Хенри VII

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хенри VII
Henry Tudor of England cropped.jpg
Портрет на Хенри VII
Крал на Англија
На престол 22 август 1485 – 21 април 1509
Крунисување 30 октомври 1485
Претходник Ричард III
Наследник Хенри VIII
Ерл од Ричмонд (спорен)
Претходник Едмунд Тјудор
Придружник Елизабета од Јорк (починала во февруари 1503)
Деца
Артур
Маргарита
Хенри VIII
Марија Тјудор
Династија Династија Тјудор
Татко Едмунд Тјудор, 1. ерл од Ричмонд
Мајка Маргарита Бофорт
Почивалиште Вестминстерска палата, Лондон[1]
Потпис

Хенри VII (28 јануари 1457 - 21 април 1509) — крал на Англија, Ирска (22 август 1485 - 21 април 1509). Роден е како Хенри Тјудор, и ја основал династијата на Тјудорите. Тој бил единствениот син на Едмунд Тјудор и Маргарeт Бофорт. Во 1486 година се оженил за Елизабета Јоршка од која имал четири деца: Артур, Хенри, Маргарита и Марија. Починал во 1509 година.

Хенри бил роден во дворецот Пемброук, во велшкото семејство Тјудори. Неговите родители биле наследници на династија Ланкастер. Неговиот татко, Едмонд Тјудор, починал 3 месеци пред Хенри да се роди. Кога престолот во Кралство Англија го превзела династијата Јорк на чело со Едвард IV од Англија, бил под закана да заврши во лондонската Кула како претедент на престолот, во 1461 година бил принуден да побегне во Бретанија заедно со неколку свои приврзаници каде се задржал до својата осумнаесетгодишна возраст.

По смртта на Хенри VI и неговиот син Едвард, тој станал главен кандидат од династија Ланкастер кој претендирал за англискиот престол. Во времето кога на престолот се наоѓал Ричард III, Хенри се обидел да го симне од власт со помош на Франсоа II, војвода од Бретанија но во тоа не успеал. Ричард III успеал да склучи договор со Франсоа па така тој бил присилен да побегне во Франција. Со помош на француската војска, тој тргнал кон втора инвазија во Англија. Тој успеал со армија од 5.000 војници да се префрли во Англија и да му нанесе тежок пораз на Ричард III, а на самото бојно поле бил убиен и кралот. По ова Хенри се прогласил за крал под името Хенри VII од Англија. Во 1486 година се оженил со ќерката на Едвард IV, Елизабета Јоршка. По ова голем дел од приврзаниците на династија Јорк преминале на страната на новиот крал. Овој настан го означил обединувањето на двете династии. Двете рози, белата и црвената биле споени во т.н. Тјудорска роза. Во историјата на Англија бил започнал нов период, познат како Тјудорски период.

По стабилизирање на неговата власт, тој започнал да води една многу лукава и итра политика. Тој се заложил да ги зацврсти англиските граници. По договорот со Шпанија, тој договорил брак на својот најстар син Артур со Катерина Арагонска. Маргарита ја омажил за шкотскиот крал Џејмс IV, а склучил сојуз и со светиот римски цар Максимилијан I како и со папата Инокентиј VIII.

Сојузот со Шпанија бил на стаклени нозе кога во 1502 година по само неколку месеци брак со шпанската инфанта Катерина Арагонска, починал неговиот син Артур, наследникот на престолот. Хенри VII, во обид да ја спаси својата врска со Шпанија, набрзо го жени својот помлад син наредниот англиски крал, Хенри VIII за Катерина Арагонска.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Weir, Alison. Henry VIII: King and Court. стр. 1.