Прејди на содржината

Холандија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кралство Холандија)
Кралство Холандија
Koninkrijk der Nederlanden
Знаме Грб
Гесло"Je maintiendrai"  (француски)
"Ik zal handhaven"  (холандски)
"Јас ќе станав брзо"[1]
Химна"Het Wilhelmus" (холандски)
"'За Вилхелм"
noicon

Местоположбата на  Холандија  (темнозелена) – на Европскиот континент  (светлозелена и темносива) – во Европската Унија  (светлозелена)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Холандија  (темнозелена)

– на Европскиот континент  (светлозелена и темносива)
– во Европската Унија  (светлозелена)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Холандија  (темнозелена)

– на Европскиот континент  (светлозелена и темносива)
– во Европската Унија  (светлозелена)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Амстердам[2]
52°21′N 04°52′E / 52.350° СГШ; 4.867° ИГД / 52.350; 4.867
Службен јазик холандски
Народности  80.9% холанѓани
19.1% други
Демоним Холанѓани

(Холанѓанец/Холанѓанка)

Уредување Претседателски систем и Уставна монархија
 •  Крал Вилем-Александар
 •  Премиер Дик Шуф
Независност од Шпанија 
 •  Обајвена 26 јули 1581 
 •  Призната 30 јануари 1648 
пристапила во ЕУ 25 март 1957
Површина
 •  Вкупна 41,526 км2 (135-та)
 •  Вода (%) 18.41
Население
 •  проценка за 2017 г. 17,100,475 (65-та)
 •  Густина 412/km2 жит/км2 (27-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2016 г.
 •  Вкупен $865.908 милијарда[1] 
 •  По жител $50,846[1] 
БДП (номинален) проценка за 2016 г.
 •  Вкупно $769.930 милијарди[1] (17)
 •  По жител $45,210[1] 
ИЧР (2015) 0.924[2]
многу висок · 7ма
Валута Евро[3] (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
НДД .nl
Повик. бр. 31
2. ^ Хаг е седиште на владата.
5. ^ Пред 2002 се користел холандскиот гулден.

Холандија (холандски: Nederland) — европскиот дел од Кралството Холандија (холандски: Koninkrijk der Nederlanden). Холандија е парламентарна демократија со уставен монарх, сместена во северозападна Европа. Се граничи со Северното Море на север и запад, со Белгија на југ и со Германија на исток. Холандија е административно поделена на 12 провинции. Денешните граници на Холандија се утврдени во 1839 година.

Холандија е една од најгусто населените и географски најниско позиционираните земји во светот, позната по своите брани, ветерници, кломпи, лалиња, велосипеди и толеранција.

Етимологија на име

[уреди | уреди извор]

Историја

[уреди | уреди извор]

Бургундска и Хабсбуршка Холандија (1384–1581)

[уреди | уреди извор]
Ниските Земји во доцниот 14ти век

Во времето на Карло V, император на Светото Римско Царство и крал на Шпанија, територијата на денешна Холандија била дел од седумнаесетте покраини на Ниските Земји, кои вклучувале поголем дел од денешна Белгија, Луксембург и дел од Франција и Германија. Во 1568 година започнала војната за независност против шпанскиот крал Филипе II, син на Карло V. Во 1579 година северниот дел од седумнаесетте провинции објавиле независност обединувајќи се во Утрехска унија, која се смета за почетокот на денешната држава Холандија.

Холандска Република (1581–1795)

[уреди | уреди извор]

По војната, таа во 1648 година добила формална независност од страна на кралот Филип, и под името Република на седумте ниски земји постепено се преврнала во една од најразвиените земји која ги поседувала главните морски патишта во 17 век. Во тоа време, Холандија создала многу колонии во Новиот Свет.

Батависка Република и кралство (1795–1890)

[уреди | уреди извор]

По соединувањето ѝ во империјата на Наполеон Бонапарт во 1815 година било создадено Кралство Холандија кое ги вклучувало денешните Луксембург, Белгија и Холандија. Во 1830 година, Белгија добила независност, а по смртта на Вилхелм III се одделил и Луксембург.

Светските војни и потоа

[уреди | уреди извор]

Во текот на Првата светска војна, Холандија останала неутрална, а во Втората светска војна била окупирана од страна на Нацистичка Германија. По војната, Холандија станала член на Бенелукс. Во 1957 година станала членка на Европската економска заедница, која е претходник на ЕУ. Претходно, во 1949 година Холандија станала член на НАТО.

Географија

[уреди | уреди извор]
Топографска карта на Холандија.

Холандија е кралство кое се наоѓа во Западна Европа. Вкупната површина на земјата изнесува 41.526², и според тоа се наоѓа на 135 место по големина во светот. Земјата граничи со Северното Море на север и запад, со Белгија на југ и со Германија на исток.

Холандија е една од најнископоставените земји во светот. Околу поливина од нејзината територија се наоѓа под еден метар надморска висина. На нејзината територија се наоѓаат четирите делти на нејзините најголеми реки: Рајна, Ваал, Меза. Холандија е на трето место на најгусто населените земји во светот. Највисокиот дел на Холандија се наоѓа на 321 метар.

Холандија има морска клима со благи зими и умерени лета. Климата е под влијание на Северното Море кое цела година ја регулира. На север температурата е цела година малку пониска од температурата на југ. Крајбрежните, југозападните, западните и северните провинции во есенските и зимските месеци имаат поблага клима отколку источните и североисточните провинции. Во лето од прилика најтоплите предели се источниот дел од брабант и северниот дел од Лимбург. Просечно најстудениот месец во повеќето предели е Јануари, а најтоплиот месец е Јули. Во последниве години се зголеми просечната температура во Холандија.

