Бургундски Ниски Земји

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бургундски Ниски Земји — периодот кога Војводството Бургундија имала врховенство врз Ниските Земји вклучувајќи го и Луксембург и делови од северна Франција, во периодот од 1384 до 1530 година.

Добар дел (но не и најголем) од овие територии биле наследени од страна на бургундските војводи, кои водат потекло од француската кралска династија Валоа во 1384 година, по смртта на фландрискиот владетел Луј II. Неговата наследничка, Маргарета III била омажена за Филип II Храбриот (1342-1404), најмладиот син на Јован II Добриот и на тој начин започнало нивното владеење на овие простори. Териториите на Бургундија биле проширени, опфаќајќи го Намир во 1421 година, Брабант и Лимбург во 1430 година, грофовиите Ено, Холандија и Зеланд во 1432, Војводство Луксембург во 1441 и војводството Гелдерн во 1473. Ерата на династија Валоа траела до 1477 година, кога починал Шарл на бојното поле и не оставил никакви наследници. Бургундија била вратена на француската круна, а Ниските Земји пак од Бургундија биле дадени на Хабсбуршката монархија.[1]


Наводи[уреди | уреди извор]