1153
Грешка во Lua во Модул:Year_in_various_calendars, ред 877: assign to undeclared variable 'addtext' 1153 (MCLIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1153 година од новата ера, 153. од вториот милениум, 53. од XII век и четвртта од 1150-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6661 и 6662 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5903 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4913 и 4914 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1906.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1153 година се протега во 3789 и 3790, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3849 и 3850 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1696. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 547 и 548 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]Родени
[уреди | уреди извор]Починале
[уреди | уреди извор]
- Ана Комнина (1 декември 1083 ) - византиска принцеза и научник. Најстара ќерка на византискиот цар Алексиј I Комнин и на царицата Ирина. Таа ја напиша Алексијадата, посветена на владеењето на нејзиниот татко. Ова дело ја прави да биде една од првите жени историчари во западниот свет.
| „1153“ на Ризницата ? |