Вилијам I

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вилијам I од Англија
William the Conqueror
Guillaume le Conquérant
Bayeux Tapestry William.jpg
Војвода од Нормандија
Крал на Англија
На престол 25 декември 1066 – 9 септември 1087
Крунисување 25 декември 1066
Претходник Едгар Етелинг (некрунисан)
Харолд II
Наследник Вилијам II
Војвода од Нормандија
На престол 3 јули 1035 – 9 септември 1087
Претходник Роберт I
Наследник Роберт Куртоз
Сопружник Матилда од Фландрија
Деца
Роберт Куртхоз
Ричард, Војвода од Бернеј
Вилијам II
Сисилја од Нормандија
Аделиза
Агата од Нормандија
Констанс од Нормандија
Адела од Нормандија
Хенри I
Династија Норманска династија
Татко Роберт I
Мајка Херлева

Вилијам I од Англија (англиски: William I the Conqueror), познат и како Освојувач или Копиле, бил војвода на Нормандија (10351087) и крал на Англија (10661087). Како војвода од Нормандија, тој станал еден од најголемите феудални владетели во Франција.

Вилијам е познат по тоа што извршил инвазија во Англија. Претходно, со тронот на Англија управувал Едвард Исповедник (1042-1066), и тој не оставил наследник. Поради тоа, претензии кон тронот изјавиле три страни: Харалд III од Норвешка, кој имал крвно сродство со претходниот крал, Вилијам Освојувачот и Харолд II кој во практика владеел со Англија уште во времето на претходниот крал. Помеѓу трите страни започнало да се водат битки. Вилијам тврдел дека самиот Едвард го одредил да биде идниот крал. Херолд пак бил избран за крал по традиционален начин и крунисан во 1066 година. Вилијам тоа не го прифатил, па побарал подршка од папата за инвазија на Англија.

Кралот Харалд III од Норвешка во 1066 година ја нападнал северна Англија, и новоизбраниот крал немал време да ја мобилизира својата војска. Во битката кај Стемфорд бриџ, на 25 септември 1066 година бил убиен норвешкиот крал, а Викинзите биле принудени да се повлечат. Во меѓувреме, Вилијам собрал флота од околу 600 бродови и војска од околу 7.000 војници. Тој својата војска ја регрутирал не само од Нормандија, туку имал подршка и од Холандија и Германија. Така, во битката кај Хејстингс, на 14 октомври 1066 година, Норманите издвојувале голема победа, а самиот крал Харолд бил убиен.

По таа битка, Вилијам преку Кент се упатил кон Лондон. Кон крајот на октомври тој бил прогласен за нов крал, а на 25 декември официјално бил крунисан во Вестминстерската катедрала. Од тогаш, овој чин станал традиција за идните кралеви да бидат крунисувани во таа катедрала.

По стапувањето на тронот како Вилијам I од Англија, тој започнал со големи реформи во земјата. Тој спровел попис на населението и добрата, наредил да се изградат неколку тврдини, замоци, затвори. По негов налог била изградена и Лондонската кула. Норманскиот јазик станал официјален во земјата. Тој ја централизирал својата власт, голем број на имоти биле конфискувани. Главно поради тоа, голем број на Англо-саксонци емигрирале од земјата.

Вилијам I од Англија починал во 1087 година. Негов наследник бил Вилијам II.