Бреда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бреда, Холандија
Град и Општина
Големата Црква во Бреда
Знаме на Бреда, Холандија
Знаме
Грб на Бреда, Холандија
Грб
Означената местоположба на Бреда на општинската карта на Северен Брабант
Местоположбата во Северен Брабант
Координати: 51°35′ СГШ 4°47′ ИГД / 
Држава Холандија
Покраина Северен Брабант
Управа[1]
 • Орган Општински совет
 • Градоначалник Паул Депла (PvdA)
Површина[2]
 • Општина 128,68 km2 (4,968 sq mi)
 • Земјишна 126,04 km2 (4,866 sq mi)
 • Вода 2,64 km2 (102 sq mi)
Надм. вис.[3] 3 m (10 ft)
Население (Municipality, мај 2014; Urban and Metro, мај 2014)[4][4][5][5][6]
 • Општина 180.420
 • Густина 1.431/km2 (3,710/sq mi)
 • Градскo 180.420
 • Метро 324.812
 • Метрополитанска област 553.706
 • Брабант ЦСМО 1.932.055
Демоним Bredanaar, Bredaër
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Поштенски број 4800–4841, 4847, 4850–4854
Обласен код 076
Мреж. место breda.nl

Бреда (холандски изговор: [breːˈdaː]  ( слушни)) е општина и град во јужниот дел на Холандија. добиенa од зборовите Brede Aa ("широк Aa" или "широка АА ') и се однесува на сливот на реките Марк и Аа. Како утврден град, градот е од стратешко воено и политичко значење. Бројот на население во Бреда во 2014 година изнесувал 180,420, градското подрачје, но со околината до 324,812 жители.

Историја[уреди | уреди извор]

Поврзано: Хронологија на Бреда
Демографија низ историјата
ГодинаНас.год. ±%
14374.870—    
14966.025+0.36 %
16409.500+0.32 %
174011.000+0.15 %
17958.250−0.52 %
Извор: Lourens & Lucassen 1997, стр. 40–41

Бреда била утврден град од стратешко значење за Холандија. Во 11ти век била директен феуд на царевите на Светото римско царство. Бреда во 1327 година е продадена на Јан III, војводата од Брабант. Повторната преродба била во 1350година од страна на Јан од Васенар. Наследницата на таа лоза се омажила во 1403 година за Егелберт од Насау. Од тогаш Бреда останала во сопственост на фамилијата од Насау. Подоцна првите владетел на Холандија, Вилем I Орански ја добил Бреда како сопствен посед.

Градот Бреда во 1252 ја доби повелбата на градот. После тоа имала право да ги изгради своите утврдувања со ѕидови од тули и врати. Во текот на 15 век, дошло до брзо проширување на урбан просперитет. Била изградена голема готска црква со висока кула 97 метри. Анри III од Насау-Бреда изградил многу посилни утврдувања отколку претходно умерените. Таа станала силна основа во оваа линија на тврдини во Холандија. Во исто време, Бреда станала кралски град, кој привлекувал многу благородници кои изградиле големи куќа за живеење во стариот дел на градот. Најимпресивната палата била изградена од страна на италијанскиот архитект Томас де Винзор од Болоња. Тоа била палата во стилот на ренесансата од северот од Алпите.Таа станала место каде што престојувале првите холандски принцови. Бреда во 1534 е многу уништена од големиот пожар, кога огнот уништил околу 1300 куќи, цркви и капели заедно со градското собрание. По пожарот имало само 150 куќи и главната црква.

За време на Осумдесетогодишната војна Бреда била завземена од Шпанците во 1581 година. Но, уште еднаш потоа била освоена од Морис Насау во 1590 година. Тогаш 68 војници успеале скришно да влезат во градот, скриени под товарот во мал брод. Шпанците по десет месеци опсада во 1625 година повторно ја освојуваат Бреда. Предавањето на Бреда била овековечена од страна на шпанскиот сликар Диего Веласкес. Бреда повторно по четири месечната опсада се вратилаа на холанѓаните во 1637 година под команда на Фредерик Хендрик од Орање. По Вестфалскиот мир во 1648 година Бреда конечно станала составен дел на Холандија.

