Елизабета Јоршка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Елизабета Јоршка
Elizabeth of York from Kings and Queens of England.jpg
Кралица на Англија
На престол 18 јануари 1486 – 11 февруари 1503
Крунисување 25 ноември 1487
Сопружник Хенри VII
Деца
Артур
Маргарита
Хенри VIII
Елизабета Тјудор
Марија Тјудор
Едмунд Тјудор
Едвард Тјудор
Катерина Тјудор
Династија Династија Јорк (по раѓање)
Династија Тјудор (по брак)
Татко Едвард IV
Мајка Елизабета Вудвил
Почивалиште Вестминстерска катедрала

Елизабета (11 февруари 146611 февруари 1503) — англиска кралица, ќерка на англискиот крал Едвард IV, сестра на Едвард V, роднина на Ричард III, сопруга на Хенри VII и мајка на Хенри VIII.

Рани години[уреди | уреди извор]

Елизабета е родена во Вестминстер, како прво дете на англискиот крал Едвард IV и неговата сопруга Елизабета Вудвил. Во 1475 година, и било понудено брак со францускиот престолонаследник, но истата понуда била одбиена од страна на францускиот крал Луј XI. По смртта на нејзиниот татко, на престолот се качил нејзиниот брат Едвард V. Но бидејќи не бил полнолетен, таа функција ја извршувал војводата од Глостер, Ричард, подоцна Ричард III. Ричард на младиот крал го однел во Лондонската кула, кралска резиденција каде монарсите живееле до моментот кога тие биле крунисувани. Во исто време, во Лондонската кула бил однесен и братот Ричард. Но наместо двајцата браќа да бидат спремани за англискиот престол, нивниот чичко Ричард наредил двајцата браќа да бидат затворени во Лондонската кула, по кое наредил на парламентот бракот помеѓу Едвард IV и Елизабета Вудвил да се прогласи за незаконски, наводно поради кое што Едвард бил оженет во времето кога стапил во брак со Елизабета. По ова, Ричард бил крунисан за нов крал на Англија, а двајцата млади принцови не биле видени повеќе никогаш.

Од друга страна пак, Елизабета исто така била цел на династичките конфликти. Во тоа време имало дискусии да Ричард се ожени за Елизабета веднаш откако неговата сопруга почине. Сепак, овој план не успеал. По ова, Елизабета била омажена за идниот Хенри VII.

Брак[уреди | уреди извор]

Хенри успеал да го симне од власт на Ричард III на 22 август 1485 година, станувајќи крал на Англија како Хенри VII. Како најстара ќерка на Едвард IV, кој немал преживеани браќа, Елизабета поседувала директно право на престолот, но тое не се случило. Иако првично не бил подготвен да го одржи своето ветување[1], Хенри VII ја признал потребата од брак со Елизабета за да се осигури стабилноста на неговото владеење. Хенри за крал бил крунисан на 30 октомври 1485 година, пред да биде склучен неговиот брак.

Хенри VII ги признал децата на Едвард IV, а со тоа го признал Едвард V како неговиот претходник. Свадбената церемонија се одржала на 18 јануари 1486, во Вестминстерската катедрала. Нивниот прв син Артур се родил на 20 септември 1486 година. ​​Елизабета била крунисана за кралица на 25 ноември 1487 година. По нејзиното крунисување, таа родила уште шест деца, но само четири го преживеале детството: Артур, Маргарита, Хенри и Марија.

И покрај тоа што бракот претставувал политички договор, подоцна тој се покажал како успешен и двајцата партнери со текот на времето се засакале еден со друг[2]. Елизабета не покажала поголема политичка влијание како кралицата и главно живеела во голема мера мирен живот заедно со своите деца. На 14 ноември 1501 година нејзиниот син Артур, кој имал 15 години, стапил во брак со Катерина Арагонска, ќерка на арагонскиот крал Фердинанд II и Изабела I Кастилјска, но во април 1502 година починал Артур, па таа била омажена за нејзиниот друг син, идниот Хенри VIII.

Елизабета на 2 февруари 1503 година родила ќерка, но таа починала по неколку денови. Поради добивање на инфекција, таа починала на 11 февруари. Самиот Хенри бил скршен од загубата. Според еден извор, тој заминал на некое пусто место и несакал никој да му се приближи долго време"[3].

Потомство[уреди | уреди извор]

Од тој брак се родиле осум деца.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Williamson, Audrey. The Mysteries of the Princes.
  2. Arlene Okerlund: Elizabeth of York (2009), pp. 99–118, 185–186, 203–204; Williams (1977), p. 143.
  3. Ambrosius, Lloyd E. (2004). Writing Biography: Historians & Their Craft. U of Nebraska Press. стр. 65–. ISBN 0-8032-1066-3. https://books.google.com/books?id=N3x7HSOpIG0C&pg=PA65. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Елизабета Јоршка
Помлада гранка на Династија Плантагенет
Роден(а): 11 февруари 1466 Починал(а): 11 февруари 1503
Незаземено
Title last held by
Ана Невил
Кралица на Англија
Кралица на Ирска

18 јануари 1486 – 11 февруари 1503
Незаземено
Следен носител на титулата
Катерина Арагонска