Хенри I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хенри I
Henry1.jpg
На престол 2 август 1100 – 1 декември 1135 (&1000000000000003500000035 години и &10000000000000121000000121 дена)
britain 5 август 1100
Претходник Вилијам II
Наследник Стефан (де факто)
Матилда (де јуре)
Војвода од Нормандија
На престол 1106 – 1 декември 1135
Претходник Роберт Куртхос
Наследник Стефан
Придружник Матилда Шкотска
1100 - 1118
Аделиза
1121 - 1135
Деца
Кралица Матилда
Вилијам Аделин
Династија Норманска династија
Татко Вилијам I
Мајка Матилда од Фландрија

Хенри I (англиски: Henry I) бил најмладиот син на Вилијам I. На англискиот трон се качил во 1100 година, и владеел до 1135 година. Бидејќи не оставил машки наследник, својата ќерка Матилда ја прогласил за иден владетел на земјата.

Хенри I бил роден во 1068 или 1069 година. Неговата мајка, Матилда од Фландрија потекнувала од потомството на саксонскиот крал Алфред Велики. Бидејќи бил најмлад од сите синови, тој очекувал дека ќе биде поставен за епископ, па главно поради тоа стекнал големо образование. Пред да почине, Вилијам I ги распоредил дел од своиите имоти на своите деца. Тоа била причината да се создаде конфликт помеѓу нив. Најголемиот син, Роберт, ја добил Нормандија, Вилијам ја добил Англија, а Хенри добил 5.000 фунти злато. Незадоволен од тоа, Хенри ги оставил своите браќа најпрвин да стапат во конфликт. Но, браќата на Хенри пронашле договор според кој доколку еден од нив двајца почине, тогаш другиот да ги зазеде неговите имоти, односно да ги обедини Англија и Нормандија.

Кога на 2 август 1100 година бил убиен Вилијам II од стрела, Роберт III од Нормандија се враќал од Првата крстоносна војна. Тој немал голема популарност помеѓу населението во Нормандија. Користејќи ја неговата неприсутност, Хенри од страна на населението бил прифатен како нов крал на Англија. На 5 август 1100 година бил прогласен за крал во Вестминстерската катедрала. Тој се оженил за Матилда од Шкотска, која била ќерка на шкотскиот крал Малколм III. Таа всушност била правнука на Едмунд II, па со тој брак на некој начин била склопена англиската и норманската линија. Но тоа најмногу им пречело на норманските семејства од една страна, а од друга пак Англо-саксонските семејства започнале да изразуваат симпатии кон новиот крал, за разлика од неговиот татко.

По пристигнувањето на Роберт во Нормандија, тој во 1101 година се обидел да изврши инвазија врз Англија. Сепак тој во тоа не успеал, па така според договорот од Алтон, Роберт го признал Хенри како крал на Англија, а во спротива му била дадена Нормандија и парична надомест. Во 1105 година кралот Хенри сепак се одлучил директно да се пресмета со својот брат, па така извршил инвазија врз Нормандија. Одлучувачката битка помеѓу нив се случила на 28 септември 1106 година. Двете страни не биле сосема спремни за водење на битката. Во битката Роберт видел дека ги губи своите позиции, па се обидел да побегне, но неуспешно. По победата, Роберт бил затворен. Во еден момент Роберт се обидел да побегне од затворот во Кардиф, но повторно неуспешно. По ова, Хенри наредил да му се извадат очите, за да не може повторно да се обиде на таков чекор. Така, Хенри ја зазел Нормандија под управа на Кралство Англија.

Хенри во Нормандија ја венчал својата ќерка Матилда за најстариот син на Анжу Фулк V, Готфрид Плантагенет. Малку подоцна, ова довело до соединување на двете кралства под Династија Плантагенет.

Во 1135 година, Хенри заминал за Нормандија во посета на својата ќерка. Хенри ги наговорил норманските роднини да ја прифатат Матилда како своја кралица по неговата смрт. Но кога тој починал, нов крал на Англија станал Стивен, чија мајка била Адела, ќерка на Вилијам I. По ова, помеѓу него и Матилда се развила граѓанска војна, кој траел до 1153 година, кога било решено да синот на Матилда биде новиот крал на Англија.

Наводи[уреди]