Најсончеви делови во Холандија се западниот дел од Зеланд, и северозападниот дел од јужна Холандија. Со исклучок на островот тексел со 1600-1700 сончеви часови. Просечно 790 mm. дожд во годината.

Политички систем

[уреди | уреди извор]
Биненхоф, седиште на Горниот и Долниот дом

Кралството Холандија е држава со парламентарно уставна моранхија. Кралот е шеф на државата и ја претатсвува. Извршната власт ја има Советот на министри на Кралството Холандија кој е одговорен за другиот дом на работната влада. Преседателот и министерот го именуваат кралот. Државата е поделена на 12 провинции, а границите меѓу нив ги одредува парламентот. Извршниот орган на провинцијата е кралски советник. Судската власт ја сочинуваат Холандија, Аруб и Холандски Антили. Сите три дела се рамноправни. Избирачко право имаат холандски државјани постари од 18 години, а псивно постари од 21 година. Од 30 април 2013 г. на престолот е кралот Вилем-Александар, наследувајќи ја неговата мајка Беатриса која му го отстапила престолот. Престолот се наследува по женска и машка линија според наследниот ред. Холандија има дводелен парламент составен од Горен дом кој има 75 и Долен дом кој има 150 члена. Седиштето на парламентот е во Хаг. Законите мора да бидат усвоени од двата дома и мора да бидат прифатени од Кралот.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Холандија административно се дели на провинции и општини.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население и јазик

[уреди | уреди извор]

Со 484 жители на км2, Холандија е една од најгусто населените земји во светот. Во јуни 2006 Холандското населението беше 16.336.000, од кои половина живеат во најгусто населениот дел на државата.

Холанѓаните се едни од највисоките луѓе во светот, со просечна висина од 1,81 метри за мажи и 1,68 метри за жени.

Населението на Холандија вклучува членови од многу земји во светот. Холанѓаните сочинуваат 80,6 %. Повеќето имигранти доаѓаат од Германија (2,4%) и Белгија (0,7%), потоа од поранешните колонии Индонезија (2,4%) и Суринам (2%), и конечно Мароко (2%) и Турција (2, 2%).

 
Најголеми градови во Холандија
Бр. Покраина Нас. Бр. Покраина Нас.
Амстердам
Амстердам
Ротердам
Ротердам
1 Амстердам Северна Холандија 863,202 11 Апелдорн Гелдерланд 162,456 Хаг
Хаг
Утрехт
Утрехт
2 Ротердам Јужна Холандија 644,527 12 Харлем Северна Холандија 161,213
3 Хаг Јужна Холандија 537,988 13 Арнем Гелдерланд 159,277
4 Утрехт Утрехт 352,795 14 Енсхеде Оверајсел 158,961
5 Ајндховен Северен Брабант 231,469 15 Амерсфорт Утрехт 156,294
6 Гронинген Гронинген 231,354 16 Занстад Северна Холандија 155,799
7 Тилбург Северен Брабант 217,342 17 Хертогенбос Северен Брабант 154,231
8 Алмере Флеволанд 207,819 18 Харлемермер Северна Холандија 154,223
9 Бреда Северен Брабант 184,069 19 Зволе Оверајсел 127,492
10 Најмеген Гелдерланд 176,707 20 Зутермер Јужна Холандија 124,947

Култура во Холандија

[уреди | уреди извор]

Религија

[уреди | уреди извор]
Верници во Холандија
Католици
  
26,6 %
Протестанти
  
16,8 %
Православни
  
0,1 %
Муслимани
  
5,80 %
Евреи
  
0,2 %
Други
  
2,3 %
Нерегиозани
  
42,7 %

За време на реформацијата, Холандија станала анабаптистичка, менонитистичка и калвинистичка земја. Овие религиозни движења биле поттиснати од страна на Шпанците, кои ја поддржаа контрареформацијата. По независноста, Холандија го прифатила калвинизмот како државна религија, но се практикува верска сакале да го наметнат католицизмот. Католиците, кои доминирале во јужните провинции на земјата, не им било дозволено да ја проповедат својата религија отворено. Тие еманципирале за време на 19 век и XX век, преку пиларизацијата, со формирање на сопствените социјални заедници. Во XX век веќе започнал да опаѓа процентот на религиозните верници: повеќето од холандските евреи не го преживеале холокаустот, а во средината на XX век, голем број од протестантските и католичките верници ја напуштиле црквата. Бројот на исламски верници значително се зголемил, како резултат на имиграцијата. Како една од причините за намалувањето на бројот на верници се смета социјално-либералната политика кон абортусот, евтаназијата, проституцијата и бракот од ист пол. Од 2000 година постои зголемена свест на религијата, главно како резултат на муслиманскиот екстремизам.[4]

Денеска, најголемата религиозна организација е Римокатоличката, со 26.6% од вкупниот број на население, а помали се протестантската со 16.8%, муслиманската со околу 6% итн.

Музика во Холандија

[уреди | уреди извор]

Спорт во Холандија

[уреди | уреди извор]

Холандија како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Netherlands“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
  2. „2016 Human Development Report“ (PDF). United Nations Development Programme. 2016. Посетено на 21 March 2017.
  3. https://opendata.cbs.nl/statline/#/CBS/nl/dataset/37230ned/table?ts=1545312307138
  4. Knippenberg, Hans "The Changing Religious Landscape of Europe" edited by Knippenberg published by Het Spinhuis, Amsterdam 2005 ISBN 90-5589-248-3, pages 102-104
  5. Neutral Milk Hotel - In The Aeroplane Over The Sea (пристапено на 3.5.2017)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Земји кои го образуваат Бенелукс

Белгија | Луксембург | Холандија