 јануари 1986
 -  Распад на Холандските Антили 10 октомври 2010
Површина
 -  2001 800 км²
Население
 -  2001 175653 
     Густина 219.6 жит/км²
Валута гилдер
ВИД .an
Повик. бр. +599

Холандските Антили (холандски: Nederlandse Antillen, папијаменто: Antia Hulandes[2]) била автономна уставна држава на Кралството Холандија. Оваа автономна држава била составена од две групи острови, едните составени од Аруба, Курасао и Бонер во близина на Венецуела, а другата група составена од Саба, Свети Мартин и Свети Евстахиј во близина на Свети Кристофер и Невис.

Холандските Антили почнале да се распаѓаат во 1986 година, кога Аруба излегла од федерацијата и станала посебна автономна држава во рамките на Кралството. На 10 октомври 2010 Холандските Антили целосно се распаднале и денес Кралството е составено од четири уставни држави и три јавни тела, нешто слично како специјални општини. Уставните држави се: Аруба, Курасао, Холандија и Свети Мартин, додека специјални општини се: Бонер, Саба и Свети Евстахиј кои се нарекуваат со заедничкото име Карипска Холандија.[3]

Наводи[уреди]

  1. „Landsverordening officiële talen“. wetten.nl. 28 март 2007. http://decentrale.regelgeving.overheid.nl/cvdr/XHTMLoutput/Actueel/Nederlandse%20Antillen/10499.html. конс. 5 јануари 2011. 
  2. Papiamentu/Ingles Dikshonario, Ratzlaff, Betty; pg. 11
  3. Antillen opgeheven op 10-10-2010“, NOS, 1 октомври 2009 (конс. 1 октомври 2009). (на Dutch)

Користена литература[уреди]

  • Borman, C. (2005) Het Statuut voor het Koninkrijk, Deventer: Kluwer.
  • Oostindie, G. and Klinkers, I. (2001) Het Koninkrijk inde Caraïben: een korte geschiedenis van het Nederlandse dekolonisatiebeleid 1940-2000. Amsterdam: Amsterdam University Press.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Влада
Општо