Артур Тјудор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Артур
Принц од Велс
Почивалиште
СопружникКатерина Арагонска
ДинастијаДинастија Тјудори
ТаткоХенри VII
МајкаЕлизабета Јоршка

Артур Тјудор (19/20 септември 14862 април 1502) — прв син на англискиот крал Хенри VII и Елизабета Јоршка.

Како највозрасен син на кралот, тој се родил еден месец порано од предвиденото. По неговото раѓање, тој ја добил титулата принц од Велс, и од тој момент и неговите наследници ја имале истата титула, односно титулата го означувала идниот монарх на Англија. Хенри самиот себеси се сметал дека води директно потекло од античките британски кралеви, па така на својот првенец му го дал името Артур, според легендарниот Крал Артур. Се смета дека Артур, главно поради нередовното му раѓање, цел живот бил слаб и болестлив за разлика од неговиот помлад брат Хенри.

По зазимањето на власта од страна на Хенри VII, тој сакал да ја прошири својата унија со шпанското кралство, па така договорил брак помеѓу ќерката на Фернандо II Арагонски и Изабела I Кастиљска, Катерина Арагонска. Во 1499 година кралот Хенри наредил да се погубат сите претенденти за англискиот престол.

Артур и Катерина еден на друг си пишувале на латински јазик, бидејќи и двете страни не го познавале јазикот на другиот. Артур освен латински, знаел грчки јазик. Бракот помеѓу Артур и Катерина не бил склучен сè додека Артур не наполнил 15 години. Катерина во Англија пристигнала на 4 ноември, а венчавката била одржана десет дена подоцна. Принцот и принцезата од Велс живееле во дворецот Лудлов, каде Артур требал да претседава со велшкиот совет. По само неколку месеци, Артур и Катерина се разболиле. Принцезата преживеела, но не и престолонаследникот. Така, на 2 април 1502 година Катерина останала вдовица. Се смета дека Артур починал од туберкулоза или дијабетис.

По смртта на Артур и веста дека Катерина не забременила од него, позицијата на престолонаследникот односно принцот од Велс се пренасочила кон неговиот брат Хенри, кој по смртта на својот татко станал крал на Англија. Хенри се оженил со вдовицата на својот брат Катерина.