Економија[уреди | уреди извор]

Добро дојде за полските војници во Бреда 1944г.

Економска активност во Бреда во главно била индустриска, а денес главни активности се трговијата и бизнисот. Исто така била центар на прехрамбена индустрија и производство на пијалоци . Има многу компании кои се познати во западна Европа, а тоа се Ван Мел по производство на гуми за жвакање, Ментос, Квата по чоколади, Де Фам по ликери и други. Во Бреда се наоѓала најголемата пивара во Холандија, која била затворена во 2004.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Градот Бреда има многу историски згради, а големиот плоштад (Groote Markt), е централна точка на градот. Во негова близина се наоѓаат бројни кафулиња, ресторани како и старата градска сала (Oude Stadthuis) , Обединетата црква (Grote Onze Lieve Vrouwekerk) и градскиот замок од 17 век.

Транспорт[уреди | уреди извор]

Возови[уреди | уреди извор]

Бреда има две железнички станици, Бреда и Бреда-Принсенбек, обезбедување на врски со Јужна-Холандија (Дордрехт - Ротердам - Хаг) и Тилбург - Ајндховен, и од станица Бреда, исто така, до Росендал со поврзување на Висинген и Антверпен. Покрај тоа, исто така, возови главно северно од Бреда се упатуваат до Амстердам, и на исток до Ден Бос - Нијмеген

Патишта[уреди | уреди извор]

На A16 автопатот е на север кон Ротердам и кон југ, до белгиската граница до Антверпен. На A27 автопатот е, исто така, на север; Таа се поврзува со Утрехт. Исто така, А58 ја поврзува Бреда со Тилбург и Ајндховен.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на збратимени градови во Холандија

Бреда е збратимена со:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „de heer P.A.C.M. van der Velden“ (на dutch). Gemeente Breda. http://www.breda.nl/gemeente/college-commissieleden/de-heer-pacm-van-der-velden. посет. 12 април 2014 г. 
  2. „Kerncijfers wijken en buurten“ (на холандски). CBS Statline. Централна статистичка служба. 2 јули 2013. http://statline.cbs.nl. посет. 12 март 2014 г. 
  3. „Postcodetool for 4811DJ“ (на dutch). Actueel Hoogtebestand Nederland. Het Waterschapshuis. http://www.ahn.nl/postcodetool. посет. 15 април 2014 г. 
  4. 4,0 4,1 „Bevolkingsontwikkeling; regio per maand“ (на холандски). CBS Statline. Централна статистичка служба. 26 јуни 2014. http://statline.cbs.nl/StatWeb/publication/?DM=SLNL&PA=37230NED&D1=17-18&D2=101-650&D3=l&LA=EN&HDR=T&STB=G1,G2&VW=T. посет. 24 јули 2014 г. 
  5. 5,0 5,1 „Bevolkingsontwikkeling; regio per maand“ (на холандски). CBS Statline. Централна статистичка служба. 26 јуни 2014. http://statline.cbs.nl/StatWeb/publication/?DM=SLNL&PA=37230ned&D1=17&D2=57-100&D3=l&LA=EN&HDR=G2&STB=G1,T&VW=T. посет. 24 јули 2014 г. 
  6. De grenzeloze regio“, Sdu uitgevers, 2007. „Het BBP van BrabantStad ligt op 14.7% van het nationale BBP. In de regio liggen Philips, de Technische Universiteit Eindhoven, de Universiteit Tilburg en de HAS Den Bosch. De regio heeft 1.4 miljoen inwoners. Er is veel R&D, ICT, automotive, logistiek en agribusiness.“
  7. „Wrocław Official Website – Partnership Cities of Wrocław“. Flag of the United Kingdom.svg Flag of Germany.svg Flag of France.svg Flag of Poland.svg (in English, German, French and Polish) © 2007 Wrocław Municipality. http://www.wroclaw.pl/p/964/. посет. 23 октомври 2008 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]