Фудбалска репрезентација на Советскиот Сојуз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
 СССР
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и) Црвена Армија
Сојуз Фудбалска федерација на Советскиот Сојуз
Најмногу натпревари Олег Блохин (112)
Најдобар стрелец Олег Блохин (42)
Домашен стадион Централен стадион Ленин (по 1956)
Стадион Динамо (пред 1956)
Стадион Воровски (пред 1928)
ФИФА код URS
Домашни бои
Гостински бои
Прв меѓународен натпревар
 СССР 3–0 Турција 
(Москва, Советски Сојуз; 16 ноември 1924)
Последен интернационален натпревар

 Кипар 0–3 СССР 
(Ларнака, Кипар; 13 ноември 1991)
Најголема победа
 СССР 11–1 Индија 
(Москва, Советски Сојуз; 16 септември 1955)
 Финска 0–10 СССР 
(Хелсинки, Финска; 15 август 1957)
Најлош пораз
 Англија 5–0 СССР 
(Лондон, Англија; 22 октомври 1958)
Светско првенство
Учества 7 (Првпат во 1958)
Најдобар резултат 4-то место, 1966
Европско Фудбалско Првенство
Учества 6 (Првпат во во 1960)
Најдобар резултат Шампион, во 1960

Фудбалска репрезентација на Советскиот Сојуз (руски: сбо́рная Сове́тского Сою́за по футбо́лу, sbornaya Sovyetskogo Soyuza po futbolu) — национален фудбалски тим на Советскиот Сојуз.

По распадот на Советскиот Сојуз тимот ја претставувал Заедницата на независни држави (формално име за екипата која што го претставувала непостоечкиот Советски Сојуз). ФИФА ја смета фудбалската репрезентација на Заедницата на независни држави (потоа фудбалска репрезентација на Русија) како наследник на Советскиот Сојуз и сите негови резултати.[1] Сепак, голем процент од играчите на некогашниот национален тим доаѓале надвор од Руската СФСР, главно од Украинската ССР, и по распадот на СССР, некои играчи од поранешната Украинска ССР како што е Андреј Канчелскис продолжиле да играат во новоформираниот руски национален тим.

Советскиот Сојуз само два пати не успеал да се квалификува на Светските првенства, во 1974 и 1978 година, а учествувал на вкупно седум завршни турнири. Најдобар резултат на Светските првенства за СССР било освојувањето на четвртото место во 1966, кога во полуфиналето изгубиле со резултат 2:1 од Западна Германија. Советскиот Сојуз пет пати учествувал на Европските првенства, а го освоиле во 1960 година кога во финалето ја совладале репрезентацијата на Југославија со резултат 2:1. Го освоиле второто место во три наврати (1964, 1972 и 1988) и еднаш завршиле на четвртото место (1968), каде што по нерешениот натпревар со Италија во полуфиналето, по фрлање на паричка биле испратени да одиграат меч за трето место (каде што изгубиле од Англија). Репрезентацијата на СССР исто така освоила и два златни медали на Летните олимписки игри (1956 и 1988 година) како и три бронзени медали (во 1972, 1976 и 1980)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Меѓународен фудбал

ФИФА | Светско првентсво | Куп на конфедерации | У-20 Светско првенство | У-17 Светско првенство | Летни олимписки игри | Азиски игри | Сеафрикански игри | Панамерикански игри | Островски игри | Светско рангирање | Играч на годината | Екипи | Кодови

     Азија: АФЦАзиски купУ-22У-19У-16У-14
     Африка: ЦАФАфрикански куп на нациите
     Северна Америка: КОНКАКАФЗлатен куп
     Јужна Америка: КОНМЕБОЛКопа Америка
     Океанија: ОФЦКуп на нациите
     Ервопа: УЕФАЕвропско првенство
     Вон-ФИФА: НФ-БордВИВА светски куп
World Map FIFA.svg