Меза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Меза
Dinant Meuse R01.jpg
Меза во Динан
Земја  Франција,  Белгија,
 Холандија
Слив
Главен извор  Франција
409
Устие Холандс Дип
51°42′54″ СГШ 4°40′04″ ИГД / 
Гол. на сливот 34.548
Физички особености
Должина 925 единица?
Проток
  • Просечен:
    350

Меза или Мас (француски: Meuse, холандски: Maas, валонски: Mouze) — важна европска река што извира во Франција и тече низ Белгија и Холандија, па истекува во Северното Море. Има вкупна должина од 925 км и истек од 350 м³/с.[1]

Од 1301 г. горното течение на Меза приближно ја отцртувала границата на Светата Римска империја со Кралството Франција, откако барскиот војвода Анри III морал да го прими западниот дел на Грофовијата Бар како француско лено од рацете на кралот Филип IV. Границата ја одржала стабилноста сè до 1552, кога кралот Анри II ја припоил областа Три Епископии (Мец, Тул и Верден) и на друг наврат, кога војската на кралот Луј XIII го запоседнала војводството Лорена во 1633. Долниот белгиски (валонски) дел од т.н. „индустриска котлина“ е првата наполно индустријализирана област во континентална Европа.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Свиок на реката кај Монтерме, Франција
Меза во Намир, Белгија
Меза (Мас) во Мастрихт, Холандија

Меза извира во месноста Пуји ан Басињи, општина Ле Шатле на Меза на висорамнината Лангр во Франција, па продолжува на север низ Седан и Шарлевил Мезјер во Белгија.[3]

Кај градот Намир, во неа се влева реката Самбра. Потоа се извива накај исток, покрај Ардените и низ Лиеж, па врти на север. Во ова подрачје, реката сочинува дел од белгиско-холандската граница, освен кај Мастрихт, кајшто границата е позападно. Во Холандија продолжува на север низ Венло долж границата со Германија, па свртува на запад, каде тече напоредно со реката Вал и влегува во состав на пространа делта заедно со Шелда во јужниот Рајна во северниот дел. Близу Хезден реката е раздвоена на Афгедамде Мас на десно и Бергсе Мас на лево. Бергсе Мас продолжува под името Амер, како дел од Бисбос. Афгедамде Мас се влева во реката Вал кај Ваудрихем, и продолжува под името Бовен Мерведе до Хардинксвелд-Гисендам, каде се раздвојува на Ниве Мерведе и Бенден Мерведе. Недалеку од Лаге Звалуве, Ниве Мерведе се спојува со Амер, образувајќи го Холандс Дип, кој пак се раздвојува во Гревелинген и Харингвлит, за на крај да се влее во Северното Море.

Притоки[уреди | уреди извор]

Ова е список на главните притоки на Меза, подредени од долното кон горното течение:

Департмани, покраини и населени места[уреди | уреди извор]

Реката Меза тече низ следниве департмани, покраини и населени места во Франција, Белигја и Холандија:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Marcel de Wit, Robert Leander, Adri Buishand: Extreme discharges in the Meuse basin, стр. 2
  2. „Валонија: регион во Европа“. Министерство на регионот Валонија. http://sder.wallonie.be/ICEDD/CAP-atlasWallonie2006/pages/atlas.asp?txt=conWalEur. конс. 29 септември 2007 г.  (француски)
  3. SANDRE Fiche cours d'eau La Meuse (B---0000)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]