Стефан (крал на Англија)
Стефан | |
---|---|
Крал на Англија (Прво владеењеmore...) | |
На престол | 22 декември 1135 – април 1141 (5 години) |
Крунисување | 26 декември 1135 |
Претходник | Хенри I |
Наследник | Матилда |
Крал на Англија (Второ владеење; more...) | |
На престол | ноември 1141 – 25 октомври 1154 |
Претходник | Матилда |
Наследник | Хенри II |
Почивалиште | Kent |
Сопруга | Матилда |
Деца | Евстахиј IV Вилијам I Марија I |
Династија | Династија Блоа |
Татко | Стефан II Блоа |
Мајка | Адела |
Стефан (англиски: Stephen of England) (1096 — 25 октомври 1154) бил крал на Англија во периодот од 1135 до 1154 година. Тој бил последниот крал на Англија од Норманската династија. На кралскиот престол се качил во 1135 година.
Татко на Стефан бил Стефан II Блоа, а мајка му бил Адела, ќерка на Вилијам I. По смртта на Хенри I, наместо да на англискиот престол застане неговата ќерка Матилда, за нов крал бил прогласен Стефан. Малку пред неговата смрт, тој абдицирал во корист на својот роднина Хенри II, син на Матилда.
Крал на Англија
[уреди | уреди извор]По смртта на Хенри I во 1135 година, голем број од бароните се заколниле дека ќе ја поддржат Матилда да биде идната кралица на Англија. Сепак, по смртта на Хенри, Стефан Блоа го изразил своето право на престолот бидејќи по мајчина линија, тој бил внук на Вилијам Освојувачот. Исто така тој тврдел дека Хенри го променил своето мислење непосредно пред неговата смрт, и да Стефан го именувал за негов наследник. Кога тој бил крунисан за крал, тој ја добил поголемата поддршка од страна на бароните и од самиот папа Инокентиј II. Првата година од неговото владеење се одликува со стабилност во земјата, но од 1139 година започнала граѓанска војна.
Граѓанска војна
[уреди | уреди извор]Граѓанската војна во Англија била предизвикана од страна на Матилда и нејзините приврзаници. Во Битката кај Линколн, на 2 февруари 1141 година Стефан бил заробен и однесен во Бристол. Тој бил разменет со еден од најзначајните команданти на Матилда. По ова, тој повторно се вратил на престолот.
Во 1142 година, под опсада бил ставен градот Оксфорд, но од опсадата Матилда успеала да побегне. Синот на Матилда, идниот Хенри II успеал со својата војска да навлезе во Англија. Сепак, на двапати тој бил поразен и оставен без пари за продолжување на битките.
Стефан бил принуден да пронајде компромис со Матилда. Според последниот договор, синот на Матилда, Хенри II, по смртта на Стефан ќе стане новиот крал.
|
|